Eisenhorn
Lord Inquisitor
- Член од
- 6 мај 2009
- Мислења
- 4.091
- Поени од реакции
- 9.386
Модерен кога е направен но брзо застарел плус како што велиш времето на торпедни авиони веќе завршувало. Инаку процесот на воведување на замената т.е. Grumman TBF Avenger веќе била во тек.Но како ова летало ќе се покаже во реални услови на војна?
одговорот на тоа прашање ќе биде језив. Имено за девастаторите се врзува еден од најкатастрофалните напади во историјата на поморската авијација ако не и најлош. 45 авиони полетале од два носачи со цел да ја торпедираат јапанската флота во почетните мигови на битката за Мидвеј. Патролните јапански Зеро и ПВО-то на бродовите уништиле 39 авиони при што само шест од нив се вратиле на појдовниот носач.
Како тоа да овој модерен торпедњак заврши така неславно а одамна застарениот, двокрилен и смешен Сордфиш да направи спектакуларна кариера?
Интересно да се примети дека авиоторпедата биле со помала должина од нивните бродски еквиваленти со цел да бидат полесни и подвижни од стандардните. Сепак имале исто боево полнење и висока брзина, но нивниот домет бил смешен така да торпедњакот за да има шанси за погодок морал да лета ниско се до некои 500-600 метра од целта што го правело лесна цел за ПВО.
Девастатор можел да носи едно торпедо до 1000кг а за одбрана имал двоен митралез Браунинг М.19.
Прегледај го приврзокот 433480
\
Сордфишот имал среќа што бил употребуван во специфични ситуации како тотално изненедување на усидрената Италијанска флота или нападот на Бизмарк кој немал ловечка подршка.