- Член од
- 6 јуни 2009
- Мислења
- 27
- Поени од реакции
- 4
Тоа тогаш беше најава дека се разговра за тоа, новинарите избрзаа затоа што не им беше кажано што договараа двете партии. Беше договорено да се сменат Статутите на двете партии, за да ВМРО-ДП се спои со ВМРО-ДПМНЕ, не беше предвидено гаснење на ВМРО-ДП, како што тоа го направија другите, меѓутоа политичкиот “прагматизам“ на поголемата партија во однос на политичките партии на албанското малцинство, кој кулминира со коалицијата со ДУИ, ја замрзна постапката.Првиот човек на ВМРО-ДП и еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Голубовски, се врати во својата матична партија. Тој од вчера и официјално ја присоедини својата партија кон ВМРО-ДПМНЕ, која поради несогласување со нејзиното водство ја напушти уште додека Георгиевски беше лидер. "Идејата на ВМРО не се наследува, туку се прифаќа и брани. За неа треба да се постигне политички консензус на сите македонски партии, а, несомнено, ВМРО-ДПМНЕ е лидер на таа идеја", изјави Голубовски.
за псоле пак да излези сам на избори итн итн, уствари мислам заедно со страшо да не беше.
За жал сега и околу спорот за името со Грција повторно имаме различен пристап. Како што е познато ВМРО-ДП е против “разумен“ компромис, против било какви додавки и придавки и е за прекинување на разговорите за името.
Во однос на последните избори точно е дека имаше коалиција со ТМОРО-ВЕП, со која беа добиени повеќе од 25.000 гласови и 14 советнички мандати, во една целосна медиумска блокада без финансиски средства, резултат подобар од она што го остварија НСДП, ПОДЕМ, СДУ, ЛП, ама и тоа беше премолчено од медиумите.
Значи ВМРО-ДП има членство, па незнам зашто една таква претпоставка, дека оној што е за оваа партија мора да е член на семејството на нејзиниот лидер :raz: