Јас не можам да разберам.
Сите викате: децата возеле без возачка, со помалце од 18, краделе коли итн, итн, итн.
Па имаат ли тие деца родители? Зашто јас и уште многу други не ја украле колата?
Имав другарче што ќе загинеше на 15-16 години со кола, не дека возачката ќе му помогнеше, туку зашто сакаше 100ка да вози во маалски улици. И јас имав сообраќајка на 16 години, мислам не возев јас но бев во колата, возачот беше исто толку години, не беше прашање искуство и незнаење, беа во прашање годините и алкохолот.
Како една возачка на пубертетлијата ќе помогне за побезбеден сообраќај?
"Во 2010 година имало 12.424 прекршоци 'управување со моторно возило без возачка дозвола'.
Кај била сообраќајната полиција да ги спречи овие прекршоци? Кај нас е полесно да се лечи отколку да се спречи. Слично како и законот за после 11 часот, наместо да се зголеми контролата и секој да се плаши дека може да биде застанат, кај нас возат оние со најмногу врски во полицијата или со пари а тие најчесто се и најголемите предизвикувачи на прекршоци.
Туку, кога веќе се носат вакви закони, не би било лошо да се донесе и некој за жена возач