Влијанието на Форумот

  • Креатор на темата smexy
  • Време на започнување
S

smexy

Гостин
Во последно време читам стари постови на сегашни членови
и се разбира се приметува огромна промена во нивните ставови, начини на изразување
самото држење, да речеме тонот и уште неколку работи.

Се разбира, човекот е битие кое постојано мутира, морфира и се менува дали по потреба или непожелно под надворешно влијание и тоа никаде нема да го оспорам.

Она што ме заинтересира е насоката во која се движи таа промена.
Се обложувам дека 90% од форумските ликови низ годиниве константно мутираа и се менуваа , но интересно е тоа што изгледа како да сите се качуваат по една иста планина
само по различен врв.

Со мали разлики во патчињата низ кои проаѓаат, сепак очигледно е дека хиерархијата која се има
создадено на форумот, веројатно сама по себе, има еден единствен врв.

Што е тоа на форумот што така влијае врз самата персона која го чита?
Зошто скоро кај сите се јавуваат истите симптоми иако не ги читаат сите истите подфоруми, ниту пак имаат различни сфаќања и верувања?
Дали е општо мнение или индивидуално?

Ваква тема не знам дали има, мислам дека немам видено а можеби се водела слична дискусија како оф-топик на друга тема.

Јас како OP можеби треба да дадам некои одговори, или пак можеби мои размислувања за тоа што води кон архетипниот форумски лик денес, ама еве патоказот е тој, симптомите за кои зборувам мислам дека многумина ќе ги препознаат...иии go I guess.
 
Член од
10 февруари 2011
Мислења
894
Поени од реакции
398
Ја од коа сум на кајгана се имам променено многу !! пред се на културен начин ! оти цело време пишуам мислења туку и треба да биде културен а ако не бидеш културен ке го јадеш банот !! :):D
 
A

Auditore

Гостин
Одлична тема, и да влијанието на форумов е огромно.
Сега да почнам да ги читам моите први постови ќе се смеам, ако продолжам да читам или било кој да ми ги чита ќе се зачуди колко се имам сменето и подборено, барем според мене, форумов за мене досега има само позитивно влијание затоа и е дел од моето секојдневие, навика без која неможам.
 
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058
Ја од коа сум на кајгана се имам променено многу !! пред се на културен начин ! оти цело време пишуам мислења туку и треба да биде културен а ако не бидеш културен ке го јадеш банот !! :):D
Да! И јас! И! Начинот! На! Пишување! Го! С!м!е!н!и!в!

Мора! да! сме! кулутурни! ... зар! не!?!
 
Член од
10 февруари 2011
Мислења
894
Поени од реакции
398
Да! И јас! И! Начинот! На! Пишување! Го! С!м!е!н!и!в!

Мора! да! сме! кулутурни! ... зар! не!?!
Добро сеа пред да станам член на кајгана бар повеке пцовки употребуев !! а сега ... :D
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
порано бев со друг јузернејм потпишан, (NikolaRjk) и сеа незнам колку се сеќаваат на мене ("постарите" членови) и тоа е малку лошо. Иако немам многу илјадници мислења бидејќи коментирам на теми за кои навистина имам изградено став или имам искуство.
Морав да се градам пак одново.. како нов лик на кајгана.
инаку.. да, од кога првпат се регистрирав на форумов имам прочитано 9349234234 мислења, на 3934394 теми, и да не сакаш тебе ти се проширува погледот :)
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
А браво ова тема е топ мислам дека навремето имаше рејтинг со пет звездички пак да ги има јас би ги одбрал сите пет.

Поздрав Кајгано каде и да си шо би рекол Ефтов.
--- надополнето: Aug 29, 2011 3:37 PM ---
А браво ова тема е топ мислам дека навремето имаше рејтинг со пет звездички пак да ги има јас би ги одбрал сите пет.

Поздрав Кајгано каде и да си шо би рекол Ефтов.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Поради форумов и поради братучед ми почнав дас учам Веб дизајн, и сега добивам некои чудни идеи несвојствени за мене, посебно една идеја држете ме не знам што да правам :icon_lol:.
 

Ninjazelka

Фејкер
Член од
12 август 2011
Мислења
102
Поени од реакции
33
јас сум на форумот веќе 1 месец и се има сменето сега сум покултурна и пишувам убаво пазам на ракопоисни грешки пошто јас кога читав и ако има некој грешка се збунував и ми требаат 1-2 минути за да разберам што е
 
T

Tetro

Гостин
пазам на ракопоисни грешки пошто јас кога читав и ако има некој грешка се збунував и ми требаат 1-2 минути за да разберам што е
Само процедурално, ако смеам.
Ми требаа цели 36 секунди додека ти го прочитам мислењето 2 пати и да сфатам што сакаше да кажеш. :)

За времето колку што сум тука, нешто повеќе од четири години, нормално е да ако нешто користиш скоро секојдневно, да има влијание врз тебе.
Е сега, уште да спомнам ова. Квалитетот на дискусија опадна, за сметка на квантитетот најверојатно.
 
Член од
13 мај 2009
Мислења
687
Поени од реакции
283
Член сум на форумот веќе две години. Но неактивен член. Само ги читав темите и ги разгледував мислења но не знам зошто никогаш не пишував одговори во темите. Стилот на пишување си е тој што јас го имам самиот градено, но не на форумот. Во последно време ми стана навика да го користам и за некое мислење да напишам но не знам колку им се допаѓам на другите членови со своите постови. :)
 
Член од
12 август 2010
Мислења
2.890
Поени од реакции
906
јас сум на форумот веќе 1 месец и се има сменето сега сум покултурна и пишувам убаво пазам на ракопоисни грешки пошто јас кога читав и ако има некој грешка се збунував и ми требаат 1-2 минути за да разберам што е
Во наше село со голема буква се започнуе пишаното..Иначе убаво што пазиш на печатни грешки али и точка,запирка,извичник некаде да ставиш нема да се лутиме.
 
M

Moon Child

Гостин
Нормално дека ставовите ќе се изменат со тек на време, читаме туѓи искуства врз кои градиме нови ставови, ни се проширува видикот и се надоградуваме себеси. Што би било кога за некои работи цврсто стоиме на нашиот став и не го променуваме истиот иако и самите сме до некаде свесни дека е погрешен и и пркоси на реалноста? Тогаш ќе останеме ограничени, нема да сакаме да ги прошируваме видиците и да се надоградуваме себеси. Нормално дека неможеме секогаш да се согласиме со толпата, но убаво е да прочиташ нечие искуство врз кое понатаму ќе размислуваш и ќе донесуваш било какви одлуки. :)
 
S

smexy

Гостин
Некако го избегнувате делов

Со мали разлики во патчињата низ кои проаѓаат, сепак очигледно е дека хиерархијата која се има
создадено на форумот, веројатно сама по себе, има еден единствен врв.
;)
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Форумот нема врска со процесот на обликување на ставот. Човек расне и созрева сам по себе, само што овде читате и сами гледате како еволуира тоа. А дека форумов обликувал некого тоа тешко.
Инаку многу епик муабет ми овој за покултурно изразување. Поутната поента, здравје.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom