(Вон)земјанинот Ли / (Extra)terrestrial Lee

  • Креатор на темата Креатор на темата FeliXxX
  • Време на започнување Време на започнување
Да, тие 30% невработени паднаа и еве ги ... стануваат .......... уште малку ....

Не - сите полудеа, заборавија да се бричат, шишаат, тушираат, омилена тема за дискусија им станаа вонземјаните, на секој можен начин се фалат колку се интелегентни и тн...

Ти мислиш дека тие 30% невработени се нон-стоп невработени и скитници? „30%“ претставува процент на луѓе кои се невработени, а не е одредена врста на луѓе кои НОН-СТОП се невработени. Тие што биле невработени денес, утре можеби се вработени и обратно. Така се формираат тие 30% кои ти ги спомнуваш. Не дека сите одлучиле да го поминат животот во дрндање за вонземјани, својата надчовечка интелегенција и вината на институциите. Ако тебе ти е интересен баткава, океј, разбирам. Мене ми е искрено жал и велам дека треба да се згрижи. Но, не како соработник на Стивен Хокинг, туку на малку поинакво место...
 
Ако беше толку умен, зошто едноставно не засукаше ракави, па да се фатеше за работа, па да си го среди животот?
Или, премногу е интелегентен (нешто што постојано го потенцира) за да да го направи тоа? Ама не, барањето на помош и обвинувањето на институциите е секогаш полесно...

Или, други луѓе не паднале и станале после тоа?

http://star.vest.com.mk/default.asp?id=161783&idg=9&idb=2567&rubrika=Makedonija
брате читај за негоа тоа дека знае повеке светски јазици знам јас сум од штип и имам зборувано со него и спелувањето му иде совршено кога спелува или пишува зборови ,на линкот погоре има дел од историјата .
Во врска со вонземјанското потекло сеуште незнаеме дали го прави за да го насоче вниманието на другите кон него или пак тенка е границата помегу генијалноста и лудоста. Сеуште не се знае и се надеваме дека со филмот ке видеме нешто повеке за него , зошто ги носи наочарите и дење и ноке и во филмот има дел во кој кажува "Човек без верба е како куќа без прозори." одејки накај црква ке ја постирам и сликата а човекот се изјаснува како атеист значи и ни кажува дека е вонземјанец а верува во господ ??
18726_504864086213530_1762333742_n.jpg
 
Да, тие 30% невработени паднаа и еве ги ... стануваат .......... уште малку ....


Невработените немаат ни благе везе со овој. Може слаткоречиво ви изгледа, ама дечкото/човекот не е арен психички... и тоа е тоа
 
Многу умен делува според текстов што го прочитав... Пази:
- Му понудиле работа, ама он ја одбил затоа што „не сакал да го смени изгледот и облеката макар и да гладува“;
- Го одбиле за социјална помош зошто нема никакви документи, ама он нема никаква намера да извади лична карта;
- Од друга страна, бара кров над глава од државата;
- Никаде не прочитав како мака мачел барајќи работа, работејќи било што, утовар-истовар, обработувајќи нешто... Како и секој нормален човек кој мака мачи со егзистенција, нели...

Ги има сите одлики за генијалец. Сака да има пари, а не и да работи... Греота е човекот, не викам не. Ама и инает е, кој очигледно си го одбрал овој стил на живот.

Мики Ли е подеднакво интелектуалец колку и овој тип. А претпоставувам дека исто говори и странски јазици:

 


A никој не кажува дека кога питачи бара по 1000 денари или 50 евра... Мислам хелоу, потценувачки звучи, како да се подебава со тебе, па и да сакаш да му дадеш нешто ситно... едноставно не ти се дава
 
si go fura filmot barem....od strana mozat samo da zborat...ali on si e sloboden covek....
 
A никој не кажува дека кога питачи бара по 1000 денари или 50 евра... Мислам хелоу, потценувачки звучи, како да се подебава со тебе, па и да сакаш да му дадеш нешто ситно... едноставно не ти се дава

штипјанец си знам ако толку мислеш дека е така како шо збореш за Мики Ли утре сретни се со него снимај со мобилниот или камера и питај го неколку прашања за филмот или најчестите прашања кои се поставувани од форумџиите ....и најважно од се за питачењето питај
 
Му се пореметил хард дискот па сега бара простор во Бардовци или Демир хисар
 
Овој Потер Мицевски уште од мал е забеган по Хари Потер... што доволно зборува каков ум има. Па и на ФДУ :facepalm:
На времето си црташе лузна на челото во вид на молња :facepalm:
 
(Вон)земјанинот Ли / (Extra)terrestrial Lee ќе ја доживее својата премиера на 10ти декември во Кино Фросина, МКЦ - Скопје и штипска премиера на 21ви декември во Мултимедијалниот центар на УГД како off програма на УГД Сцена.
 
http://www.youtube.com/watch?v=FvbfHVOWD3c

Сите шо мислат дека е исмеан, бујрум на проекција следна кога ќе има. Може и јавна дискусија да се отворе, не е фрка :)

Како и да е поздравувам ве сите.
 
Може од негде да се најде филмов ? Торент ,јутуб било што некој сајт >?
 
Може од негде да се најде филмов ? Торент ,јутуб било што некој сајт >?
Па не... моментално не. Кога ќе можам да го ставам онлајн ќе го постирам одма. Мислам дека ќе има наскоро проекција на ФДУ уште една... или на Македокс евентуално :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom