У друштво бевме околу десетина деца(Машки - Копиљаци), дури одевме во основно многу добро се слагавме се одеше супер и со нив ги доживеав првите: успеси и разочарувања, првите среќни и тажни моменти, со нив ја доживеав и првата љубов, со нив научив шо е почитување и морал, со нив научив што е сакање и што значи тоа, со нив научив да бидам тоа што сум и да издржам во најтешките моменти ... Тие ме следеа во животот и од нив добивав подршка а подршката во животот е многу битна ти крева самодоверба и респект за себе ... Подоцна стигнавме во средно( е сеа е друг филм) ... почетокот на средно беше се супер океј... еден човек голем поколу 45-50 години ми кажа "Таква голема екипа од по десеттина души никогаш нема да издржи заедно затоа што сте многу и сите имаат различи мозоци, можи сеа за сеа е супер ама ке тргне наопаку кога тогаш, не дека сте лоши деца него сепак ќе се најди кретен што ќе ве еби сите, немора да е од екипата можи и да е странец" ... некаде во средината на моја прва година едно дете од екипата рече да земиме негов комшија / другар со нас бидејќи немал со кој да излага и дека бил кул тип... се согласивме и почна да иди со нас, и од тогаш веќе почнува приказната за екипата ... во првите моменти изгледаше добар и примерен ... првиот месец со нас му одеше многу добро, а веќе вториот месец детето како да се смени во понашање и во мислите ... почна да не кара еден со друг (ние тоа да не ти го знаеме , упм) ... така се направија проблеми и друштовото го изгуби "жарот" што го имаше ... веќе се поделивме на два дела и беше исто како да војуваме а тоа беше војна за докажување или кој ке издржи најдолго ... дури почнаја и некакви тепачки кај едни двајца типови ... добро тоа и направивме некаков баланс демек многу години бевме заедно дај да видиме што можиме да направиме, дали да се делиме секој на своја страна или да продолжиме ... решивме да продолжиме и ги правевме истите работи како и порано (ама не беше то то некако) ... Еден ден во школо сретнав едно чупе почнав да чуствувам нешш кон неа и таа кон мене... бидна шо бидна бевме заедно добро се слагавмее а и таа беше кул ... еден ден(на средба) почна да ми кажува некои работи демек јас сум бил искористувач, кретен, морон, како сум можел да ја лажам и да одам со други, дека сум му ебал пола година од животот нејзин за џабе и такааа ... а во меѓувреме овај копиљаков да ти му изнаречи се и сешто за мене со цел тој да ја ќари ... истото му го правеше и на останатите ... веќе екипава пак е на "стаклени нозе" ... на журка ваѓаше многу пари и се однесуваше "rich" спрема другите, како да беше некаков босс а ние обични смртници 100 денари за 3 дена ... пак се поделивме и се искаравме еден со друг ама онака машки и знаевме дека повеќе никогаш нема да бидеме екипа пак ... помина некое време и јас почнав да се занимавам со пиратерија а ми помагаше еден школски а тој за тоа беше махер, му немаше рамен... во меѓувреме другарка на таа женската моја ми спомна дека овај нешш му рекол за мене ... јас му кажав на "махерот" и се обидовме да му влеземе на фб ... тоа беше некаде 2009 кога фб беше во најголем тренд и скоро никој немаше толкава сигурност на профилите како што е денес, тоа беше лесна работа за нас и веќе влеговме ... видовме чатови со неколку другари од друштвото каде што му кажува лаги, демек јас сум зборувал за некој друг, дека сум му сакал да му ја земам женската, дека сум се фалел како сум ја мувал/ебел и такви работи што мислам дека стварно се осетливи... кажав на неколку деца дека тоа е тоа и дека се почнува од него, како што знаеме да го исфрлиме и да продолжиме(ако веќе можи) ... го пуштивме муабетот и како ништо да не било, не ни веруваше никој ... натеравме уште неколку деца да ни веруваат и пак нишш... ова детето што го донесе у друштво некако беше приврзан за него и никако ама баш никако неќеше да прифати дека тоа е така и цело време пакк беше со него, се дружеа, фудбал играа и ткааа... тој копиљакот напраи шо напраи со нас(не изнаеба јако) и се оттргна и не остаи во лоши односи... а по неколку недели му "закопа" нош у грб на детево што беше приврзано за него... на екипата веќе му се ближеше крајот и сите бевме свесни за тоа, а по некое време се поделивме и никогаш не успеавме да направиме неш и да се здружиме(без него) ... после тоа секој на своја страна, кој најде друго друштво, кој фати девојка и почна да излага со неаа ,и така секој на свој пат и секој си се снајде како што знаеше ... некои од другариве дури и ден денеска не зборуваат и неќат да се видат на улица, дури и такви последици имаше ... од оваа случка научив да не му верувам на некој непознат, колку и да делува добар и невин сепак можи во него да се крие ѓаволот и да те еби до коска. Сепак сум имал среќа што сум дознал "кој е тој" на време, затоа што можеше и мене да ми каже како зборувале за мене и да направиме тепачки за џабе ... Ден денеска жалам за друштото, незнам зошто ама и јас бев некако приврзан за нив, едноставно бевме погодени еден со друг и никогаш не сретнав такво друштво, туку сите беа скоро од корист и такви работи .............