Виртуелен читачки клуб (март: „Дипломец“ - Чарлс Веб)

Дали би учествувале во виртуелен читачки клуб?

  • Вкупно гласачи
    110

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.652
Поени од реакции
35.242
ама ќе ви се приклучам и јас ако се погоди книга што ја имам дома
Библиотеките денес се прилично добро снабдени. Годишната чланарина чини колку 2 кафиња. Евтин начин да се читаат книги, а да не мора да се купуваат.
 
Член од
19 април 2014
Мислења
424
Поени од реакции
1.227
Библиотеките денес се прилично добро снабдени. Годишната чланарина чини колку 2 кафиња. Евтин начин да се читаат книги, а да не мора да се купуваат.
[/QUOT
Во село немам библиотека, превозот поскапи и релациите ги намалија. Така што комплицирано ми е да читам од библиотека. Си купувам книги на старо и имам доста непрочитани па фокусиран сум на нив. :)
 
Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.652
Поени од реакции
35.242
Книгата која ќе ја читаме во месец април, од предлог листата на @The Magus, е: „Тунел“ од Петре М. Андреевски.

Македонски поет, романсиер, раскажувач, драмски автор. Добитник на голем број награди, 2007 година постхумно му е доделен Орден за заслуги за Македонија, за исклучителниот придонес во развојот и зацврстувањето на македонскиот дух и националната самобитност.
Делата на Петре М. Андреевски се преведени на повеќе јазици (француски, англиски, шпански, романски, јапонски, српски, хрватски и др.)

Книгава ја има во издание на Арс Либрис, чини 290 денари, но достапна е и во пдф форма на македонски јазик, како и во секоја библиотека. Така да е лесно достапна книга. Ја има и во издание од Табернакул од 2007 година.

Имате 30 дена, за да уживате во делово :pipi:
 
Член од
19 април 2014
Мислења
424
Поени од реакции
1.227
Јас веќе ја имам читано книгава пред 5-6 месеци и ќе напишам една рецензија и неколку прашања кои ми останаа во глава, а за кои немав со кој да продискутирам. Би било интересно од кога ќе прочитате да направиме некоја мала дискусија.

Со Петре М. Андреевски се сретнав во средно школо со неговиот можеби најпознат роман "Пиреј".

Тунел е вториот негов роман кој го прочитав и исто така ми се допадна. Дејството на романот е сместено во Скопје некаде во седумдесетите, спомнат е и земјотресот но тој не е многу важен во целата приказна.
Главен лик во романот е Невена и приказната се врти околу неа и тројца ликови во кои таа е вљубена во различен период од нејзиниот живот. Се опишува љубовта и страста на Невена, болката и проблемите кои и ги носи животот, што се може човек да истрпи но и да направи за љубовта.

Роман кој е релативно мал, има околу 250 стр. брзо се чита и има многу убави мисли напишани во него, па ако некој вади цитати нека си спреми тефтерче.

Интересното кај овој роман е што ми се допадна но имам чувство дека не го разбрав потполно. Како да се крие некоја скриена порака или метафора која не можам да ја протолкувам.

Ова е накратко без да откријам спојлери а прашањата што ги имам ќе ги ставам во
Нејасни ми се две сцени: првата сцена каде Невена ја мажат за Игор кој е пред умирање. Дали е ова некој стар обичај или некоја метафора?
Втората сцена во селото каде старецот ја убива родилката затоа што повторно раѓа девојче. Што сака да каже писателот тука?
Трето прашање ми е за бегството на Невена и Дејан. Дејан е малолетен и нивната врска не е одобрена, но зошто толкава потера по нив? На крајот дури пукаат во нив.
Што се случува со Дејан зошто избега сам?
па отворете ги кога ќе го прочитате романот. :)
 
831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.940
Поени од реакции
12.530

Најинтересно ми беше тоа што во 170 страни (не се 250, мада и да се), се раскажани три животни ситуации без да почувствуваш дека е избрзано или прескокнато, односно без некаков ,,гап", туку некако мајсторски прелеани една во друга, како една идеална целина. Така барем мене ми се причини и многу ми се допадна.

Во врска со третата точка од спојлерот.
И мене ме испровоцира идејата за таква ,,врска" и ми беше надвор од рациото посебно за во 70тите години во Македонија, ама ми се причини дека низ приказната се провлекоја интересни провокативни прашања достојни за дебата или во најмала рака ,,шизофрен монолог", или шо се вели ,,ментална гимнасткка".
:)

П.С. Врљив 3 рајќии и ми се причини дека можам да дадам мислење за вака интересно и сериозно дело :pos:
 
Член од
19 април 2014
Мислења
424
Поени од реакции
1.227
Јас го имам изданието од табернакул, мал џебен формат изгледа за тоа има повеќе страни кај мене. Ама нема врска да почекаме да прочитаат и другите па да кажат како го доживеале.

Кажа три животни ситуации кои се прелеваат, и тоа го забележав исто и мислам дека има некоја симболика во тоа и во сите ситуации што ги пишав во спојлерот ама ништо не успеав да поврзам. А може и да си правам филм само. :D
 
Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.652
Поени од реакции
35.242
Инаку романот „Тунел“ е дел од едицијата „Македонски книжевни класици“ во издание на Арс Либрис .
10 книги со прозни и поетски дела на Петре М. Андреевски. Сите се илустрирани од неговата внука од син, Воскесија Андреевска.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Прва голема забелешказа книгава ми е зборот "вели". Ужасно! Го користи при секоја конверзација, а веќе имаме јасна претстава, според дадениот опис, меѓу кои ликови се води разговорот! Описите прекрасни, разговорите ужасни.

"Пиреј" а далеку далеку подобар роман, да бидам искрен, досега сум многу разочаран!
 
Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.652
Поени од реакции
35.242
Гледај ја целината, остави, „велам, вели, дека јас ти велам, ама навистина ти велам дека ти велам" реплики. Мене ме уби :love:
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
"Тинел"- Петре М. Андреевски

Од самиот старт на книгата имав јасна претстава дека ќе станува збор за одреден животопис полн со страдање, горчина и борба да се држи главата над површината на брзата вода која самата по себе е доволен предизвик, не пак со останатите тајни кои спијат во нејзините длабочини и мистериите кои може да ги донесат нејзините брзи струи. Господи зошто кога не даруваш со живот, не ја изостави болката? Па таа најмногу понижува. А и најдолго трае и се памети. Секако говорам за самиот живот.

Книгата има убав и динамичен старт, каде подоцна станува монотона и тапа (во смисла на недостаток од острина), каде сѐ се врти околу страдањето на Горан, а со неговото и на Невена. Но пред да поминам на Горан, сакам да кажам нешто за Игор.

Иако книгата е поделена на три недефинирани приказни, онаа со Игор е најслатка. Исконска љубов со кобен крај. Гледаме движење на силите, емоционалност и страст. Дури и привиденија низ целата книга.

Кај Горан, од друга страна, тоа го нема. Брз отскок од запознавање до брак, нема љубовни искри, и страните се проткаени со едностраноста на страста на Невена. Дури и при големиот љубовен копнеж и малата тронка страст, она се фокусира на желката!*

Многу мажи имаат жена, но повеќето имаат како да ја немаат. Таа страста ја бара цело време, па дури и кога, поради состојбата на Горан, таа се оддалелува од единствените пријатели и живее свет на самоизолација. Но преслатка е приказната за праските. Пар реченици, но преслатки. Во нив се гледа вниманието, грижливоста и посветеноста. Сѐ има во нив. :love:

Една врата се затвора, но нова се отвора.

Последниот дел на книгата е патопис. И тука нема добро градење на приказната, од страст и погледи отскочната даска е гола љубов. Што кажува многу и за карактерот на Невена. Цело време е во подредена улога, таа е влечена, слуша, а не е слушана. Нејзините зборови допираат до ушите на глувите. Нејзиниот очај е само бледа сенка во луѓето околу неа. Никој не се доживува со нејзиното страдање. Сака да биде слободна, сака да биде сакана, сака да биде разбрана. Слободата не се пренесува од еден на друг човек. Со истата мора да се соживее.

Попатни се приказните за гостопримливоста, како една крајност, и свирепоста, како друга крајност.

Стигнување до самиот крај, каде Невена е една изронета карпа која се впушта со босоного слепо бегство со бунтовниот Дејан, воедно и нејзин поранешен ученик, привремено или луцидни соништа и привиденија, каде книгата завршува...со многу нејаснотии и прашалници.

Ова е еден вид на споменар, книгата не е пишувана во сегашно време, но раните се сеуште свежи.

Можеби книгата ќе ми се допаднеше повеќе да го немаше тоа повторливо "вели". Не се соживеав со ликовите, па и не навлегов детално во приказната.

Дел од приказните се прекратки, штури, тапи, празни. Тоа се предолго мостови за да бидат прерипнати, сем ако целта на Андреевски не била само голата емоција на личниот пекол на Невена.

Ми се допадна кратката приказната за Скопје, град разурнат од земјотресот кој се преродува како кокиче. Во котлината букнуваат нови населби, градот се шири, градот продолжува да живее, градот повторно станува центарот на сите административни единици, градот на солидарноста, срцето на Македонија. Секое утро, од мојот прозорец, можам да го видам. :love:

И не знаев дека има толку многу зборови за опис на алкохоличари. :noze:

* Интересни се советите на мажите (а.к.а. Иван) и жените (а.к.а. Јагода). Јагода знае дека патот до машкото срце е преку неговиот стомак, ама и тука Горан има едно големо мех и при сиот вложен труд на Невена. Иван бара нешто поинтензивно, а нивната цел е да поминат одредено квалитетно време заедно. Иван ги советува како воопшто и да не ги познава. Така ако сакаш да заведеш маж, прашај си жена! Ако сакаш да заведеш жена, прашај си жена! :noze:
 
Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.652
Поени од реакции
35.242
Тунел - Петре М. Андреевски

„Мало, мало, ама,,,“ :vozbud:

Слоевитоста на прозниот израз на Петре М. Андреевски ме воодушевува.
Присутноста на минатото во сегашноста заличува на некое необично археолошко прекопување на јазикот и митот, по пластовите на легендите и верувањата. Има нешто магиско во прозата на Петре. Синтеза, колку реална, исто толку и имагинарна. Книгава ја доживеав како едно длабинско дело, налик на старовременски летописи и „маѓепсано клопче“, кое го одмотуваш до бескрај.

„Тунел“ е само еден симоним за животот, раскажан преку очите на Невена.
Доживеан од страна од една жена, која што целиот свој живот бара трошка надеж и трошка љубов. Тука не мислам само за љубовта меѓу мажот и жената, туку многу пошироко, љубовта кон сопствената работа, љубовта кон своите блиски, кон пријателите.

Животот на Невена е преплетен во 3 циклуси, во различни периоди од својот живот.
- Игор - симпатично, детски, искрено. Една платонска ученичка љубов. Но зошто Игор, останува само Игор? А другите двајца имаат поинаков идентитет.
Преку бизарните верувања дека е „потребно“ да се венчаат во тајност, само затоа што е „греота да оди сам на небото“ и нејзината покорност спрема традицијата, обичаите и нејзиното семејство.
После него „кај и да погледнам, се ми е празно“.
- Горан Паковски - пребрз заплет. На јуриш и покрај противењето на нејзиното семејство, стапува во брак, затоа што пребрзо сфаќа дека „кога не е сум со него, ништо не се случува, дури и денот и ноќта тој ми ги исполнува“. Се што прави, прави за него, а ништо за себе. Се што прави прави од љубов, без никакво користољубие и лажна снисходливост. Дури и опиена од една моментална страст, животински занес и похотна возбуда, таа се грижи „дали желката знае што видела“:facepalm:.
Цело време ја води чувството на понижена, огорчена, засрамена, каменувана и прегазена жена. Нејзе ја ужаснува стравот дека ќе и избега човекот во „кој секогаш има љубов“, а од Горан добива се, освен љубов. Додека се бори со алкохолизмот, (тука гледав и некои шизофрени елементи), Невена е убедена дека само преку него, може да си го сака и цени сопствениот живот. Таа без Горан не го гледа значењето и важноста на својот живот. Тажно нели?
- Дејан Медаров - храбро, самоуверено, смело, подло. “Таму каде што сме ние, таму е центарот на светот“. Комплетна трансформација, ама повторно е тука нејзината завист од некого. Ја обзема неговата самодоверба и сигурност. Се плаши, чувствува страв и несигурност, дали Дејан е нејзиниот Божји дар или е само 1 човек со неприпитомени страсти. Во Дејан го гледа својот нов почеток. Но повторно се враќа на истото, нејзиниот живот е безвреден без неговиот.
И кога конечно на крајот останува сама, таа повторно се навраќа на трите љубови кои ги имала. Заклучува со мисла дека таа всушност целиот свој живот сакала само 1 човек. #прашањакоимемачат#.

Додека ја читав книгава цело време можев да ја почувствувам нејзината емоција. На моменти ја сожалував, на моменти ме нервираше, на моменти ме смееше. Еден преубав спој на тага, лутина, љубов и среќа, и сето тоа преку наративот на една жена, чиј единствен нејзин „недостаток“ е добродушноста и непорекливоста, искрената предаденост кон саканите луѓе и обезвреднувањето на сопствениот живот.

Член од
13 април 2021
Мислења
3.432
Поени од реакции
11.286
Петре Мито Андреевски според мене е најдоброто од македонската литература. Ненадминлив, недостижен, неприкосновен, недопирлив, едноставно, незаменлив. Има некое волшепство во начинот на кој што се изразува и не престанува да ме воодушевува и маѓепсува со секој пишан збор. Допира длабоко до сржта на секое битие, и побудува соживот со чувствата и судбините на главните ликови во своето дело.

Книгава ја имав читано уште многу одамна, но еве ова беше идеална прилика да ја препрочитам истата (благодарение на ДаркЛејди, која како да знаеше што ми се мотка во животот, па бараше прилика да ме оттргне од метежот и лудото секојдневие).

Прво да кажам дека обожавам книги во кои авторот раскажува во прво лице, а посебно кога првото лице е од женски пол, а авторот е од машки пол. Мене како жена, тоа ме поттикнува да ја барам умешноста во познавањето на женската психологија, а ако истото е маестрално исплетено (како во случајов со Тунел), тогаш посакувам да читам и други дела од авторот. Значи, за Тунел би рекла дека е олицетворение на извонредното познавање на Андреевски на женската психологија. Поттикнува мноштво теми достојни за дискусија и дебата.

Читајќи го романот од прво лице, добивам впечаток дека Невена е нежна, добродушна и чесна девојка со мала доза модерни сфаќања и размислувања (е сега модерни сфаќања за времето во кое што живее), меѓутоа истата е заробена во канџите на традиционалното и патријархално општество. Па сега се прашувам, дали можеби причината за нејзината тажна судбина е така скроена како еден вид колатерална штета од сфаќањата на нејзиното семејство? Дали родителите треба да се мешаат во животот на своите деца, дури и по цена истите да имаат погрешен избор и очигледна грешка? И тука се испреплетува и нејзината константна потреба од љубов! (би рекла дека ми недостасуваат детаљи од детството на Невена, нејзините семејни односи....малку ми се оскудни информациите за да ги доловам причините за таа на некој начин....наметлива потреба од љубов). И тука си го поставувам прашањето, дали човекот како социјално битие има потреба од љубов, или е во прашање потребата да се биде со некого, а да не се биде сам? Затоа што и самиот Андреевски, убаво ја опишал потребата од љубов, преку следните реченици:
Сѐ почнува од некоја недвосмислена потреба да се биде нешто и да се биде со некого. Но таа потреба полека, речиси неосетно ќе почне да се претвора во навика. И од таа навика не можеш да се откажеш.”

Приказната со Игор, е премногу кратка, за да се запознаам подобро со неговиот психолошки профил, меѓутоа сметам дека тоа е единствената искрена и вистинска љубов на Невена. Иако, како што беше спомнал некој погоре премногу детски и невино. Да, но искрено и чисто!

Запознавањето со Горан на моменти добивам впечаток ко да е исценирано од страна на Горан. На почетокот се претставува како силен и храбар лик, кој ја спасува Невена од тројца хулигани, за да при крајот на животот истиот стане вистинска кукавица. Да, гледам и јас шизофрени моменти во целата оваа приказна, па на моменти се прашувам дали можеби ликов навистина страдал од шизофренија? (или може едноставно јас имам навистина бујна фантазија). Би рекла дека извонредно е прикажан алкохолизмот и страдањето не само на болниот туку и на целото семејство.

И последната фаза би рекла дека е несериозна, без разлика што љубовта не познава граници.

Сума сумарум, убава книга која се чита во еден здив. Тажна е, но ти ја разгорува страста побргу да ја свртиш следната страница и покрај тоа што не сакаш да дојдеш до крај! Би дала оценка 8/10, заради фактот што ми се оскудни некои за мене битни информации.
 
831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.940
Поени од реакции
12.530
И јас помислив дека запознавањето со Горан е исценирано и очекував Невена подоцна да си го претпостави ама јок...
И шознам дали е возможно тежок алкохоличар на риболовну терапију да не е импотентен, или во најмала рака да му се ,,дига" па да се резилат пред кутрата желка?!
 
Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.652
Поени од реакции
35.242
Она што ми падна во очи е преодот од еден во друг циклус на нејзиниот живот.

Со смртта на Игор, умира и првиот циклус.
Па веднаш се преминува на вториот циклус наречен Горан, како супститут на ликот на Игор. Само што овој пат место туберкулоза, имаме алкохолизам.
Несреќите се редат една по друга, а кулминацијата доаѓа со смртта на Горан. Потполно идентично како и на почетокот со смртта на Игор.
За повторно сосема идентично да започне третиот циклус, наречен Дејан. Каде што имаме повторување како супститут на Игор и Горан. Само што овој пат не е болест и зависност, туку е јавното, колективното, моралното однесување кон околината.

Значи ли тоа дека Андреевски ни оставил простор за појавување на четврти циклус, петти циклус и.т.н.?

Последната страница - „Всушност,излегува дека цел живот сум сакала само 1 човек“.
Кој е тој едниот човек?
Дали таа во сите тројца гледа 1 човек, како збир од нив?
Автоматски споено мислење:

И јас помислив дека запознавањето со Горан е исценирано и очекував Невена подоцна да си го претпостави ама јок...
И шознам дали е возможно тежок алкохоличар на риболовну терапију да не е импотентен, или во најмала рака да му се ,,дига" па да се резилат пред кутрата желка?!
Моментот со желката беше епски :pos:
Опиена од страста и животинска возбуда, не ја чувствува копривата што и ја гори голата кожата. Таа се прашува дали желката знае што видела и констатира дека нема да каже никому :icon_mrgr:
 
Последно уредено:

А во суштина мислам дека Горан е добар човек. Па можеби ете и грижата на совест замешала прсти, па откога ја сфатил грешката (зошто во неколку наврати и велеше на Невена колку е таа добра и не го заслужува него), посегнал по алкохолот. :D

Она што ми падна во очи е преодот од еден во друг циклус на нејзиниот живот.

Со смртта на Игор, умира и првиот циклус.
Па веднаш се преминува на вториот циклус наречен Горан, како супститут на ликот на Игор. Само што овој пат место туберкулоза, имаме алкохолизам.
Несреќите се редат една по друга, а кулминацијата доаѓа со смртта на Горан. Потполно идентично како и на почетокот со смртта на Игор.
За повторно сосема идентично да започне третиот циклус, наречен Дејан. Каде што имаме повторување како супститут на Игор и Горан. Само што овој пат не е болест и зависност, туку е јавното, колективното, моралното однесување кон околината.

Значи ли тоа дека Андреевски ни оставил простор за појавување на четврти циклус, петти циклус и.т.н.?

Последната страница - „Всушност,излегува дека цел живот сум сакала само 1 човек“.
Кој е тој едниот човек?
Дали таа во сите тројца гледа 1 човек, како збир од нив?
Автоматски споено мислење:

Моментот со желката беше епски :pos:
Опиена од страста и животинска возбуда, не ја чувствува копривата што и ја гори голата кожата. Таа се прашува дали желката знае што видела и констатира дека нема да каже никому :icon_mrgr:
Да. И мене не ми се допаѓа премногу брзата транзиција. Нема никаков период на прилагодување ниту тагување и жалење по големата љубов. И мислам дека токму тоа е причината зошто ние ја перцепираме Невена како да е премногу желна за љубов. Всушност, можеби едниот човек кој што го сакала е нешто сосем друго. Можеби станува збор за нејзината желба да се реализира како мајка?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom