Овде еден работодавач ми кажа дека профили на социјални мрежи даваат многу информации за карактер на човек. Вика ако профилот ти е јавен, ретко кој работодавач не би сакал да провери. Јас знам а ме примат некаде одма некоја заменик директорка или шеф на мое одделение, обавезно добивам request. Не оти те сакаат, ами оти се интересираат каков човек си, што ти се допаѓа, што споделуваш и сл. Не се ич да не ги сфатиш озбилно.
Ако на некого којшто следи да речеме 1450 луѓе скоро половина се инфлуенсерки, модели за долна облека или бетер категорија, знаеш што да очекуваш. Не за друго, здрава индивидуа има повеќе интереси, пример и страници за спорт и за митологија и за историја и актуелни вести, филмови и сајтови поврзани со твоја струка, па и по некоја глумица модел и тн.
Здрава индивидуа не става физикус на спротивен пол или добиено внимание од истиот за истото како главна цел на постоење, особено ако е во врска.
Една позната, пред години ми кажуваше, од бубици во кола до другар на негово работно место, до следење телефон опремена е комплет.
Ѝ викам сестро, зашто си во брак со него ако толку не му веруваш што нејќеш ни да разговараш за ова отворено со него? Седни си кажи си ова и ова не ми дава доверба, има ли начин да си го спасиме муабетот. Не значи дека сум во право, ама од тебе сакам да чујам аргумент. Има? Има. Ако директно користи defense психологија и не сака ни да те сослуша, биди ми поздравен, значи дури и да не мати нешто, толку му е гајле за муабетот ваш и за како ти се осеќаш. Живи луѓе сме, не секогаш мотивација ни е таван и однесување ни е по прирачник (сѐ додека не се екстреми во прашање). Што е таа енергија и пари трошење на глупости? Емпатија малку. Тебе да ти се направи убаво ќе ти е?
Јас на пример, немам ни screen lock на телефонот, толку сум безопасна, без да знам и да отвори да види нема од што да се плашам, ама не сакам да ми се чепка по лични работи. Од трето одделение сум таква, без да ми се каже збор кога ми чепкале по кутијата за моливи ме фаќала језа. Ама затоа и јас обавезно прашувам, може ли ова да го искористам, може ли ова да го видам. Така сме воспитани, ни на мајка ми, татко ми не сме чепкале по лични работи без прашање.