Верски вести III

Член од
4 декември 2011
Мислења
44
Поени од реакции
19
Добила шамар бидејќи се прекрстила среде струшко Октиси

Постара жена од православна вероисповед си заработи шлаканица бидеќи се прекрстила среде селото Октиси, пренесува Дневник. Според весникот, шлаканица и удрил еден од жителите-муслимани.
Инцидентот се случил кога жената се прекрстила додека поминувала покрај локацијата на која сега треба да се подигне параклисот. Нејзиниот соселанец и порачал дека тука „не може да се крсти“. Полицијата му поднеле кривична пријава, но, според Дневник, во струшкото обвинителство ја отфрлиле.
http://www.press24.mk/dobila-shamar-bidejkji-se-prekrstila-srede-strushko-oktisi
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
ВО КАНЗАС, САД
Христијанска група го тужи образовниот систем зашто учењето наука „промовира атеистички ставови кај учениците“
Една религиозна група поднела тужба против одборот за образование во Канзас, во обид да ги спречи педагозите да ги вметнат глобалното затоплување и еволуцијата во државната образовна програма. Христијанската организација вели дека таквите лекции ќе ја нарушат верската слобода на родителите, пренесува Раша тудеј.
Непрофитната група позната како Граѓаните за објективно јавно образование (КОПЕ) го нападнала Канзас, како и уште 25 други држави и Националниот истражувачки совет, поради спроведувањето на новите стандарди што наложуваат во училиштата да се изучува општоприфатената наука.
Петнаесет родители и нивните 18 деца се приклучиле во тужбата, а еден од нив за Асошиејтед прес изјавил дека тие се христијани што сакаат нивните деца да веруваат дека „животот е креација направена со одредена цел“.
„Државата треба едноставно да им каже на учениците ‘Создавањето на животот продолжува да биде научна мистерија и на таа тема има многу спротивни идеи’“, вели Џон Калверт, локален адвокат инволвиран во случајот.
Иако научниците и судскиот систем пред неколку децении ја прогласија контроверзијата „еволуцијата наспроти креационизмот“ за неважна, дебатата на оваа тема сè уште беснее меѓу религиозните групи во САД, главно христијани, додека училишните управители се обидуваат да го модернизираат образованието.
Во тужбата се наведува дека државниот образовен систем во Канзас се обидува да промовира „нетеолошки религиозен поглед кон светот“ со тоа што ги учи учениците за широко усвоената теорија на Чарлс Дарвин.
Тезата за еволуцијата, која тој првпат ја изнел кон средината на 19 век, укажува на тоа дека не можат сите видови да преживеат и дека ќе продолжат да постојат само оние што се најспособни да преживеат во својата животна средина. Според таа логика, луѓето и животните ќе ги развијат оние карактеристики со кои ќе можат да напредуваат со текот на времето.
КОПЕ тврди дека со вклучувањето на овој материјал во системот училиштата ќе ги промовираат „материјалистичките“ и „атеистичките“ одговори на научните прашања. Според нив, Канзас ќе ги „индоктринира“ учениците, што е во директна спротивност со Првиот амандман на Уставот, кој го гарантира индивидуалното право на славење на својата религија, без страв од казни.
„До трето одделение ги учите сите основни елементи на дарвинистичката еволуција“, вели Калверт. „До средно училиште веќе сте дарвинист“.
Целата заедница се изјаснила против тужбата, заедно со научниците и образовните активисти. Дури и другите религиозни групи ја осудиле тужбата како губење време, нарекувајќи ја „лекомислена“.
Против тврдењата во тужбата се изјаснил дури и Баптистичкиот заеднички комитет за верска слобода, кој се дефинира себеси како организација посветена на одбраната и проширувањето на „од бога дадената верска слобода“ на сите граѓани.
--- надополнето: 28 септември 2013 во 22:35 ---
Жените не смеат да возат бидејќи тоа влијае лошо на јајниците и карлицата

28.09.2013 | 15:09

Жените во Саудиска Арабија кои ја оспоруваат забраната за возење на автомобили, треба да сфатат дека возењето може да влијае лошо врз јајниците и карлицата, изјавил саудискиот шеик Салах ал-Лухајдан, воедно и психолог, пренесува Ал Арабија.

Возењето "може да има инвертно физиолошко влијание. Физиолошката наука и медицина ја проучувале оваа работа и дошле до откритие дека возењето автоматски влијае врз јајниците и карлицата. Тоа е причината поради која жените кои возат често раѓаат деца со клинички пореметувања од различен степен", рекол шеикот ал-Лухајдан.

Саудиските женски активисти започнале интернет кампања во која ги повикуваат жените да возат автомобили на 26. октомври.
Повеќе од 11.000 жени ја потпишале петицијата во која стои: "Со оглед на фактот што не постои јасно оправдание за државата да им забрани на возрасните, способни жени да возат, на сите жени мора да им се овозможи да научат да возат, а оние кои знаат да добијат возачки дозволи".


http://tocka.com.mk/1/106532/zenite-ne-smeat-da-vozat-bidejki-toa-vlijae-loso-na-jajnicite-i-karlicata
--- надополнето: 28 септември 2013 во 22:39 ---
Татко ја поклонил својата 16-годишна ќерка на сириските бунтовници да им биде сексуална робинка! ВИДЕО+



16-годишната Раван Милад Ал-Дах неодамна била спасена од сексуално ропство и се појавила пред телевизиските камери да ја раскаже својата страшна приказна.

На оваа снимка таа сведочи дека нејзиниот татко во име на џихад ја подарил на сириските бунтовници кои ја користеле како сексуална робинка.
Таа е едно од четирите деца на фармерот Милад Мусе Ал-Дах.
"Пред војната мојот татко беше фармер и се занимаваше со земјоделство. Кога започна војната, во нашето семејство сите почнаа да се расправаат. Што и да направев татко ми ќе ме удреше, што и да се случеше татко ми ќе ме казнеше", тврди Милад и додава дека откако започнала војната нејзиниот татко дома носел вооружени лица.
"Јас на почетокот не знаев кои се тие, но бев шокирана кога 15 денови по ред, мојот татко, мајка, браќа и сестри не сакаа да разговараат со мене. Никој од нив не сакаше да влезе во мојата соба и да разговара со мене. Кога одев до тоалет, морав веднаш да се вратам во собата. Татко ми ми' даваше храна и се' што ми беше потребно, но не ми беше дозволено да излегувам од дома, а не смеев да одам ниту во училиште", тврди Милад, чиј татко по 15 денови и кажал да се истушира, нешто ја зачудило, но сепак била среќна што конечно ќе може да излезе од својата соба.
"Додека се туширав, влезе еден човек кој имаше околу 50 години и беше нормално облечен. Влезе во бањата, која беше мала, но нему тоа не му пречеше. Почнав да викам за помош, и тогаш тој ме фати за коса и ме одведе во мојата соба. Мојот татко го слушна сето тоа, но не дојде да ме спаси од тој човек. Тој човек ме силуваше и во тој момент дојде уште еден човек во собата. Првиот се' уште не престана да ме силува, а вториот веќе ми се приближуваше. Тогаш почнав да викам и да ги молам да се тргнат од мене. Во еден момент се онесвестив, и се освестив по 45 минути", тврди Милад и вели дека веднаш го прашала нејзиниот татко зошто не дошол да ја спаси од луѓето.
"Тогаш татко ми ми' кажа дека се' е во ред и дека е "Џихад" кога на муџахедин ќе му дозволиш да спие со тебе и на тој начин правиш добро дело и сите гревови ти се простени. Татко ми беше убеден дека тоа што ми го направија е "Џихад"", тврди Милад која набрзо се разболела.
Во приложеното видео можете да слушнете за хоророт кој го преживувала 16-годишната Милад.
28.09.2013 | 12:17


http://tocka.com.mk/1/106516/tatko-ja-poklonil-svojata-16-godisna-kerka-na-siriskite-buntovnici-da-im-bide-seksualna-robinka

:facepalm::facepalm::facepalm::facepalm:
--- надополнето: 28 септември 2013 во 22:54 ---
Папата Франциск предупредува дека католичката црква го губи фокусот

20.09.2013 06:58
Свет

Папата Франциск предупреди дека католичката црква го губи својот пат со претераното фокусирање на спроведувањето на политиката против контрацепција, абортус и хомосексуалност, наместо да ги отвори вратите и да ја направи цркцвата милосрдна институција.
Во интервју за италијанскиот езуитски магазин La Civiltà Cattolica, папата Франциск исто така ги повтори помирливите ставови кои неодамна ги даде во врска со геј луѓето.
„Еден човек ме праша, во провокативен манир, дали ја одобрувам хомосексуалноста, а јас му одговорив со друго прашање: кажи ми ти мене, кога Бог гледа на геј луѓето, дали го прифаќа нивното постоење со љубов или ги отфрла и осудува?“
Папата додава дека неговите коментари за третирањето на хомосексуалците со почит не претставуваат застранување од учењето на црквата. На некој начин, тој ја најави промената во реториката на официјален Ватикан кога запрашан околу ставот за сексуалноста на свештениците, минатиот јули одговори: „Кој сум јас да судам?“
„Црковната пасторална служба не смее да биде опседната со пренесување на мноштво неповрзани доктрини со упорно наметнување. Мора да пронајдеме нов баланс. Во спротивно моралот на црквата ќе падне како кула од карти, ќе ја изгуби свежината и мирисот на Евангелието.“.
Папата Франциск смета дека е погрешно да се инсистира само на прашањата на абортусот, геј браковите и употребата на контрацептивни методи. Црковното учење по тие прашања е јасно, но нема потреба постојано да се зборува за тоа. Исто така, Франциск повика католиците кои се развеле и повторно стапиле во брак да се третираат поинаку, за да се чувствуваат добредојдени во своите парохии. Ова прашање претставува камен на сопнување за многу католици, бидејќи на оние кои по втор пат се венчаваат им се забранува причестувањето.
http://okno.mk/node/31683
--- надополнето: 28 септември 2013 во 23:07 ---
МАКЕДОНИЈА | 28. АВГУСТ 2013 - 13:50
И мавнал шамар бидејќи се прекрстила среде струшко Октиси http://sitel.com.mk/mk/i-mavnal-shamar-bidejkji-se-prekrstila-srede-strushko-oktisi
--- надополнето: 28 септември 2013 во 23:27 ---
http://www.press24.mk/dobila-shamar-bidejkji-se-prekrstila-srede-strushko-oktisi
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Масакр во студентски дом во Нигерија



Вооружени исламистички борци во североисточна Нигерија нападнале студентски дом во колеџ за земјоделство и запалиле повеќе простории. Се претпоставува дека се работи за убиени најмалку 50 студенти, јавува ББЦ.

Според полицијата, бројот на жртвите може значително да се зголеми.
-Досега регистриравме 28 жртви, изјави соработник на болницата во Даматуру, но воен портпарол пак изјави дека се работи за над 40 убиени.
Терористите упаднале во зградата и почнале да ги убиваат еден по еден студентите, кои во тоа време спиеле. Колеџот е под контрола на полицијата.
Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот. Во минатите месеци исламистичката терористичка група Боко Харам изврши повеќе атентати врз училишта во регионот. Оваа милиција од 2008 година со терористички методи се бори за воведување на шеријатското право во северна Нигерија. Како што самата наведува, таа е блиска до терористичката организација Ал Каеда.
Во мај владата на претседателот Гудлак Џонатан воведе вонредна состојба во североисточна Нигерија. Оттогаш, војската засилено се пресметува со припадниците на Боко Харам, кои пак го зголемија бројот на нападите врз цивилното население. Во многу села и места се формирани групи за самоодбрана.
Вестите од областа се обоени со пропаганда од двете страни и тешко проверливи. Во областа тешко можат да продрат независни набљудувачи.


http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=5&vest=7981
--- надополнето: 29 септември 2013 во 22:23 ---



СВЕТ | 29. СЕПТЕМВРИ 2013 - 19:20
Најмалку 25 загинати во самоубиствен напад во шиитска џамија во Ирак
Најмалку 25 лица денеска загинаа откако атентатор самоубиец се разнесе во шиитска џамија во ирачкиот град Мусајаб, пренесоа британските медиуми, повикувајќи се полицијата.
Експлозијата го урнала таванот на џамијата, каде луѓето оплакувале маж, кој бил убиен претходниот ден од бунтовници.
Под урнатините се уште има затрупани тела. Најмалку 50 лица се повредени.
Засега не е јасно кој стои зад нападот, што е последниот напад врз места за молитви - било шиитски или сунитски, особено за време на погреби.
Деликатниот баланс меѓу соперничките групи во Ирак е подложен на се поголема напрегнатост заради граѓанската војна во соседна Сирија, каде бунтовниците, кои се доминантно сунити, се борат против владата, поддржана од шиитски Иран.
--- надополнето: 29 септември 2013 во 22:28 ---
Бонино: Интеграцијата е единствен начин да се запре радикализација на младите муслимани во Европа

Објавено: 11:49, 29/09/2013 Прегледано: 40 пати.
Италијанскиот министер за надворешни работи Ема Бонино изјави дека интеграцијата на имигрантите е единствен начин да се запре радикализацијата на младите муслимани во Европа.

