Првиот пат не те цитирав кога се излизга со коментар, те цитираа неколкумина па темата замина во лични препирки - а не требаше.Ајде да разјасниме и да сумираме некои работи.
...
Освен тоа, Очајна спомна поназад, жена разведена во тие години би погледнала млад мажјак без семејство само ради секс, ниедна не сонува да му изнароди деца на уште некој. .
Но, исто и тука промаши поента. Им замеруваш на машки дека не сакаат девојки / жени со „багаж“ (деца), а истовремено велиш ниедна не сонува да му изнароди деца на уште некој - за на крај да заклучиш дека сепак се работи за емоции.
Свесна си каков автогол си даваш? Сам себе убио муабетот.
1. Ако се работи за емоции (а кај вас жените или се работи за емоции или за интерес - за жал кај некои мажи исто ова второто е пресудно) тогаш зошто некоја да не му изнароди и на некој помлад од неа уште неколку деца?
Доста и се тие од првиот брак, па некој треба да ја сака затоа што нема да го перцепира како рамноправен партнер со кој сака да изгради иднина + да му подари сопствено (негово потомство) дете? Треба да го осудиме некој што е помлад или само како што викаш ти постар, поискусен, макар сингал или разведен АМА не мора деца да му раѓа. Навистина?
2. Не си единствена со вакво размислување, напротив. Бидејќи секојдневие е многу растурени бракови, знам пар жени кои некои во помлади некои во постари години родиле и се разведиле. Истиот мајндсет. Имам јас маж шо ми е најбитен во животот (тука мисли на син и) уште еден не ми треба да му го берам гајлето ИЛИ ако ме сака сосе дете арно, ако не ме сака кој го врти, пошто и онака не мислам повеќе да раѓам.
Наместо да ја чукнат таа лејката и додека детето или децата се мали да се скрасат со некој подомаќин па тоа дете или деца да живеат во здрава средина со двајца родители. Џабе да разглобаме колку тоа влијае во правилниот развој на едно дете и колку всушност семејството е основата за голем дел од личниот развој на единката.
Така да, наместо да потрошеше време да се расправаш со неколку членови па да стигните до лични препирки требаше да напишиш ве генерализирам мажите исто колку шо не генерализирате вие нас жените заради: лична исфрустрираност, недоволна емоционална интелегенција, пропусти во воспитување, едноставно пошто ве мрзам, феминист сум до коска, не сакам да сум објективна итн. итн. итн. ... или едноставно да речеше, абе кој ве врти ќе биди по мое или никако.
Полегитимно е и ќе ти тежеше муабетот, вака... самоубиство од заседа.
@Хоуп кај те немаше брате по темиве, па уште дојде нецели 2 недели на форумот и кога стига да се истопориш дека си мод, да се испокараш, да затвориш па да отвориш тема во ист ден. Жени, ако ве нема ќе треба да ве измислиме за да е поинтересно инаку ќе цркниме од досада (а и реално нема да има кој да не нервира).
@JBTgirl ко и стално, пристојна во реплики, не оди адхоминем и горе-долу најконструктивни дискусии води во машко-женските препирки.
@Луси исто, иако никогаш не пиши лектири како нас, туку кратко коментира ама концизно и со поента.
Савиор и Игец, со неш јебат менталитет браќа пичка НЕ гледате!
Бадијала книги, коучи, видеа, цитати. Првата со која ќе седните на муабет, ако не е екстремно глупа од самопочит ќе си стани и замине со изговор дека „ја боли косата“.
@joli1 Имаш батуле 2 опции:
1. Ликови како Очајната и тоа доктурката или ги ставаш на игнор; или пак
2. Им ги скокаш постовите и не ги читаш.
Заштедува на време и ментално здравје.
Инаку, темата одлична. Се сведува на тоа колку е човек изживеан. Како и за се' во животот така и за социјалните мрежи, доколку прошол доволно и бракот му е од љубов, ниту ќе бара внимание (макар и на интернет), ниту пак истото ќе го дава на небитни особи.
Секако дека има поента темава, со социјалните медиуми мнозинството мисли дека некој/а личност е многу заинтересирана за нив лично, пошто X/Y што го имаат по дома е недоволно совршен.
Уствари, од другата страна на екранот стои исто толкаво, ако не и поголемо, говедо или коза од тоа што го имаме по дома- само што повеќе би верувале во илузијата дека ние кој знае колку вредиме и кој знае колку пропуштаме отколку да засукаме ракави и да работиме дома на проблемите кои би ни искрснале во бракот / врската.
ЕДИТ:
@Sussaro, да не те заборавам, се кладиме во кафана дека еден ден сепак ќе извадиш книга? Потајно и го посакуваш и сосема е легитимно. За голем дел од работите си во право, за одреден исто добар процент може здраво да се дебатира и да се оди во длабочина за проблемите во машко-женските односи.
Последно уредено: