Волонтерска работа

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Dali ste ZA ili PROTIV volonterska rabota, i dali nekogas ste rabotele VOLONTERSKI???
 
moTaro

Буљаш
Член од
17 ноември 2005
Мислења
1.476
Поени од реакции
11
Против, легална кражба на потрошен труд
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Ја одамна решив да не работам додека не ми платат... Плати па клати!!!
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
2.128
Поени од реакции
41
Колку и да изгледа експлоататорски, волонтирањето понекојпат е единствен начин за млад, професионално неформиран човек да стекне искуство и референци. Во поразвиените земји го прават тоа дури само и за референци, како би имале што да стават во CV-то.

Јас самиот сум работел волонтерски и тоа година и пол - што затоа што не сакав да ме врзуваат со работно место (сеуште студирав), што затоа што ми беа многу интересни проектите, а ми беше дозволено и да одам по курсеви и семинари.
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.211
Поени од реакции
34.455
Земаше пари додека работеше волонтерски?
 
SeaGull

Walter
Член од
17 мај 2005
Мислења
763
Поени од реакции
9
Jas licno sum rabotel volonterski, dosta odamna, i toa pretezno po nekoi organizacii za mladi, itn itn, i nekoi drugi, ama toa ne e uopste bitno.

A, zosto da ne, imam prilika da gledam kako mladi tukusto diplomirani kadri volontiraat po firmite so nadez deka za nekolku meseci ke mozat da bidat redovno vraboteni vo istite. I, tuka nema nisto sporno. Ne znam ni sto e celta na temava.
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
2.128
Поени од реакции
41
Acid напиша:
Земаше пари додека работеше волонтерски?
Не. Ми исплатија еднократен хонорар еднаш колку месечна плата, ама тоа беше тоа.
 
sinook

Rock 'n' Roll
Член од
26 февруари 2005
Мислења
218
Поени од реакции
2
Волонтерска работа,хмм,да бев некаде во некоја културна земја,да имав неброено богатство и да не знаев како да го трошам времето,да,би влонтирал,но тука на "брдовитиот" Балкан,тоа е фикција...ние не сме толку хумани како британците,американците,французите,па да волонтираме за искуство и ради мирна совест.Затвореникот кога ќе го уапсат.мирно ќе ја преспие вечерта...Овде кај нас би клекнале и под маса само за да имаат со што да го пополнат CV-то.Изгледа од такви волонтери ми е чист градов,па тоа средени паркови,расади од дрвца,па корпи насекаде,па клупи,здрави се разбира..па,па,па..Волонтерство?:pov: :icon_roll :icon_eek:
 
Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Работев (изминативе) 3 месеци без плата за да го добијам новото работно место. Всушност, тие 3 месеци се рачунаат како обука, единствен надомест ми беше исплатуван за превоз и хранарина. Но, вредеше и сега несмеам да се пожалам.
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Мистичен напиша:

За жал ти си еден од ретките осамени примери на исплатливо волонтирање. До сега сум волонтирал и за ич пари, на свој трошок и превоз и хранарина и длабоко се кајам заради тоа. Во нашава држава волонтирањето не се цени како во држави каде постои бизнис традиција, заправо таму и никој не треба да волонтира зашто се си е вреднувано според одредени норми и се функционира со однапред точно утврдени критериуми кои се почитуваат. Волонтирањето вирее во земји како нашава, кога некои „газди” не знаат како да се огребат од потенцијални „овци”, па се вадат на волонтирање, глупост жива. Според сите можни критериуми, тој што волонтира колку и да не е искусен и обучен, дава извесен придонес во крајниот профит на компанијата, така да многу е дебилно да не му биде исплатен надомест за тоа.

Ако на пример, треба да волонтирам некаде 2, 3 или повеќе месеци, тогаш значи дека јас во таа компанија инвестирам труд кој нема да ми биде платен, туку тие пари и остануваат на компанијата.Е сега, ако инвестирам, тогаш по логиката на нештата треба да имам и партнерски однос со основачот на компанијата, а ако сум партнер, тогаш треба да ми припадне и дел од профитот....може и ќе ми припадне, -како викаа?...шија му га Ѓура!:raz::lud:

Да не се занесуваме со волонтирање, барем кај нас во поголемиот дел случаи постои само заради тоа да некому одработите без пари за некое време.Обично, таквите „волонтерски” места некокгаш може и веднаш да се приметат, па на време да се реагира со престанок на ангажманот.-Доколку приметите за една позиција повеќе души да волонтираат, тогаш знајте дека тука „смрди” нешто, освен ако не е договорено да има тест-период во конкуренција со други лица заради квалитативна селекција.Исто, доколку се примети дека работодавецот настапува кон вас со големи ветувања за блескава кариера, а спомнува вололонтирање на почетокот под многу лоши услови, бегајте подалеку.
За жал, исто и многу често неможе да се открие дека е во прашање типична измама, па се наседнува на приказни од типот добра плата и поозиција после волонтерскиот приод кој, патем речено никако да заврши и слично. Ама како што народот вели, гладна кокошка просо сонува, така да луѓе дозволуваат да бидат измамени со цел да дојдат до работно место што толку многу им значи.
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
sinook напиша:
Волонтерска работа,хмм,да бев некаде во некоја културна земја,да имав неброено богатство и да не знаев како да го трошам времето,да,би влонтирал,но тука на "брдовитиот" Балкан,тоа е фикција...ние не сме толку хумани како британците,американците,французите,па да волонтираме за искуство и ради мирна совест.Затвореникот кога ќе го уапсат.мирно ќе ја преспие вечерта...Овде кај нас би клекнале и под маса само за да имаат со што да го пополнат CV-то.Изгледа од такви волонтери ми е чист градов,па тоа средени паркови,расади од дрвца,па корпи насекаде,па клупи,здрави се разбира..па,па,па..Волонтерство?:pov: :icon_roll :icon_eek:
А што правиш ти во форумов да те прашам? Не е ова волонтерство? Ај размисли малку, па кажи ми.
 
Член од
7 април 2005
Мислења
174
Поени од реакции
0
Во муабетов се мешаат две работи. Волонтирање како работен ангажман без пари :) и волонтирање како „хуманитарен“ чин, на пример одиш на акција на чистење на ѓубре на Водно.

И двете ги има и тука и на „Запад“, ама се различни работи.
 
Член од
24 април 2005
Мислења
124
Поени од реакции
13
волонтирам у детска онколошка клиника веќе скоро година и пол. го правам тоа зошто сакам - и мислам дека никогаш нема да прекинам. не би зела пари за тоа дури ни да ми даваат - тие пари можат многу подобро да се искористат за децата таму.
 
123

Член од
20 април 2005
Мислења
2.156
Поени од реакции
8
LisaRowe напиша:
волонтирам у детска онколошка клиника веќе скоро година и пол. го правам тоа зошто сакам - и мислам дека никогаш нема да прекинам. не би зела пари за тоа дури ни да ми даваат - тие пари можат многу подобро да се искористат за децата таму.
Браво, а работиш нешто?
 
Член од
24 април 2005
Мислења
124
Поени од реакции
13
моментално не. работев во видеотека до пред летото, летото работев во детски камп. сега студирам
 
Kajgana Shop

На врв Bottom