Владата прави терен за забрана на абортусот

  • Креатор на темата Креатор на темата Јован
  • Време на започнување Време на започнување
Пак промашуваш...
Тие живи суштества не барале да се створат ,да се направат,тоа со причините кои всушност не се од медицински аспект туку од тоа што полесно е да одам на 15 мин зафат и да се ослободам одколку да ми го нарушува комодитетот и стилот на живот не е причина.
Тоа е контрацептивно средство,и стварно не ми е јасно како го одобрувате тоа:toe:
Се работи за себичност и никаква причина не е доволна да се убие живот.
Дали секој абортус во МКД е оправдан односно дали сите овие жени имале нерешливи проблеми?
Ве молам ,тоа се глупости,чист комодитет и себичност и ништо друго..

Како воопшто можете да полемизирате на тема за убиство на неродено дете и наместо да гледате од перспективата на едно неродено дете ја земате страната на себичната мајка..
Која е твојата поента дека абортусот треба да остане како што е секоја година да се зголемува бројот ,наместо строга контрола и оправдан медицински абортус?
Јас не сум одговорна за пронаталната политика во МКД,што мене ме прашуваш :toe:
А веке дадов пример за во Израел,со организацијата што ги убедува овие себични мајки да не го абортираат своите неродени бебиња и колку бебиња спасиле ,17 000 знаеш ли колку е тоа,тое еден град колку Виница :helou:или Неготино,што повеќе од тоа?

Ама ти си убедена дека одат од чисто задоволство на абортус.Ти го сваќаш абортусот како убиство,ти треба да си првата која нема да користи контрацептивни средства,бидејќи го кратиш патот на создавање на детето.И нели си ти дел од оваа држава,како може да бегаш од одговорност за наталитетот во земјава?Ти си пропагатор за законов,ако е за абортус да се префрлиме на соодветната тема,овде сме во политика.
Како што кажав и погоре,законов е лош,бидејќи никој неможе да ми го одземе правото да одлучувам за својот живот,не е убиство абортусот бидејќи ако бил ќе имало доживотни казни затвор.Ако се примени,ќе има нелегални абортуси,кој се уште пострашни од легалниве,и ќе има голем удар по правото на жената.Со други зборови,ако сакаш да раѓаш повели,ако несакаш немораш.Ти немаш никакво право да им кажеш на другите што со својот живот.Можеш да дадеп совет,а не со закон да забраниш.
 
Ама ти си убедена дека одат од чисто задоволство на абортус.Ти го сваќаш абортусот како убиство,ти треба да си првата која нема да користи контрацептивни средства,бидејќи го кратиш патот на создавање на детето.И нели си ти дел од оваа држава,како може да бегаш од одговорност за наталитетот во земјава?Ти си пропагатор за законов,ако е за абортус да се префрлиме на соодветната тема,овде сме во политика.
Како што кажав и погоре,законов е лош,бидејќи никој неможе да ми го одземе правото да одлучувам за својот живот,не е убиство абортусот бидејќи ако бил ќе имало доживотни казни затвор.Ако се примени,ќе има нелегални абортуси,кој се уште пострашни од легалниве,и ќе има голем удар по правото на жената.Со други зборови,ако сакаш да раѓаш повели,ако несакаш немораш.Ти немаш никакво право да им кажеш на другите што со својот живот.Можеш да дадеп совет,а не со закон да забраниш.
Па дај ми една добра причина зошто го прават тоа?
А да тоа не е силување и медицинска причина односно загрозеност на мајката...:toe:
Пак ќе дојдеме на моето чист комодитет.

Што се однесува до темава и политика веке реков
Prašanjeto za abortusot e multidisciplinarno prašanje medicinsko,moralno,etičko,versko,sociološko pa i političko..da se pravi osvrt na ova prašanje samo od politički aspekt e nevozmožno

А на политички форуми странски сум долго и точно знам како се дискутира на овие теми...

Ова со контрацептивниве средства ти е чиста глупост,одговорноста започнува кога ќе стапиш во сексуални односи, а не откако ќе останеш бремена...во таа одговорност и планирање на семејство влегуваат контрацептивите..а не абортусот,и на крајот абортираат жени кои биле доволно неедуцирани,и глупи или се срамеле да купат презерватив но секако полесно е да се направи абортус ,да се живее со грижа на совест отколку да се гледа едно дете.

Неодговорноста ја оправдуваш со некакви си права и тоа е жално до каде одат тие права до таму,да ни е дозволено се додека не се загрози другиот поединец.Е кога се загрозува тој поединец ,државата може и смее да ти ограничува.

Дали едно суштество со формирани Хипоталамус,Хипофиза,Штитната жлезда итн за тебе не е жив поединец и не е убиство тоа е твое мислење и не се мешам ,за мене е убиство на неродено дете и крај.
 
Матеас,бидејќи неможеме да се разбереме за причината ќе морам преку примери да најдеме заеднички јазик.Ако јас си го пресечам прстот ќе те боли ли тебе?Од каде ти ќе знаеш колку мене ме боли раната,ти можеш само да погодуваш и да гледаш како ми е.Само јас ќе си знам колку ми е тешко и болно.Сега мислам дека сум појасна за причината за абортус.
За терминот убиство:Јас не го сваќам дозволениот абортус до 3 месец како убиство.Јас за разлика од тебе разликувам фетус и дете,како што ти разликуваш оплодена јајце клетка на ѕидот на матката и на патот до матката.Неможеш да ме обвиниш за дело за кое имаме различни перцепции.
За правата во општеството:Јас не загрозувам ничиј живот со абортусот освен својот.Јас одговарам за своите последици со својата чест и свест.Јас сум превентивна заштита,за подигање на јавна свест,но не за закон.Ако ти мислиш дека можеш да ми го скратиш правото на абортус како дел од државата,јас те убедувам дека ќе погрешиш и ќе го отвориш проблемот на нелегалната,каде проблемот двојно се зголемува.Никој нема право да одлучува место мене,бидејќи само јас знам како е и никој друг.
Дали сум појасна:smir:
 
Princ, секоја чест човеку, на трпението со кое им објаснуваш на (на)дрвените глави.

Муабетот за правила на играта држи, но се виде дека правилата не се доволно добри. Ако ги земеме предвид аргументите од типот "ако сакам", а државата и понатаму сака да нема сооднос 1:1 на абортирани со родени деца тогаш ќе треба да преземе и таа обврски. Навистина, неможе сосила да натераш некого ако не сака да одгледува дете, да формира семејство, но може да се забрани уништувањето на нечиј живот од чисто курвински причини ( без случаите кога актот на раѓање претставува опасност)... Во тие случаи државата треба да настојува да обезбеди средина во која тие деца ќе можат да се развиваат во возрасни личности, односно да ги подобри условите во домовите за деца без родители. Т.е. ако на државата толку и се потребни нови поколенија (како што и се) да створи услови при кои нема да се остави причина за абортус.

А тоа дека ембрионот до незнам кој месец од бременоста не бил човек е чиста глупост. Во време на ембриогенезата се активираат сет на гени кои мене, вас, нив ги оформиле во човечки суштества а не во шимпанза.


Oooooo, се јави сељаков, што пцуе по сите што немислат како него.

Ти религиозен си што си против абортусот, а овде караш мајки шајки?

Така е ,глупост е,да видиме што е тоа што не е живо суштество..

Во 5 недела од бременоста феталните ендокрини морфолошки жлезди се веќе препознатливи и во следните недели само се развиваат.

Хипоталамусот се развива во 5 недела од брем.

Хипофизата се диференцира исто во 5 недела

Штитната жлезда е оформена во 7 недела..

Ткивото на паратироидни жлезди се диференцирани во 6 недела додека

Минерализацијата на феталниот скелет е видлива во 8 недела...

Абортусите се изведуваат многу подоцна бидејки околу 5 недела повекето дознаваат дека се бремени ..
Дали гореспоменатите станици се ништо за вас односно тоа не е живо суштество и поради тоа што дечкото и девојката си играле и не пазеле го сместиле ова суштество во утробата на мајката сега треба да го убиеме...


А мозокот што не прави човек, кога се развива?

Оти овие органи ги имаат и мајмуните!!!
 
Мора да постои правна регулација на абортусот.

Незнам за каква забрана дискутирате?
 
Напишано од bube
Па ако несакаш забрани ајт таму у авганистан дерете се со џилети .
Ова веќе ти е втор пост да некого бркаш од дома, ај седи си мирен таму во таа германијата или таму негде на север кај што си и не се мешај многу, па уште и ултимативно настапуваш :tapp:.....од такви надворешни душегрижници ..преку таквото ми е.
Не зазај :vozbud: Бубе од Германија соли памет и брка Македонци од Македонија ?

Цццц... Која срамота. Брука.
Еве пред 7/8 месеци, каде мене бубе ме отера.

bube напиша:
Ако не ти се свиѓа во Македонија, пакувај куферите и да те нема.
Си имаш две држави,сакаш Косово или Албанија твоја воља........
Копај канали таму немој овде на нас Македонците да ни солиш памет што е демократија,арнаут ни еден.........

А ја па мислам дека во иста држава живееме и исто секојдневие делиме, па умерено му настапувам, демек да не го увредам.

Кој има две држави бе бубе ? Јас и или ти ?

Е
бате тоа имбицилите ебате кои во слободно време глумат Македонци.



Се извинувам за офф топикот, ама чепкајќи по архива, несакајќи наидов на поздравите и честитките од бубе од пред неколку месеци:kesa:па не можев а да не прокоментирам.
 
со или без Y

...
А ја па мислам дека во иста држава живееме и исто секојдневие делиме, па умерено му настапувам, демек да не го увредам.

Кој има две држави бе бубе ? Јас и или ти ?
...

абе бубе била машко?
 
Ова е од wikipedia:

Абортус е прекин на бременост. За абортусот не постои единствено гледиште. Бранителите на абортусот своето гледиште го темелат на тоа дека жената има неотуѓиво право на своето сопствено тело. Темата на абортусот е централна во феминистичката теорија и во политиката. Аргументите за абортусот се темелат на ставот дека жената треба да има контрола над своето тело и моќ за самоопределување, бидејќи тие се најпогодени од репродукцијата и тие и треба да одлучат; според други гледишта абортусот претставува убиство. Сепак, правото на жената да избира е значајно и политички и индивидуално и значи повеќе од борба за права.
 
абе бубе била машко?

Ај турете му пепел на бубе....

Изгледа некој озбилно сака да го прогура овој новиот изменет закон за абортус и наметнувањето на данок за немаженост/неженетост, имено и покрај изјавата на владата дека нема да до завршување на локалните избори да се емитуваат владините реклами и пропаганди пак се продолжува со нив, само сега во скриена форма.

На телевизиите оди пропаганда...Формирајте семејство... не се потпишале на неа со ..остваруваме, некој мисли дека нафта пиеме.
 
Ај турете му пепел на бубе....

Изгледа некој озбилно сака да го прогура овој новиот изменет закон за абортус и наметнувањето на данок за немаженост/неженетост, имено и покрај изјавата на владата дека нема да до завршување на локалните избори да се емитуваат владините реклами и пропаганди пак се продолжува со нив, само сега во скриена форма.

На телевизиите оди пропаганда...Формирајте семејство... не се потпишале на неа со ..остваруваме, некој мисли дека нафта пиеме.

Сите можеме да формираме семејство и дете да направиме ама дали државата ќе даде некоја паричка за тие деца да ги изгледаме?Јас во сето тоа гледам една голема заебанција,данок на неженети и немажени,абортус...ај нека стават и данок ако некој-а е девица на 19 години? :kesa:
 
Сите можеме да формираме семејство и дете да направиме ама дали државата ќе даде некоја паричка за тие деца да ги изгледаме?Јас во сето тоа гледам една голема заебанција,данок на неженети и немажени,абортус...ај нека стават и данок ако некој-а е девица на 19 години? :kesa:

Лош ти е предлогот, многу пари ќе изгуби државата.....спуштај ја старосната граница подолу:kesa:
 
Владата против абортус

Владата влегува во кампања против абортусот. Објавен е тендер за кампања за последиците од абортусот. Во тендерската документација Владата абортусот го дефинира како насилен прекин на бременоста, а раѓањето на децата, според неа, се божји благослов.

До 23. февруари, до кога ќе трае тендерот, ќе се собираат идеи како да изгледа проектот, а ќе се изработуваа и телевизиски спотови.

Покрај кампања, во тек е и изработка на нов закон за абортус. Што ќе содржи и дали со него ќе се ограничи правото на жената за абортус, засега се држи во тајност.

Гинеколозите пак, предупредуваат дека со забрана абортусот ќе се појават дивите ординации кои ќе работат на црно, а со тоа ќе се загрози здравјето на жената.

„Пациентите сами се приморани, 90% од нив немаат излез, затоа и се одлучуваат за самиот абортус, бидејќи зошто и би настојувале да заврши таа бременост, да се исчисти од таа бременост, така што не бираат ни средства ни место“, изјави Никола Личоски, Специјална болница за гинекологија Чаир.

„Автоматски тогаш има контра ефект, прво не се работат по пропис тогашните абортуси, нема да биде во болничка установа, ќе биде во некои измислени, не добро опремени амбуланти“, додаде Личоски.

Случајно или не, денеска и невладина организација „Ревита“ ја промовираше веб страницата www.abortusNe.org.mk.

Според членовите на ова здружение, целта им е да ја подигнат свеста на жените за да користат контрацепција. Иако официјално, според РЗЗЗ, во Македонија се прават 6.000 абортуси, за нив правата бројка била од 25 до 30 илјади.

„Тргнавме во мисија да ја подигнеме свеста на жената, затоа што има 25 до 30 илјади легални абортуси во Македонија, а користењето на контрацептивните средства се само 2% од женската популација“, рече Благица Пеповска, претседател на НВО „Ревита“.

На страницата поставени се фотографии од една страна бебе - од друга абортирани фетуси. Истите слики кои последните две години преку постери и ги промовираат засега непознати лица.


Извор
 
Владава нека не ми ги троши парите за без врска!И аман нека прекинат со фрлање пари за рекламни спотови.Нека ја изменат стратегијата со едукација по училиштата и трибини,тие пари ќе им ги дадат на едукаторите,ем сите сити ем овците на број.Од секоја општина во Македонија по двајца ќе си го извадат лебот за месецот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom