Gorco
WEHADAHFUKDOWAHNODAT
- Член од
- 29 април 2005
- Мислења
- 556
- Поени од реакции
- 35
Валтер Швимер, поранешен генерален секретар на Советот на Европа, кој во март 2004 година препорача се што е македонско да се нарекува "словенско", вчера дојде во Скопје, но не за да им се извини на граѓаните на Македонија, туку како надворешен советник на премиерот Владо Бучковски. Швимер, за хонорар чија висина се чува во тајност, ќе го советува македонскиот премиер за Европската Унија и за промоција на земјава пред австриската бизнис-заедница.
Првиот совет на Швимер за македонската влада е да го сфати многу сериозно она што е напишано во мислењето на Европската комисија и да продолжи со борба против невработеноста, сиромаштијата и корупцијата.
Австриецот Швимер на прашањето која земја, која влада и кој народ ќе го советува, одговори: "Република Македонија, без двоумење".
Швимер, како Генерален секретар на Советот на Европа, на 2 март 2004 издаде интерна уредба со која се наложи во официјалното обраќање кон Република Македонија да се користи референцата "Бивша Југословенска Република Македонија", а за реферирање на националноста се препорача да се употребува "лице од Бившата Југословенска Република Македонија". За јазикот, културата и за традицијата, освен "македонски", препорача во заграда да се става одредбата "словенски". Пред оваа уредба да биде повлечена, МНР испрати нота до Стразбур, Хелсиншкиот комитет испрати протестно писмо до Швимер а невладиниот сектор во земјава покрена масовна акција под мото "Донт фиром ми" (Do't fyrom me).