Виолетов пакет од НЛБ

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.705
Поени од реакции
6.627
Другари, дали може некој од искуство да сподели, колку е добро/лошо да се земе Виолетов пакет од НЛБ? Најмногу ми е за можноста да се оди 2 плати во минус, не ме интересираат опциите за кредитни картички и купување на рати со нив. Како се наплаќа тоа што си минус салдо на крај од тековниот месец, односно пред стигнувањето на новата плата? Дали самото си одзема % од новата плата, пропорционално на минусното салдо или излегува во извештај како рата која треба да се плати? Претпоставувам дека ако си во плус, нема камата или има некоја незначителна од редот на 0.01%?
 
Член од
10 март 2022
Мислења
149
Поени од реакции
185

Што значи виолетов пакет? Јас имам дебитна картичка со 2 плати минус(како примател на плата кај нив). Со истата картичка, сметка над 1500 денари ми ја дели на 3 рати, а сметка над 6000 ми ја дели на 6 рати.
 
bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.705
Поени од реакции
6.627
Што значи виолетов пакет? Јас имам дебитна картичка со 2 плати минус(како примател на плата кај нив). Со истата картичка, сметка над 1500 денари ми ја дели на 3 рати, а сметка над 6000 ми ја дели на 6 рати.
Е па тоа е изгледа. Ме интересира само следново: пример ја дочекуваш новата плата (+40000) со салдо -5000, и имаш состојба 35000. Како тоа се одразува на камата, долг, плаќање на истиот, итн. Едноставно кажано... колку кошта ваквата флексибилност и дали е подобро од земање кредит да речеме од 500 еур (има можност преку мКлик апликацијата), кој после би го враќал 12 месеци по 2600 ден.
 
Последно уредено:
Член од
30 јуни 2020
Мислења
2.443
Поени од реакции
9.182
Е па тоа е изгледа. Ме интересира само следново: пример ја дочекуваш новата плата (+40000) со салдо -5000, и имаш состојба 35000. Како тоа се одразува на камата, долг, плаќање на истиот, итн. Едноставно кажано... колку кошта ваквата флексибилност и дали е подобро од земање кредит да речеме од 500 еур (има можност преку мКлик апликацијата, кој после би го враќал 12 месеци по 2600 ден.
Не го знам пакетот, но гледај на работите вака:
1. Колку е % на камата кој секој месец се одзема на минусно салдо... (отприлика на банките мислам дека им е 10-11%) - тоа ти се одзема секој месец автоматски.
2. Колку е % на камата на било кој кредит што би го враќал во одреден временски период.
Кај ова вреди да се размислува ДАЛИ би имал шанса дел од парите да вратиш во пократко време - идеално на почеток и да ги ставиш во главница па со тоа да ја намалиш ратата и избегниш првични рати каде каматата е поголема ИЛИ да побараш со банката разговор во однос на тоа дали има опција да уплќаш некоја сума секој месец (на страна од редовната рата, израчунато со камата во неа) како дополнителна сума или заедно со редовната рата (да ја покачиш стартно) НО со тоа што тој дополнителен дел ќе ти влегува во главница - без секој месец да прават ребаланс на кредитот.

Крај краева и тоа ако не може, колку год глупаво да ти звучи, секој месец тргај на страна ако можеш пари и потоа стави ги топтан во главница после 3-6-9 месеци, небитно.

@Stefan-kobe ако не се лажам работи во НЛБ или во некоја друга банка, имаше пишувано во Драга кајгана, па ќе ти даде најверојатно подобар совет на темава.
 
Член од
10 март 2022
Мислења
149
Поени од реакции
185
Таа е таа белата картичка дебитна. Сум приметил дека добар дел од вработените во експозитури на нлб незнаат баш да објаснат што добиваш со картичкава. Мене ми требаше да платам 120000 денари и сакав да ги разложам на 6 рати. Штом ја земав одма на расположлива состојба добив 2 плати. Моето прашање до вработената во експозитурата гласеше: Сакам да платам 120000 денари, имам на состојба 50000 и вашиот дозволен минус од 70000 имам точно 120000. Дали со оваа трансакција ќе влезам во минус? Ми вика да, ќе влезеш. Се сомневав дека не е во право и искочи дека не беше во право бидејќи не влегов, а буквално така платив. А не влегов бидејќи од тие 120000, мене ми скрати само 20000 односно една од 6те рати. Треба состојба ставката да ја пратиш а не расположлива состојба. Се додека состојбата ти е над ратата месечна што треба да им ја платиш не си во минус. А во минус ако влезеш 10 посто мислам беше договорот. Али не сум влегол па незнам околу тоа. Многу е добра за трошоци што ги имаш еднаш во годината, пример регистрација, одмор и сл.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.168
Поени од реакции
107.670
Е па тоа е изгледа. Ме интересира само следново: пример ја дочекуваш новата плата (+40000) со салдо -5000, и имаш состојба 35000. Како тоа се одразува на камата, долг, плаќање на истиот, итн. Едноставно кажано... колку кошта ваквата флексибилност и дали е подобро од земање кредит да речеме од 500 еур (има можност преку мКлик апликацијата), кој после би го враќал 12 месеци по 2600 ден.
Не знам што е тоа виолетов пакет, ама ако се двоумиш меѓу кредит и минусни плати земи си кредитна картичка. :) Минусните плати ќе ги вратиш НИКОГАШ, додека со кредитната картичка можеш да си играш, да ја полниш откако ќе земеш плата и да не ти земе камата и да ги вртиш парите. Или ако не сакаш кредитна тогаш земи си мал потрошувачки кредит, бар така ќе знаеш дека толку и толку враќаш рата месечно и лека полека го отплаќаш кредитот. Со минусните плати е заебано, ако еднаш влезеш у минус после потешко е за враќање, ќе бидеш константно во минус, ќе ти земаат камата на крај на месец, моментално е 14%, и не дај боже ако останеш без работа и не земаш веќе плата во банката каде што имаш минусни плати 3 месеци со ред тогаш ти се укинуваат минусните плати и сметката ти оди во минус за износот кој што ти бил искористен од минусните плати (ако имаш искористено зборам) и ќе мора да ги платиш во брзо време за да не заглавиш не дај боже на извршител.
 
Coca Cola

Пашламарка
Член од
4 јануари 2009
Мислења
889
Поени од реакции
1.429
zaebani se kamatite sega
 
Kajgana Shop

На врв Bottom