Возраста и одлуката за религиозна определба

Дали е потребна возрасна граница, за носење на одлука да се припаѓа кон било која религија?

  • Да, потребно е

    Гласови: 37 75,5%
  • Не, тоа е непотребно

    Гласови: 12 24,5%

  • Вкупно гласачи
    49

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Од една страна тврдиш дека семејството и околината се виновни за индоктринацијата, од друга страна не треба да се чуваат децата во карантин, што едно со друго е контрадикторно и во судир од разбирливи причини - ако се во допир нема начин да не се изложени на нивното влијание.

Ти само го констатираш влијанието, а не нудиш начин за негово надминување, има огромна разлика. Размисли.

Батали, се вртиме во круг и искрено заморно ми е веќе.
Не се сите семејства идентични, некој не ги замараат децата со религија, додека други ги индоктринираат од најмали нозе. Пример за тоа се двата видео клипови кој ги посочив како пример во воведниот пост од темава. Мислам дека тука нема ништо нејасно, уште помалку контрадикторно околу мојот став кон тоа што е проблемот.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
А каде јас реков дека детето требало да остане "под стаклено ѕвоно" без воопшто да падне "под штетно влијание" на околината или родителите?
Кој чита селективно и вади поенти од контекст?
Еве што имав кажано во врска со тоа:

Ако ова не е конкретно и применливо решение, тогаш што е?
Тешко е да се изолира религиската конфесионална припадност од детето, географијата тука има најголема улога, слично како некое дете родено во источна Африка кое би било подложно на лишманијаза, некое во Индонезија на маларија а некое во Гватемала ќе биде повеќе подложно на туберколозната бактерија, цревни паразити или слабокрвност, така и некое дете родено во Македонија ќе биде декларирано како македонски православен христијанин, суни муслиман или било која од конфесиите кои виреат на ова поднебје.

It`s preventable but not without major shift in perception of the majority.
Or without Khmer Rouge. They had the instant cure. Too bad it killed the patient as well...
 
Заврши ги големите работи додека се мали, тешките додека се лесни; зашто сите работи, колку и да се големи и тешки имаат почеток кога се мали и лесни.
Така, мудриот човек исполнува најголеми задачи не преземајќи нешто значајно. ;)
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Заврши ги големите работи додека се мали, тешките додека се лесни; зашто сите работи, колку и да се големи и тешки имаат почеток кога се мали и лесни.
Така, мудриот човек исполнува најголеми задачи не преземајќи нешто значајно. ;)
Indeed...
Превенцијата секогаш носи најдобри резултати.
Со сушењето на големи мочуришни површини, примери има во источна Македонија, бил уништен хабитатот на маларичниот комарец кој сеел страв и ужас со генерации, а со подобрените хигиенски, санитарни и стамбени услови посебно во времето на социјализмот, туберколозата која била страв и трепет, колективна параноја и со генерации и генерации убивала понекого во скоро секое семејство во денешно време е многу ретка појава.

Како да се елиминира хабитатот на религиската конфесија, кој мислам може да се лоцира во чувството на припадност на поединецот кон поголема заедница?
--- надополнето: 19 март 2012 во 22:49 ---
Од една страна тврдиш дека семејството и околината се виновни за индоктринацијата, од друга страна не треба да се чуваат децата во карантин, што едно со друго е контрадикторно и во судир од разбирливи причини - ако се во допир нема начин да не се изложени на нивното влијание.

Ти само го констатираш влијанието, а не нудиш начин за негово надминување, има огромна разлика. Размисли.

Батали, се вртиме во круг и искрено заморно ми е веќе.
Ако констатираното влијание е негативно (пример гледаш дека детето има сипаници or something) не би било добронамерно да се направи нешто околу тоа?
Но ако сипаниците се дел од идентификацијата на родителот, проблемот е во тоа што не ги гледа како проблем :D туку се доживува како дел од некаква поголема група (сипаничари!?).
И така, малку по малку кај детето се создава чувство на благодарност за имањето сипаници при што се споредува со други групи...“барем имам сипаници а не како оние другите, бљак, жолтичарите“...
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Како да се елиминира хабитатот на религиската конфесија, кој мислам може да се лоцира во чувството на припадност на поединецот кон поголема заедница?
За почеток може да се стави на исто ниво како и политиката и сексот: 18+
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
За почеток може да се стави на исто ниво како и политиката и сексот: 18+
Тоа не е компатибилно со прекрасниот систем на претставничка демократија каде мора да се почитуваат сечии замислени другарчиња, “духовни“ и секуларни со цел да постои поголема кохезија во стадото овци кое може да се утеши дека не го стрижат само поединецот туку сите ја делат истата мака...

Имаше нешто во Франција со забрани за носење религиозни симболи ама тоа ја допира само површината...
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Тоа не е компатибилно со прекрасниот систем на претставничка демократија каде мора да се почитуваат сечии замислени другарчиња, “духовни“ и секуларни со цел да постои поголема кохезија во стадото овци кое може да се утеши дека не го стрижат само поединецот туку сите ја делат истата мака...

Имаше нешто во Франција со забрани за носење религиозни симболи ама тоа ја допира само површината...
Ако доволен број од популацијата има волја да воведе вакво нешто во општеството, тогаш воопшто не е неизводливо.
Потребна е само иницијатива и разбирање на проблемот.
Зарем небеа малолетници учесниците во нападите пред некоја недела? Ако тоа не е доволен показател за карактерот на влијанијата позади кој стои религиски и националистички причинител, тогаш што треба да биде?
 
n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Мене ми е нејасен ставот, кој овде не е директно посочен, ама е суптилно индициран, дека, што знам: религиозната определба, етничката припадност, бојата на чевлите, фарбата на косата или што и да е, е главен виновник за сите зла на светов.

Епа изгледа не ќе да е така.... кога некој сака да се оправда себеси, чинејќи некакво зло на другите, ќе си бара изговор во, како што некој претходно посочи, различностите: де некој поинаку верувал, де некој зборувал друг јазик, де имал друга идеологија.... до бескрај...
Можеби проблемот е во самите луѓе?!
Или поединечно, во некои луѓе?!

Еднаш претходно спомнав (и тука потполно се сложувам со Mnemozina), дека кога човек стане доволно самосвесен, слободен е да гради, надградува, урива и повторно гради врз вредностите кои му ги пренеле родителите.... и мислам дека не може да биде поинаку....
Формалната забрана, веројатно, би резултирала со „диктатура“ во спротивен правец...

Поздрав.
 
Тоа е доволен показател, дури и третолигашки би рекол, во споредба со некои други места, Руанда, Босна, Судан...но и покрај милиони и милиони мртви сето тоа не допира до свеста сеуште.
Тешко би се дошло до таков tipping point кај населението бидејќи тоа би значело откажување од масовниот идентитет и соочување со потребата за градење на индивидуален идентитет на кој не би можел човекот да се повика како оправдување за сопствената ирационалност.
Освен тоа тука се и интересите на “поголемите“ играчи на сцената и зад неа.
--- надополнето: 20 март 2012 во 01:47 ---
Мене ми е нејасен ставот, кој овде не е директно посочен, ама е суптилно индициран, дека, што знам: религиозната определба, етничката припадност, бојата на чевлите, фарбата на косата или што и да е, е главен виновник за сите зла на светов.

Епа изгледа не ќе да е така.... кога некој сака да се оправда себеси, чинејќи некакво зло на другите, ќе си бара изговор во, како што некој претходно посочи, различностите: де некој поинаку верувал, де некој зборувал друг јазик, де имал друга идеологија.... до бескрај...
Можеби проблемот е во самите луѓе?!
Или поединечно, во некои луѓе?!

Еднаш претходно спомнав (и тука потполно се сложувам со Mnemozina), дека кога човек стане доволно самосвесен, слободен е да гради, надградува, урива и повторно гради врз вредностите кои му ги пренеле родителите.... и мислам дека не може да биде поинаку....
Формалната забрана, веројатно, би резултирала со „диктатура“ во спротивен правец...

Поздрав.
Моментот кога некој ќе те мобилизира и ќе те прати на фронт поради фарбата на косата е моментот кога ќе можеш да правиш такви споредби. Или кога поради навивање за Ман Јунајтед семејството ќе се откаже од тебе поради тоа што ќе стапиш во брак со некој кој е за Ман Сити.
Мене не ми е јасна потребата да се споредуваат настинка и ебола и со тоа да се релативизира еболата како болест но што е тука е...:)
Исто така давање апсолутни вредности како класичен одбрамбен механизам ( цитирам - главен виновник за сите зла на светов) не ми е јасно, ако е нешто виновно за милиони мртви тоа секако не значи дека е виновно за сите зла, но е виновно за многу зла по светот а добрата страна сеуште не е јасна...
Дотогаш остануваат религиската конфесија и националната припадност како механизми преку кои поради нечии интереси светот е претворен во масовна индустријализирана кланица на човечки битија.
 
n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Моментот кога некој ќе те мобилизира и ќе те прати на фронт поради фарбата на косата е моментот кога ќе можеш да правиш такви споредби. Или кога поради навивање за Ман Сити семејството ќе се откаже од тебе поради тоа што ќе стапиш во брак со некој кој е за Ман Сити.
Мене не ми е јасна потребата да се споредуваат настинка и ебола и со тоа да се релативизира еболата како болест но што е тука е...:)
Дотогаш остануваат религиската конфесија и националната припадност како механизми преку кои поради нечии интереси светот е претворен во масовна индустријализирана кланица на човечки битија.
Ами никој не може да ме мобилизир насила...
- претпоставувам дека во вториот случај сакаше да речеш „Ман Јунајтед“, но сеедно... и без опишаните разлики, може да постојат други: фарбата на косата, конфекцискиот број, бројот на обувки, кабелскиот оператор, омилениот кајакарски клуб, омилениот рецепт за кафе, како и омилениот ликовен уметник, кои би можеле да претставуваат „значајна“ разлика заради која „семејството би се откажало од тебе“... ама, да не забегуваме премногу во хипотетички ситуации....

И да... секоја генерализација е лоша ;)
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Ами никој не може да ме мобилизир насила...
- претпоставувам дека во вториот случај сакаше да речеш „Ман Јунајтед“, но сеедно... и без опишаните разлики, може да постојат други: фарбата на косата, конфекцискиот број, бројот на обувки, кабелскиот оператор, омилениот кајакарски клуб, омилениот рецепт за кафе, како и омилениот ликовен уметник, кои би можеле да претставуваат „значајна“ разлика заради која „семејството би се откажало од тебе“... ама, да не забегуваме премногу во хипотетички ситуации....

И да... секоја генерализација е лоша ;)
United it is...:)
Луѓето не се идентификуваат со број на обувки или конфекциски број, барем не во таа мера да го стават сопствениот живот како залог или пак да создадат група која ќе се идентификува со тоа како нешто од животно значење.
Никој не може да убеди никого дека групата која се фарба црно им копа гроб на оние кои се фабраат плави, дека им крадат историја, дека им ги сквернават гробовите на предците, дека им спремаат свети војни, дека имаат план да ги истребат...

Но со некои видови на групи (најчесто во игра се замислени целини со замислени вредности) и тоа како е можно да мобилизираш десетици милиони луѓе да се убиваат меѓу себе со години или децении. It has been the 20th century trademark.
 
Откај знаеш?!
Ако ти не си подготвен да убиваш заради различна боја/фарба на коса, можеби некој друг е?!
И дали тоа треба да значи осудување на сите што си ја фарбаат косата?! ;)

"United we stand, divided we fall" :)
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Кажав дека човекот постигнува духовна зрелост само до духовен пубертет,ретки се оние кој го поминале пубертетот.
Бидејќи самата споредба ти кажува ако го надминат пубертетот ќе бидат способни духовно да се размножуваат,без телесен допир.
Иако смета дека зборот "размножување" е погрешен,но толку дозволуваат човечките зборови да го доближат значењето.
Во принцип тоа е обликување на духот според оној кој зачнал во вас со зборови,правила и закони.
Тоа е она значење кое вика дека со малку квасец ќе нарасне тестото.

Ќе може да бидеш по конкретен за второт прашање.
Ќе се разминеме во поимот "богатство"
Богатство за секој човек се неговите деца,а ништо поразличен не е и духовниот.;)
Хмм претпоставувам дека ти го имаш поминато пубертетот, оти нели си земаш за право да дадеш одлики на пубертетска духовна зрелост, и онаа после неа.

Алф нели сметаш дека овој пристап кон духовна зрелост и духовни придобивки е еден вид лузерски пристап во овој материјален свет?

Нели е тоа бегање од несупехот во материјалниот свет кој е очигледен и кој го восприемаме со нашите сетила?
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Алф нели сметаш дека овој пристап кон духовна зрелост и духовни придобивки е еден вид лузерски пристап во овој материјален свет?
Miki1976,
Дали можеш да му речеш на телесно возрасен човек дека е лузерски тоа што пораснал ,а не останал телесно дете?
Телесниот раст на човекот не зависи од самиот него тој и да сака не може да го занемари или стопира своето тело да не расте.
Исто е и со духовното,и да сакаш неможеш ништо да направиш,едноставно мораш да бидеш тоа што си.
Телсното и духовното се поставени обратно,како едното расте другото се намалува и обратно.Како го губиш осетот за материјалниот свет така расте духовниот.;)

Нели е тоа бегање од несупехот во материјалниот свет кој е очигледен и кој го восприемаме со нашите сетила?
Во тој случај и телесното созревање и растење е бегање од духовниот.

Miki1976,
Единствен трговец кој става на вага што добива,а што губи е оној кој е од овој свет.:)
 
B

Black Guard

Гостин
Ами никој не може да ме мобилизир насила...
А знаеш ли која е втората опција која се смета за "деловна" при мобилизацијата-метак!!!

Ние сме традиционално општество и кај Македонците и кај МАЛЦИНСТВАТА(пардон ет. заедници) уште од мали нозе децата ги учат да веруваат во господ и сега ќерата гаго научи петтооделенка за гравитација и ми вика оти господ ја напрајл?! гравитацијата на месечината помала од земјината??

Велам не е до господ работата и детево да каже дома...иии после ме прогласија за сатанист,крвопиец аждаја...

OCCUPY VATICAN:vozbud: .
 
Kajgana Shop

На врв Bottom