Германија неодамна објави дека минатата година околу 220 лица од Европа заминале во борба во Сирија. Властите се вознемирени, дека со нивното враќање во Европа, ќе се зголеми опасноста од тероризам.
Ема Бонино нагласи дека интегрирањето на имигрантите е предизвик за нејзината земја, каде неодамна беа упатени расистички навреди кон првата во Италија црна министерка.
Во Европа најмногу илеглани имигранти влегуваат низ Италија. Италијанскиот остров Лампедуза се наоѓа поблиску до Африка, отколку до Италија, и претставува главна порта за влез на имигранти од Северна Африка.

http://a1on.mk/wordpress/archives/212674
 
Член од
21 декември 2012
Мислења
924
Поени од реакции
452
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Кениски свештеник влева страв: Британци, вие сте следни, подгответе се за масакр!

01.10.2013 | 15:58
Абубакар Шариф Ахмед, кој регрутира убијци за естремистичката организација Ал Шабаб, одговорна за масакрот во трговскиот центар во Најроби, рекол дека нивна следна мета е Велика Британија.

Абубакар Шариф Ахмед, 50-годишен исламски свештеник од Кенија кој е баран поради регрутирање на убијци за Ал Шабаб, отворено ги предупредил Британците дека тие се следната мета на сличен терористички напад.
Прекарот му е Гробишта
Абубакар, познат по прекарот Макабури, што значи гробишта, во интервју за британскиот Дејли мејл, рекол дека главна цел е да биде отстранет британскиот премиер Дејвид Камерон, кој тоа го заслужува, бидејќи како и лидерот на САД Барак Обама, е масовен убиец.
Абубакар објаснил дека Ал Шабаб ќе ја нападне Британија неочекувано, и тоа во рамките на мисија на таа терористичка агенција да ги рашири шеријатските закони низ целиот свет.
„Британците ќе бидат напаѓани поединечно. Тоа значи дека нема да бидат поштедени ниту туристите на улица. Сите ќе умрете бидејќи Британците треба да умрат. Вашите лидери се виновни. И Обама е масовен убиец и би го дал својот живот за да го земам неговиот. Истото е и со Дејвид Камерон“ – рекол Абубакар.

Тој е осомничен дека во терористичките редови ја регрутирал и Британката Саманта Лутвајт (29), попозната како Белата вдовица, која се бара поради вмешаност во масовното убиство во трговскиот центар во Најроби, каде беа убиени 67 лица. Меѓутоа, тој за британскиот весник рекол дека не знае каде таа се наоѓа.
Не знае за Белата вдовица
„Ја викам Саманта Фокс (лисица), бидејќи таа и е лисица. Не сме сигурни ни дека постои, но ако вашите искази се вистинити, таа е супержена“ – истакнал свештеникот.
Инаку, Абубакар бил на приватен имот на кенискиот остров Мобаса за време на нападот. Тој одбива да си оди од таму дури и во случај од тоа да му зависи животот. Абубакар е обвинет дека е дел од мрежата која овозможила 100 британски терористи да одат на обука во кампови во источна Африка.

Ал Шабаб, група на убијци
Ал Шабаб настанала како организација во 2006 година. Тоа е сомалиска ќелија на милитарната исламистичка група Ал Каеда, официјално препознаена во 2012 година. Ја сочинува број од 4.000 до 6.000 членови, а во одредено време во 2011 броела дури 14.000 луѓе. Нејзините членови тврдат дека се борат против сите непријатели на исламот. Ја превзеле одговорноста за илјада убиства, киднапирања и мачења.
Бројот на исчезнати заложници од Вестгејт е намален
Бројот на исчезнати жртви во страшниот масакр во Најроби, кој најпрво изнесуваше 71, а потоа 61, сега е намален на 39, соопштил кенискиот Црвен крст. Имено, 14 лица на кои им била изгубена секоја трага од предминатата сабота, кога терористите го нападнаа трговскиот центар, сепак се пронајдени живи, додека од урнатините се извлечени седум тела.

Иако беа прогласени три дена на жалост после завршувањето на масакрот, граѓаните на Најроби се’ уште палат свеќи, а семејствата на жртвите ги погребуваат своите најмили.
http://tocka.com.mk/1/106806/keniski-svestenik-vleva-strav-britanci-vie-ste-sledni-podgotvete-se-za-masakr
--- надополнето: 1 октомври 2013 во 22:20 ---
Осквернавени гробиштата во Тетово

Искршени гробни плочи, крстови и други предмети на православните гробишта во тетовско Џепчиште. Оваа слика која затекнале жителите утринава на селските гробишта, велат се случува барем еднаш годишно.

Извадени се плочи, крстови, видов сам. Не е првпат пат кој знае колку пати се има случено, вели Мирослав Василевки.

Освен гробиштата чести се оштетувања и кражби во двете цркви.

Деца се претежно, на 14-15 години не иде возрасен, тоа да прави, вели Мирослав.

Во 2006 година бил опожарен дел иконостасот на црквата Света Богородица, а во 2008 година е украдено yвоно тешко стотина килограми.
http://www.sitel.com.mk/mk/oskvernaveni-grobishtata-vo-tetovo
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.446
Непознато лице „дивеело“ во црквата „Св. Димитрија“ во струшко Октиси


Како што информираат од МВР, во периодот од 15-ти до 27- ми септември, во црквата Св. Димитрија во струшкото село Октиси , непознат сторител откако насилно ја отворил вратата, влегол во црквата, го запалил платното со кое биле покриени свеќите и фрлил една икона на подот од објектот.

Увид на лице место извршила екипа од Полициската станица во Струга и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.
 
Член од
21 декември 2012
Мислења
924
Поени од реакции
452
На овој ден (02.10. 1187 год.) познатиот исламски војсководец Салахудин ( Саладин) Ејуби го ослободил Ерусалим после 88- годишното владеење на крстоносците




Извор: http://lostislamichistory.com/the-crusades-part-3-liberation/


--- надополнето: 2 октомври 2013 во 18:10 ---
Лезбејки се бакнувале на црковен собир и биле уапсени!


Две Бразилки, Јоана Палареш и Јунка Миура се бакнувале за време на проповедувањето на свештеникот Марк Фелисијано, поради што полицијата ги уапсила.

"Овие две девојки мора да го напуштат местото со лисици. Ви нема помош, полицијата оди кон вас. Ова не е место каде што минуваат вакви работи, ова е божја куќа", изјавил Фелисијано пред публиката која броела повеќе од 70.000 луѓе.

Двете девојки тврдат дека полицијата физички ги нападнала и додаваат дека голем број на хетеросексуални парови околу нив исто така се бакнувале.
"Оваа ситуација излегла од контрола", изјавил нивниот адвокат Даниел Галани, додавајќи дека девојките имаат право да се бакнуваат исто како што верниците имаат право на тоа. Извор: http://tocka.com.mk/1/106878/lezbejki-se-baknuvale-na-crkoven-sobir-i-bile-uapseni
 
Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
@Omer el Faruk ^^ По што односно по која основа е битен Ерусалим за муслиманите.
дали има некаква улога како што имате со Дамаск или нема никаква улога во развитокот на исламот?
 

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
Мажите во Иран може да се оженат со своите 13-годишни посвоени ќерки



Текст: Макфакс
Свет | 03 октомври 2013

Законот со кој на мажите во Иран сега им се овозможува легално да се оженат со своите посвоени ќерки од 13 години го загрижи светот, а покажа и дека новиот претседател не е толку прогресивен колку што се мислеше.

Претседателот Хасан Рухани, најавен е како нов умерен глас, но со одобрувањето на новиот закон се покажало дека екстремните уверувања во нетолерантната земја не испариле.

Законот го изгласале членовите на Парламентот, а содржи точка во која се одобрува девојчиња со навршени 13 години да се мажат, со дозвола на таткото, и женидба на момчиња на 15 години.

Овој закон ја доведува во прашање легалноста на возраста за стапување во брак, но и загриженоста за инцест кој е дополнителен фактор на кој предупредуваат заговорниците на човекови права.

„Овој закон ја легализира педофилијата. Да се ожениш со посвоено дете не е дел од иранската култура. Очигледно е дека инцестот постои во Иран, а овој закон ја легализира педофилијата и ги загрозува нашите деца и го нормализира злосторството во нашата култура", вели адвокатот Шади Садр, од групата Justice for Iran.

Иранските надлежни велат дека делот од законот кој им допушта на очувите да се оженат со своите посвоени ќерки е всушност практичен, затоа што посвоените девојчиња инаку мора да носат никаб, кога очувите им се тука, како што мајките мора да носат никаб кога се во присуство на посвоените синови.

Законот ја помина само првата фаза, а конечниот збор ќе го има Државниот управен совет.

Проблемот со женидби и мажачки е загрижувачки со оглед на фактот дека во 2010 година се венчани 42.000 деца на возраст од 10 до 14 години.


tumblr_mnap1hBqoE1s1ddrjo2_1280.png
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
извор: Reuters
04 октомври 2013 - 19:39
Безредија во Момбаса, судир меѓу муслиманите и полицијата

Млади муслимани ja запалиле во петокот црква на Војската на спасот и автомобилски гуми и се судриле со кениската полиција во пристанишниот град Момбаса, при што се убиени најмалку четири луѓе.


Како што потсетува Reuters убиството на исламскиот клерик Ибрахим Омар, кој муслиманите им го припишуваат на безбедносните сили, ги поттикна верските тензии и насилства во економскиот и туристички центар на Кенија, само две седмици откако исламистите во нападот на трговскиот центар во престолнината Најроби убија 67 луѓе.

Имамот Омар и тројца други мажи се пронајдени мртви во автомобил во предградието на Момбаса во четвртокот доцна ноќта, соопшти полицијата. Од емитуваните телевизиски прилози се забележува дека автомобилот е изрешетан од куршуми.
Муслиманските челници предупредуваат дека полицијата го злоупотребува гневот на јавноста поради настаните во Најроби.
Полицијата ги отфрли тврдењата на соработниците и приврзаниците на Омар дека неговото убиство е дел од кампањата против муслиманското население и одмазда за нападот во трговскиот центар Westgate во Најроби.

http://makfax.com.mk/319933/bezredija_vo_mombasa__sudir_megju_muslimanite_i_policijata
--- надополнето: 4 октомври 2013 во 20:41 ---
Тројца ранети при престрелка крај џамија во Париз

пред 1 минута 0
Три лица се ранети денеска при вооружена престрелка крај џамија во парискиот кварт Вилие ле Бел.
Локалното обвинителство соопшти дека трите лица биле застрелани, откако излегле од џамијата по петочната молитва.
При инцидентот се истерлани четири куршуми со голем калибар, но ниту еден од нив не ја погодил џамијата.
Обвинителството додаде дека трите ранети лица веројатно се членови на едно семејство. Тие излегле од џамијата и се упатиле кон својот автомобил, кога биле ранети.
Во тек е истрага за расветлување на случајот.

http://denesen.mk/web/2013/10/04/trojca-raneti-pri-prestrelka-kraj-dzamija-vo-pariz/
--- надополнето: 4 октомври 2013 во 20:45 ---
Девојката со изгорено лице: Плачев кога се видов со веѓи

04.10.2013 | 17:03

Наоми Они (21) во декември минатата година доживеала страшен физички напад, кога непозната жена и’ фрлила сулфурна киселина во лицето.

Наоми Они (21) во декември минатата година доживеала страшен физички напад, кога непозната жена и’ фрлила сулфурна киселина во лицето. Оваа девојка тогаш се здобила со тешки повреди на лицето. Сепак, неодамнешна тетоважа која и’ ги вратила изгубените веѓи и’ донела огромна радост.

На денот на нападот Наоми Они се враќала од работа од продавница на Викторијас сикрет во Лондон, кога и’ пришла непозната жена облечена во муслиманска облека и и’ фрлила киселина во лицето.


Последиците на нападот, за кој не е позната причината, биле огромни – изгорена кожа на лицето, уништени очни капаци, привремено слепило на едното око, уништена коса и веѓи.
Оттогаш хирурзите макотрпно изведувале низа операции земајќи и’ дел од кожата од задната страна на увото за да ги обноват капаците, но веѓите останале оштетени.


Десет месеци после немилиот настан оваа девојка, која пред нападот големо внимание посветувала на физичкиот изглед, подлегнала на третман на полутрајна тетоважа на веѓите.
„После речиси година дена прв пат се видов себеси со веѓи, и беше многу емотивно“ – изјавила Наоми на снимката која ја прикажува постапката на исцртување на веѓите.


Ефектите на привремената тетоважа на нејзиното лице ќе трае девет месеци до година дена кога ќе се повтори постапката.
Козметичкиот третман на реконструкција го направила Дебра Робсон на клиниката ЛДН во Лондон.
„Веѓите ги вративме со техниката ’фејм’ која на микроскопско ниво ги исцртува дел по дел“ – изјавила Дебра Робсон.


Таа додала дека целта на тетоважата била да се ископира природниот изглед на веѓите и дека тоа и е постигнато на крајот.
Со многу операции до враќање на стариот изглед
Наоми Они ја очекуваат уште неколку ласерски операции со кои хирурзите ќе се обидат да го реконструираат нејзиното лице. Жената која го извршила нападот врз неа е уапсена, и до крајот на оваа година ќе се најде на суд. Г-ѓица Они вели дека после нападот животот и’ се превртел наопаку, и дека се соочила со неописливо патење.


„Се прашував зошто токму јас, толку напорно работам и сум добра личност“ – рекла таа после нападот.
“Првиот пат кога се видов бев шокирана, не сакав да живеам откако го видов своето лице“, рекла Наоми и додала дека лицето и’ било црно, а очите отечени. Непозната жена ја нападнала на 30-ти декември, веднаш откако се симнала од автобус во близина на својата куќа во Лондон.


“Кога излегов од автобусот, почувствував дека има некој зад мене, па одлучив да се свртам. Видов жена која на главата носеше хиџаб“, вели Наоми. Жената само гледала во неа, а во еден момент почувствувала дека фрлила нешто на неа.
“И пред да почувствувам дека горам, знаев дека тоа е киселина. Таа жена сакаше да ме убие, но сепак не успеа во тоа. Бог со причина ми го заштити животот“, вели таа.
И додека некои мислат дека Наоми е случајно избрана за напад, мајката на нејзиното момче не верува дека луѓето туку така се шетаат со киселина во рацете среде ноќ, туку дека напаѓачот сакал да ја нападне токму неа.
На жената која со киселина и’ го изгорела лицето и’ го порачала следново:
„Можеш да ја изгориш мојата кожа, но е и мојата душа“.

http://tocka.com.mk/1/107213/devojkata-so-izgoreno-lice-placev-koga-se-vidov-so-vegji
--- надополнето: 4 октомври 2013 во 20:50 ---
СВЕТ

Христијаните во Египет - прогонувани и заборавени

Анти-христијанското насилство е во пораст во Египет. Како пример: Само во август годинава 45 цркви беа изгорени до темел. Ќе направат ли нешто египетските сили за безбедност за да сопре ова?
--- надополнето: 4 октомври 2013 во 20:52 ---
ВИДЕО:Жена од Судан јавно камшикувана бидејќи влегла во автомобил со маж

04.10.2013 - 09:18:08


http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=139371&kategorija=6
 

Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
Неверојатна приказна за бикот кој застанал и заплакал пред кланицата




Многумина веруваат дека животните имаат чувства за кои луѓето не ни знаат, а приказната која доаѓа од Кина, поточно од Хонгконг, едноставно звучи неверојатно и на истата сигурно никој не останува рамнодушен!

Имено, интернет страницата "Standard Digital News" ја пренела приказната на бикот кој се нашол пред влезните порти на една кланица, кога во еден момент застанал и клекнал на своите две предни нозе.

Како што раскажале сведоците, бикот одеднаш бил облеан во солзи, па секој од присутните едноставно не можел, а да не се запраша, како можело животното да реагира на тој начин, како да знаело дека го водат во кланица?!


Станува збор за приказна која доаѓа од Хонгконг, а месарот, за кого е познато само дека се вика Шуи, се присетил на овој несекојдневен настан: "Кога го видов т.н. глупаво животно како лелека и ги видов стравот и тагата во неговите очи, веднаш почнав да треперам. Ги повикав и останатите да го видат тоа... И тие беа изненадени! Животното не сакаше да се помрдне од местото, само седеше и плачеше, како човек, како мало дете".

Десет силни мажи кои што работеле во кланицата ја набљудувале глетката и сите признале дека не останале рамнодушни! На крајот тие заеднички собрале пари, го откупиле бикот од сопственикот и го испратиле во будистички манастир, каде што тамошните монаси прифатиле да се грижат за него се додека животното не умре.



Еден од работниците се присетил дека бикот се поместил дури откако работниците му ветиле дека нема да го убијат. "Објаснете ми, како бикот можеше да разбере што му зборуваме", додал господинот Шуи.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom