Владата не најави ништо
Најави зголемување на платите и пензиите???!!! А со кој пари, со буџетски. Вадење од буџетската каса, автоматски придонесува за зголемување на стапката на инфлација, која што моментално достигна дури цели 12%. Ако инфлацијата е општо подигање на нивото на цените, тогаш ваквото покачување на платите претставува популистичко покучување а за нас граѓаните иако покачени плати истите имаат помала вредност. Значи нема никакво покачување додека се користат буџетските пари, само популизам. Втора работа исто така парите од буџетот се користат за компјутери во образованието, додека постои имено стапката од 12% инфлација. Премиерот е економист ама изглеа и он е еден од оние со купените дипломи. И сега на сето тоа народот македонски насушен се лаже и се радува на овие потези на владата. Да ама тоа е привремено. Популизмот е како балон, се дува се дува се дува, и кога ќе се предува самиот ќе си пукне.