Вести: Археолошки истражувања во Република Македонија

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Археолошки предмети откриени на трасата за транспорт на руда кон Боров Дол

Археолози од Штип, Струмица и Скопје интензивно работат на откривање на рударска населба од железното време, а која се наоѓа на просторот каде што ќе поминува транспортната траса по која ке се носи рудата од новиот рудник Боров Дол до радовишки „Бучим“.

На овој локалитет пронајдени се две печки за топење на руда, монети од 3 и 4век ,како и керамика карактеристична од пред осум илјади години.

Археолошките истражувања финансиски ги поддржува рудникот за бакар и злато Бучим, а кој доколку до 2020 година не го отвори Боров дол ќе мора да стави клуч на врата.

Ова е втора архелошка акција, пред околу седум месеци во месноста Боров Дол откриена е рударска населба која датира од 5 и 6 век пред новата ера. Археолошките истражувања ке завршат до крајот на мај.



извор; https://telma.com.mk/arheoloshki-predmeti-otkrieni-na-trasata-za-transport-na-ruda-kon-borov-dol/

Не е археологија но сепак;
Во Долни Дисан откриени уникатни фосили од слон постар од мамутите


Фосилни остатоци од изумрен вид на слон, чија старост се проценува на околу осум милиони години, се пронајдени во близина на селото Долни Дисан, Неготинско, соопштија денеска од Природонаучниот музеј на Македонија и Министерството за култура.

Како што информираат оттаму, станува збор за уникатно палеонтолошко откритие, а во тек се активности за колекционирање и конзервирање на пронајдените фосилни остатоци.

Тие биле откриени при теренска работа во текот на минатата година, а ископувањето на фосилните остатоци почнало на 20 април, годинава. Во него учествуваат палеонтолошки екипи на Природонаучниот музеј на Македонија и Природонаучниот музеј во Софија.

повеќе инфо; https://novatv.mk/vo-dolni-disan-otkrieni-unikatni-fosili-od-slon-postar-od-mamutite/

 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
„Заливот на коските“ во Охрид ќе се истражува со нови софистицирани археолошки методи

Предисториската наколна населба, локалитетот „Плоча-Миќов Град“ (Залив на коските) кај Градиште во Охрид, во текот на следниов месец ќе се истражува со нови софистицирани археолошки методи. За првпат ќе бидат применето дендрохронолошко датирање, така што ќе се анализираат дрвените колци од населбата, а воедно ќе се изврши и нивно ГИС мапирање со цел да се одреди точната позиција. На тој начин, ќе се утврди староста на секоја градба поединечно и прецизно ќе се одреди нивниот облик.



„Минатата година започнаа нови истражувања што ќе се надоврзат на претходните и ќе ги надополнуваат. На тој начин ќе се овозможи нова перспектива за времето во кое функционирала населбата, но и за нејзиниот изглед и за заедницата која егзистирала во неа. Покрај примената на нови археолошки методи, една од целите на овогодинешното истражување е приближувањето на археолошките проучувања и методи до пошироката јавност. Поради тоа секојдневно ќе има отворен јавен час на локалитетот во рамките на кој методите на истражување ќе им бидат презентирани на гостите. Тоа ќе овозможи сите заинтересирани љубители на минатото да се запознаат со процесот на истражување на една наколна населба, но и да дознаат повеќе за времето и начинот на живеење во предисторијата“, велат од Управата за заштита на културното наследство.

Како резултат на овој меѓународен проект кој се реализира во соработка меѓу Центарот за истражување на предисторијата -Скопје, Универзитетот во Берн и Охридскиот музеј ќе се формира и дендрохронолошка лабораторија во Музеј на Македонија, во која обучени македонски стручњаци ќе ја применат оваа метода во повеќе сфери на материјалната култура, како што се археолошките артефакти и структури од дрво, средновековните икони, инструментите и покуќнината од измининатите два века итн.

Локалитетот „Плоча-Миќов Град“ потекнува од крајот на бронзеното време и почетокот на железното време. Населбата била активна во периодот околу 1000 години пред.н.е, односно пред 3.000 години. За разлика од останатите населби во овој период, каде што градбите се од камен или плитар, таа е изработена од масивни дрвени колци на кои се поставувале платформи за една или повеќе куќи.

Населението правело керамички садови за храната, а од овој материјал се изработувале и тегови користени за рибарските мрежи. Првите археолошки ископувања на овој локалитет се реализирани пред петнаесетина години кога се востановени неговите архитектонски карактеристики и обележјата на материјалната култура, врз што е направена реконструкција на локалитетот којашто и денес привлекува голем број гости.

извор; https://www.porta3.mk/zalivot-na-koskite-vo-ohrid-kje-se-istrazhuva-so-novi-sofisticirani-arheoloshki-metodi/
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.125
Поени од реакции
17.913
https://www.mkd.mk/kultura/8000-godini-stariot-neolitski-lokalitet-vrbjanska-chuka-kje-bide-pretstaven-na-megjunarodni

Прилеп
8.000 години стариот неолитски локалитет Врбјанска чука ќе биде претставен на меѓународни конференции
Локалитетот ќе биде претставен на конференции во Шпанија, Швајцарија и во декември во Македонија.

Според Гоце Наумов од Центарот за предисториски истражувања на Македонија, посебноста на локалитетот го привлекла вниманието на европските врвни стручаци.

„Посебно фасцинира фактот што за прв пат на овие простори се пронајдените органски отпечатоци на жито од пред 8.000 години. Уникатни дефинитивно за Македонија, но и за балканскиот простор се големите стопански структури кои ги откриваме. Досега се седум кои пред сѐ се за чување жито, за обработка, подготовка и печење леб, бидејќи откриваме печки, амбари, сандаци. Специфична е и керамиката која има посебни форми и декорации, единствени за локалитетот „Врбјанска чука“. Сето тоа ние го публикуваме и го привлекува вниманието на стручњаците од Европа“, појасни Наумов.

Лабораториските анализи на остатоците на житото ја потврдуваат староста на локалитетот во 5.900 година пред нашата ера, или од пред 8.000 години, а Пелагонија со почетокот на неолитот се издвојува како посебност, со карактеристики, уникатни и во светската археологија.

„Ги завршивме теренските истражувања. Локалитетот ќе биде презентиран на конференции во Шпанија, во Швајцарија, а во декември ќе организираме конференција и во Македонија. Тоа значи дека Врбјанска чука ќе привлече уште повеќе внимание, а веќе има интерес од врвни стручаци од неколку универзитети од Европа. Имаме учество на стручњаци од Шпанија, Чешка, од Германија, Словенија каде се вршат лабараториски анализи. Имаме и конкретни понуди за соработка за наредната година. Тимот и бројот на стручњаците од Европа ќе се зголемат, а тоа ќе значи уште потемелно истражување“, рече Наумов.



Тој потенцира дека лабораториски ќе се анализираат пронајдените примероци - органските остатоци, семињата, животинските коски, архитектурата, масните киселини, ќе се прават изотопски анализи на остатоците на животни, но и на човечки коски.

Истражувањата кои се прават во соработка со Институтот за старословенска култура од Прилеп, потврдија голема активност на локалитетот Врбјанска чука и во римскиот и во средновековниот период.

----------------------------------------------------------------------------------------------

@LordDragonII кој племиња живееле пред 6000 години п.н.е. во Пелагонија, има податоци?

Мое мислење е дека мора да има слична обсерваторија како Кокино некаде на потегот Маркови Кули - Трескавец со околните камени ридови.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
При крај се археолошките истражувања на локалитетот „Пилав Тепе“ каде што ќе се гради експресниот пат Штип - Радовиш

 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.274
ОТКРИЕНА НЕОЛИТСКА НАСЕЛБА ВО СТРУМИЧКО СТАРА 7.500 ГОДИНИ

Струмичките археолози во непосредна близина на населеното место Костурино, по двoмесечни истражувања открија неолитска населба стара 7.500 години. Населбата е откриена во месноста „Орниче“ каде се пронајдени остатоци од живеалишта, керамика и орудија што укажува дека во овој дел на Струмичко имало живот и во праисторијата.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.125
Поени од реакции
17.913
Денеска слушнав дека под Манастирот Трескавец се наоѓа антички град, ми се чини дека ми рекоа дека се работи за Колобајса (Kolobaisa).

Манастирот се наоѓа на плоштадот од античкиот град кој датира од 4 век пред наша ера, и постоел се до 6 век наша ера.

Има некој повеќе инфо ?
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Истражувања во Неготинско: Откриени остатоци од акропола на „Чаир Рид”

На локалитетот „Чаир Рид” во Неготинско откриени се архитектонски остатоци на акропола.
Според директорката на неготинскиот музеј, Драгица Чекорова, откритијата укажуваат на постоење на урбана населба од хеленистичкиот период, за чие откривање исто така се потребни понатамошно пообемни истражувања.

повеќе;
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.421
Поени од реакции
20.125
Појке инфо?!
Надгробна плоча и еден камен саркофаг, карактеристично за тој дел од карпош. Ленче Јованова била таму така да ќе идат правец Скупи овие.

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk
Автоматски споено мислење:

 
Последно уредено:
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.125
Поени од реакции
17.913

Годинава, вели археологот Ристески, ги заокружиле истражувањата од првата фаза и фасцинираат уникатните наоди.

„Годинашниве археолошки истражувања се заокружување на првата етапа од археолошките истражувања на комплексот Трескавец кои започнаа во 2008 година. Како резултат на овие седум обемни археолошки кампањи успеавме, во основни црти, да ја дефинираме историјата на културата на овој простор и при што издвоивме 10 основни етапи, почнувајќи од доцното бронзено време до средината на 20 век. Помеѓу овие десет етапи на користење на овој простор од особено културно-цивилизациско значење за поширокиот Балкански простор имаат етапите поврзани со користење на античката населба и манастирот „Успение на пресвета Богородица“, Трескавец, вели Ристески.

Тој појаснува дека истражувањата, главно, беа насочени кон финално дефинирање на карактерот на античката населба Колобаиса во нејзините две основни етапи. Првата етапа е од крајот на првиот и почетокот на вториот век па до последните децении на четвртиот век, и втората етапа, таканаречената Рановизантиска е од петиот и шестиот век.

„Успеавме да ги дефинираме архитектонските, функционалните решенија на двата влеза во населбата. Главниот влез е позициониран на западната страна од бедемот и помошниот простор (потерната) на источната страна. Она што е најбитно како заклучок е дека конструкцијата, или техничките решенијана овие влезови јасно упатуваат на тоа дека немаат нагласена фортификациска (одбранбена) улога што ја потврдува нашата почетна теза дека овој простор уште од праисторијата па до ден-денес, има нагласено сакрално, култно значење. Имено, дури и во периодот на 5 и 6 век кога Колобаиса е вклучена во одбранбениот систем на Северна Пелагонија како просторна заштита и уште тогаш нема нагласени фортификациски објекти, туку само комуникациски пункт“, посочува Ристески.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Проект Кралството Македонија
Ново археолошко откритие на професорот Лилчиќ, повик за помош и заштита на воениот логор на Персеј


Lilcic.jpg


Во близина на селото Азот, по долината на реката Бабуна, откриен е досега најголемиот воен логор на последниот македонски крал Персеј. Ова наоѓалиште Кале каскади е во близина на една голема древна некропола во која биле погребани веројатно над илјада македонски воини кои го бранеле патниот коридор кон пелагонските градови, изјави Виктор Лилчиќ, македонски археолог и професор по археологија на Филозофскиот факултет во Скопје. Тој апелира за заштита на ова наоѓалиште од дивите копачи и бара помош за продолжување на ископувањата.

Ова е досега целосно непозната античка македонска воено-стратегиска база.

„Во близината на повисока кота уште пред петнаесетина години видовме древен кастел спекула. Замислете, сите три локалитети сѐ уште ги нема во археолошката стручна литература. Го посетивме местото без истражување, а во очекување на дозвола од Управата за заштита на културното наследство“, вели за МКД.мк професорот Лилчиќ.

Наодите на фотографиите се откриени од истражувањето на некрополата во рамките на минатогодишниот проект на НВО Центар за археолошки истражувања Скопје и Филозофскиот факултет Скопје „Пелагонија, Повардарието и источна Македонија, рекогносцирање на старите градови и тврдини“.



Lilcic2.jpg

Професорот вели дека продолжувањето на ова истражување ќе има големо значење во откривањето на воено-стратегискиот логор на Персеј затоа што веќе се забележани дупки направени до диви копачи кои лесно ја намирисале можноста за брза заработувачка преку трговијата со македонското археолошко богатство.

Професорот веќе го нарече овој проект како „Кале каскади, стратегиска база на македонскиот крал Персеј за одбрана на Пелагонија“.

„Република Македонија е буквално потопена со археолошките остатоци на древното кралство Македонија. Градови, тврдини, воено-стратегиски старомакедонски бази, кастели, гранични караули, монети на македонските кралеви, старомакедонски бронзени штитови со македонското сонце, артефакти од кои „боли глава“!


Lilcic3.jpg


Македонските влади преку Министерството за култура го подржаа проектот. Но не како што доликува, во насочување и фокусирање на оформување на челичен фронт со најмалку десетина бастион-кули (оформување Институт за старомакедонската археологија, македонска нумизматика, македонска полеогенеза, македонска геостратегија, македонското војување и вооружување, применети тактики и стратегии на почвата на Република Македонија, старомакедонски воено-стратегиски бази и кастели, фазите на организација на кралството под кралевите Александар I, Архелај, Пердика II, Аминта, Филип II, Александар III Македонски, Касандар, Деметриј Полиоркет, Антигон Гонат, Филип V, Персеј). Реално гледано вистинските потреби на замислениот и планиран обем на работите не беа комплетирани.

Па затоа речиси и не се премина на археолошки ископувачки деликатни операции на старомакедонските места. Само површинско истражување – рекогносцирање. Недоволно. Боли што раководствата никогаш не ја разбраа археолошката насока на потрагата околу вистинските одговори по името Македонија преку конкретни истражувања на старомакедонските локалитети. Беа само тапкања по рамо и мали суми со кои можевме да рекогносцираме“, вели Лилчиќ.

Професорот е еден од идејните основачи на макро-проектот Кралството Македонија што е замислен и планиран како „силен археолошки фронт за одбрана на името Македонија. Започнавме да го градиме во 1994 година со легендарната историско-нумизматичката студија на Никола Шелдаров и Виктор Лилчиќ, Кралевите на античка Македонија и нивните монети во Република Македонија. Се работи за сериозна научно-истражувачка работа на докажување на правото на името Македонија, што сѐ уште трае, но за жал без конкретна подршка во Македонија во последните неколку години. Успеавме да посетиме и документираме огромен број антички македонски локалитети, градови, тврдини, воено-стратегиски бази. Упорно и систематски обнародувавме научни статии, студии, интервјуа, мислења, јавно обнародени совети...


Lilcic4.jpg


Денес, после 26 години, нештата се многу појасни, ги знаеме локациите на древните старомакедонски градови, утврдувања и гробишта на древните Македонци. Со скромните средства ги запознавме и документиравме главните патни коридори, како и старомакедонските воено стратегиските бази и кастели, некрополи. На терен ги идентификувавме силните напори на античките македонски кралеви од Александар I до последниот Персеј, за одбрана на цивилизациските градски центри од северните инвајдери, Келтите, Аутаријатите, Дарданците, Бастарните, Илирите и другите агресори. За продолжување на ова истражување неопходна е подршка за набавка на сериозна истражувачка опрема и трошоци (моќни теренски возила, фото-опрема за снимање од земја и од воздух, опрема за скенирање и детектирање, дигитална ГПС опрема, средства за транспорт, гориво, дневни патни трошоци за истражувачките тимови, хонорари за професионалците и експертите)...

Да создадеме моќна фото и видео-документација. Да спасиме огромен број старомакедонски монети од исчезнување. Да спасиме многу поголем број древни старо-македонски аргументи и докази од заборавот“, апелираат од Центарот за археолошки истражувања Скопје.

 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.709
Поени од реакции
15.580
Проект Кралството Македонија
Ново археолошко откритие на професорот Лилчиќ, повик за помош и заштита на воениот логор на Персеј


Прегледај го приврзокот 232498


Во близина на селото Азот, по долината на реката Бабуна, откриен е досега најголемиот воен логор на последниот македонски крал Персеј. Ова наоѓалиште Кале каскади е во близина на една голема древна некропола во која биле погребани веројатно над илјада македонски воини кои го бранеле патниот коридор кон пелагонските градови, изјави Виктор Лилчиќ, македонски археолог и професор по археологија на Филозофскиот факултет во Скопје. Тој апелира за заштита на ова наоѓалиште од дивите копачи и бара помош за продолжување на ископувањата.

Ова е досега целосно непозната античка македонска воено-стратегиска база.

„Во близината на повисока кота уште пред петнаесетина години видовме древен кастел спекула. Замислете, сите три локалитети сѐ уште ги нема во археолошката стручна литература. Го посетивме местото без истражување, а во очекување на дозвола од Управата за заштита на културното наследство“, вели за МКД.мк професорот Лилчиќ.

Наодите на фотографиите се откриени од истражувањето на некрополата во рамките на минатогодишниот проект на НВО Центар за археолошки истражувања Скопје и Филозофскиот факултет Скопје „Пелагонија, Повардарието и источна Македонија, рекогносцирање на старите градови и тврдини“.



Прегледај го приврзокот 232499

Професорот вели дека продолжувањето на ова истражување ќе има големо значење во откривањето на воено-стратегискиот логор на Персеј затоа што веќе се забележани дупки направени до диви копачи кои лесно ја намирисале можноста за брза заработувачка преку трговијата со македонското археолошко богатство.

Професорот веќе го нарече овој проект како „Кале каскади, стратегиска база на македонскиот крал Персеј за одбрана на Пелагонија“.

„Република Македонија е буквално потопена со археолошките остатоци на древното кралство Македонија. Градови, тврдини, воено-стратегиски старомакедонски бази, кастели, гранични караули, монети на македонските кралеви, старомакедонски бронзени штитови со македонското сонце, артефакти од кои „боли глава“!


Прегледај го приврзокот 232500


Македонските влади преку Министерството за култура го подржаа проектот. Но не како што доликува, во насочување и фокусирање на оформување на челичен фронт со најмалку десетина бастион-кули (оформување Институт за старомакедонската археологија, македонска нумизматика, македонска полеогенеза, македонска геостратегија, македонското војување и вооружување, применети тактики и стратегии на почвата на Република Македонија, старомакедонски воено-стратегиски бази и кастели, фазите на организација на кралството под кралевите Александар I, Архелај, Пердика II, Аминта, Филип II, Александар III Македонски, Касандар, Деметриј Полиоркет, Антигон Гонат, Филип V, Персеј). Реално гледано вистинските потреби на замислениот и планиран обем на работите не беа комплетирани.

Па затоа речиси и не се премина на археолошки ископувачки деликатни операции на старомакедонските места. Само површинско истражување – рекогносцирање. Недоволно. Боли што раководствата никогаш не ја разбраа археолошката насока на потрагата околу вистинските одговори по името Македонија преку конкретни истражувања на старомакедонските локалитети. Беа само тапкања по рамо и мали суми со кои можевме да рекогносцираме“, вели Лилчиќ.

Професорот е еден од идејните основачи на макро-проектот Кралството Македонија што е замислен и планиран како „силен археолошки фронт за одбрана на името Македонија. Започнавме да го градиме во 1994 година со легендарната историско-нумизматичката студија на Никола Шелдаров и Виктор Лилчиќ, Кралевите на античка Македонија и нивните монети во Република Македонија. Се работи за сериозна научно-истражувачка работа на докажување на правото на името Македонија, што сѐ уште трае, но за жал без конкретна подршка во Македонија во последните неколку години. Успеавме да посетиме и документираме огромен број антички македонски локалитети, градови, тврдини, воено-стратегиски бази. Упорно и систематски обнародувавме научни статии, студии, интервјуа, мислења, јавно обнародени совети...


Прегледај го приврзокот 232501


Денес, после 26 години, нештата се многу појасни, ги знаеме локациите на древните старомакедонски градови, утврдувања и гробишта на древните Македонци. Со скромните средства ги запознавме и документиравме главните патни коридори, како и старомакедонските воено стратегиските бази и кастели, некрополи. На терен ги идентификувавме силните напори на античките македонски кралеви од Александар I до последниот Персеј, за одбрана на цивилизациските градски центри од северните инвајдери, Келтите, Аутаријатите, Дарданците, Бастарните, Илирите и другите агресори. За продолжување на ова истражување неопходна е подршка за набавка на сериозна истражувачка опрема и трошоци (моќни теренски возила, фото-опрема за снимање од земја и од воздух, опрема за скенирање и детектирање, дигитална ГПС опрема, средства за транспорт, гориво, дневни патни трошоци за истражувачките тимови, хонорари за професионалците и експертите)...

Да создадеме моќна фото и видео-документација. Да спасиме огромен број старомакедонски монети од исчезнување. Да спасиме многу поголем број древни старо-македонски аргументи и докази од заборавот“, апелираат од Центарот за археолошки истражувања Скопје.

ние додека се трткаме комшиите бизниси си прават... не само грците, еве и албанците...https://www.go-albania.com/site/article.php?aid=26&cid=6
Точно е дека Антигон Гонат има изградено повеќе градови , т.е. има повеќе Антигонеи, но зошто и ние да не ја промовираме нашата , а почетни откритија има поодамно, опишани се во оваа тема..!!
Пишав и за Киклопскиот град во Охрид, а еве сега и ова за Логорот на Персеј...
Па и ако нема пари, можеби може да се најдат странски спонзори , секако подобро од диви копачи да однесат се во Грција...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom