Верковиќ и тезата за бугарскиот карактер на Македонците

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Konj do konja ste site vie tatarive!


.
 
Член од
20 декември 2008
Мислења
1.193
Поени од реакции
75
Ст. Веркович во предговорот на зборникот „Народне песме македонски Бугара” (у Београду, 1860)
„Но ја сам ове песме назвао бугарскима, а не словенскима, због тога, јер данас кад би когод македонског Славенина запитао: што си ти? с места би му отговорио: ја сам болгарин, а свој језик зову болгарским. . .” (стр. XIII).
 
E

emission

Гостин
Ст. Веркович во предговорот на зборникот „Народне песме македонски Бугара” (у Београду, 1860)
„Но ја сам ове песме назвао бугарскима, а не словенскима, због тога, јер данас кад би когод македонског Славенина запитао: што си ти? с места би му отговорио: ја сам болгарин, а свој језик зову болгарским. . .” (стр. XIII).
Веќе ти покажав со цитати од 1848 дека тоа тврдење не е веродостојно и немој да го цитираш.

И Божидар Димитров пишува за врска меѓу Бугари и војниците за Александар па и него ли ќе го цитирате во иднина.




Не сум ни Бугарска ни Србинка - рече една стара жена кога заминувавме.... Јас сум Македонка и ми е смачено од војна.
 
Член од
20 декември 2008
Мислења
1.193
Поени од реакции
75
Веќе ти покажав со цитати од 1848 дека тоа тврдење не е веродостојно и немој да го цитираш.
Покажа, 2 цитата, да. Ама така напишал Верковиќ и треба да се знае зошто така ја крстил книгата.

Многу се заинтересирав за твоите цитати и ако може да дадеш малку повеќе информација.

Види еден цитат од ваша книга, кој ги испревртува зборовите на Шапкарев. (извор - Андонов Бале)


Како ги разбираш тие ( ) (!?), кој ги поставил?
 
Член од
22 февруари 2009
Мислења
746
Поени од реакции
35
Покажа, 2 цитата, да. Ама така напишал Верковиќ и треба да се знае зошто така ја крстил книгата.

Многу се заинтересирав за твоите цитати и ако може да дадеш малку повеќе информација.

Види еден цитат од ваша книга, кој ги испревртува зборовите на Шапкарев. (извор - Андонов Бале)


Како ги разбираш тие ( ) (!?), кој ги поставил?
долу имаш од каде е земен цитатот ако не е така дај го оригиналот па да видиме кој извртува.
 

ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
Шопите се во западна Бугарија,какво источно ?
 
Член од
20 декември 2008
Мислења
1.193
Поени од реакции
75
Ако се чита само овој цитат ќе се дојде до заблуда дека под бугарски јазик се разбира тоа што ќе се помисли во првиот момент, но тој јазик во документот (мал дел, намерно, претпоставувам од Блаже Ристовски, кој ја извртел смислата и на цитатот од Д.В. Македонски во 1983г.)
Јазикот е црковно - славенскиот, тука наречен бугарски и на другото место црковен б. јазик, кој не се разбира зошто е како српскиот (со падежи).
Гркоманите ???(наречени некои луѓе) вршеле влијание врз народот. Источните Бугари ги нарекувале навистина Шопи, но себе си се мислеле за поголеми Бугари од останатите Бугари (писмо на Шапкарев до Дринов од 1888)
За да се види положбата во Кукуш е добро да се читне од Шапкарев

П'РВО, СЕДМОГОДИШНЕ УЧИТЕЛСТВУВАНИЕ МОЕ В КУКУШ, ОТ 1865 ДО 1872 ГОД
 

ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
Значи шо сака да се кажи во текстот според тебе ?Анализа мислам.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
А можеби би сакал да си поприкажете на некој приватен чет збор повеќе?

Изгледа улогава ти е да му изигруваш изговор на пропагаторов за да шири пропаганда.

Ај да видам на која следна тема ќе се уиграте на истиов начин.
 

ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
Чисто ме интересира шо сака да кажи,оти искрено ни А не разбрав од текстот на сликата,а гледам се штеди на зборој или постепено објаснува.
 
Член од
20 декември 2008
Мислења
1.193
Поени од реакции
75


Тоа е уште една манипулација - цитат изваден од контекст наметнува зборови на авторот, а тој сакал да каже нешто сосема друго. Цитатот е од предговорот на книгата на Шапкарев
1869 — „Нар'чно св. благовествование или сбор от евангелските чтенија“ ("Прирачник на св. благовестување или зборник од евангелските читања")

Таму објаснува што го подбудило да ја напише на разбирливо наречје зошто црковно словенскиот е неразбирлив.

1. Никој не знае да чита бугарски - никој не може да чита црквенословенски не (ги знае буквите на Кирил и Методиј или ако ги знае тешко му оди да чита неразбирлив јазик)
2. Заради горе реченото тој јазик не може да се воведе лесно (наместо грчкиот)
3. Имало луѓе кои не сакале да се воведува, дури се спротивставувале, зборувајќи дека е српски (има падежи), дека е забранет од владата и сл. невистини.
 

ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
Да, хубаво е, че познаваш историјата и имената на нашите обшти предци. Хубаво, е че знаеш, кои са б'лгарските владетели. На Аспарух, Кубер(брат на Аспарух, кан Кубер- вие в Македонија требва да бидете горди со Кубер!, кан Кубрат е татко на Кубер и Аспарух, ), Омуртаг, Крум трјабва паметници да издигнете, улици и градове да кр'стите в РМ. :smir:

Известно ли ти е , че Тервел е спасителјат на европа от арабското нашествие -през 718г http://bg.wikipedia.org/wiki/%D0%A2%D0%B5%D1%80%D0%B2%D0%B5%D0%BB . Знаеш ли, че Тервел Велики помага на Византиискија император јустинијан втори да стане отново император на Византија- 705г (с'штија линк за повче инфо) . Ето повеке за Тервел http://www.information-bg.com/bulgaria/view.php?id=35 .
gl
gl

Абре како можи некој со кинеско-турски имиња да ни биди општ предок? :pos2:
Еве ни општ предок:

 
Член од
6 август 2006
Мислења
201
Поени од реакции
29
Извадок од Веда Словена

Пак за рождението на Орфеј, но инакво

Ој то Боже, мили Боже!
Шо си твориш чуду и нишане,
Да се чудет луде на земе-та
И јуди Самуили низ планини.
Днеска е рану хабер си ми до јде,
Синџе крале писму ми е пратил,
Сус писмо си кани седемдесет крале,
Да си дојдат у негува земе, гозба да се гостет,
Писмо ми дунесе ду младо татарче,
На писму крале сус радост напева;
Та си дума и говори:
„Е бре вие седемдесе крале!
Лу шо ми земете бела книга
Бела книга црну писму,
Да си јахнете ваши брзи коне,
Та да додете у мое земе црвенуга;
јаз да си ва гозба госте,
Чи ми се е породилу дете бележиту;
Фаф року си доржи свирка кеменига,
Та ми свири какују да гласувита;
Свирка ми се слуше пу сичка-та земе!
Песна 12, 579 стиха,
„Веда Словена“, Верковиќ, Београд, државна штампариа, 1874

Ова ви го цитирам од оригиналното издание скоро фототипски. Оваа песна е дадена на Верковиќ да ја издаде од страна на поп Гологанов.

Ајде некој нека се најде да ја анализира песната низ лингвистички филтер, ама издржано и теоретски, по сите правила и параметри (метрика, напев, дијалектни белези...). Па потоа ќе зобруваме и за потеклото на песната итн.​
 
Последно уредено од модератор:

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Темава ја отворам бидејќи ме интересира како стојат другите членови по ова прашање. За почеток, ќе нафрлам само некои податоци, до коишто дојдов во врска со Верковиќ.

Павел Јозеф Шафарик, еден од најпознатите чешки слависти, во периодот 1819-1833 работел како професор во гимназијата во Нови Сад. Тој бил живо заинтересиран за Македонија и ја застапувал тезата дека едно од племињата кои ја населуваат Македонија и Тесалија е правнук на Кирила... околу Разлог има 13 старословенски населби каде уште се говори кирилски...(извор, LANP Praha Sign. Num. 64). Понатаму, внукот на Шафарик, Јанко Шафарик (1814-1876) ја продолжил мисијата на деда си на Балканот, заседнувајќи во Белград, кадешто се запознавал со македонските трговци таму и организира цела една дејност на собирање македонски народни старини.
Токму по негова препорака српската влада го испраќа во Македонија Стефан Верковиќ, којшто издава два тома македонски народни песни. Прво издание е збирката „Народне пјесме македонских Бугара“ (во следниот пост ќе ви дадам линк за целосната пдф верзија) којашто за нас е од најголем интерес. Во неа Верковиќ како увод пишува посвета за српската владетелка.Таму тој дава прецизни информации за Македонија и населението, само што цело време преовладува неговото мислење за бугарскиот карактер. Е сега, постои мислење (Пенушлиски) дека токму Верковиќ во средината на 19 век е еден од првите промотори на идејата за бугарскиот карактер на македонците.


Во следниот пост ќе го најдам линкот за првото издание на „Нар. пјесме македонских Бугара“ и ќе ви го постирам, а и ќе ги подвлечам работите што се клучни. Во меѓувреме чекам коментари...:smir:

Какви се тие Бугари, кога во својот фолклор никаде не спомнуваат ниту Б од нешто бугарско, ниту еден бугарски владетел или јунак? Треба да си ментално ретардиран па да не можеш да сватиш дека народот чии песни се за античките македонски и тракиски владетели, без никакви споменувања на било што бугарско, може да има бугарски корени или било какви врски со бугарите.

Стефан Верковиќ работел по директиви на Русија, која како што пишував порано се стремела пола Србија, Косово, Албанија и Македонија да ги направи дел од Бугарија, која пак ќе биде нејзина колонија.

И самиот Верковиќ на некои книги признава дека неговото дело е финансирано од Русија. Еве факсимил од насловната страна на бугарското издание ВЕДА СЛОВЕНА, каде јасно стои дека е финансирана од РУСИТЕ.



Сите руски поморски пристаништа во текот на есента и зимата биле замрзнати и вон употреба, освен Црноморието, од кое пак Русија немала слободен меѓународен излез, поради Отоманската контрола на Босфор. Таквата лоша логистика на Русија била катастрофална не само по руската економија, туку и по опстанокот на самата држава, оти не можела зиме ниту да увезе жито за да го прехрани своето население. Поради овие егзистенцијални прашања, Русија очајно се стремела да излезе на Средоземието и пристаништето Солун. Затоа и политиката на Русите, од Петар Велики до последниот Романов беше во барањето на некоја причина да се замеша во внатрешните работи на Отоманската империја, за да го оправда својот агресивен акт, за постигнување на горенаведените цели (“Раѓањето на македонската нација“, Драган Ташковски, стр. 129). Со создавање на голема Бугарија контролирана од Русија, со излез на Солун и отвореното средоземно море, Русија ќе си ги решела своите логистички проблеми. Рускиот Цар се титулираше и како САМОДРЖЕЦ БОЛГАРСКИ, а Русите проповедаа дека Бугарите биле руско словенско племе, преселено на Балканот, за да ги зајакнат врските меѓу Бугарија и Русија. Со еден збор, тврдеа дека Бугарите и Русите се еден народ во две држави, слична политика како што води и денешна Русија.

Како во тоа време во Македонија немало никакво бугарско национално чувство, русите морале некако да го афирмираат и распространат бугарското име. Затоа, почнуваа да го неметнуваат термиот бугар како етничко, а не општословенско значење, како што тоа беше пракса од крајот на 18 до средината на 19 век. Тогаш, во Македонија, според учењата на грчката школа и Фенерот, сите словени беа нарекувани “бугари“ - волгарои; така и Чесите, Словаците, Пољаците беа бугари за некои Македонци, школувани по грчки училишта.

Руските конзули на Балканот почнале многу Македонци да испраќа на бесплатно школување во Русија. На 30.08.1842 г. руската влада дава стипендии на двајца Македонци кои студирале во Атина; еден од нив е Партенија Зографски (Филип Томов, "Живот и дејност на Хаджи Партенија". Мак. Пр. Х. 1,2, стр. 35). Подоцна, Партенија Зографски како дојрански митрополит е жесток противник на бугарската егзархија и својата епархија ја става во унија со Ватикан.

Рускиот конзул во Солун, ги наговарал богатите македонски семејства Робевци (Роби, власи) и Лазаревци од Битола да се декларираат како Бугари, за нивиот пример да го следат и останатите Македонци (Офејков, Материали за б'лгарското в'зраждание в Македонија, Софија 1885 г., стр. 441). Во истото дело, Офејков пишува за рускиот конзул во Варна, Рачински, кој работел на создавање Бугари во Македонија, па во Москва обезбедил стипендии за „две македонски момчиња “, а тоа биле Константин Миладинов и Рајко Жинзифов, со цел нивна бугаризација. Пред се', тие врбувале за свои пропагандисти немакедонци, најчесто Власи од Македонија.

Шопов известува дека по притисок на рускиот конзул од Солун, само семејството Роби прифатило да се декларира како бугари. “Тие со тоа влијаеја и врз простото население, кое обично ги следеше своите првенци“ си спомнуваше Шопов (А. Шопов, “Материјали за б`лгарското в`зраждание в Македонија“, Периодическо Списание, Средец 1885 г., XVIII, 447). Но, српските дипломати за Димитре Робе во 1878/78 г. напишаа “Денеска тој веќе не сака да биде бугарин, а уште помалку грк, туку сонува за независна Македонија“ (“Збирка Јована Ристића“, кутија 18, инв. Бр. 12/581, сиг. XII-5, Историски Институт Србије).

Во 1858 г., Русија формира “Московски доброволен словенски комитет“ за бугаризација на Македонците. По налог на овој комитет, А. Рачински и Е. Јужаков ја собираа интелегентната македонска младина, која што беше жедна за образование и ја праќаа во Русија на школување, каде што, како што наведува и самиот секретар на бугарскиот егзарх од тие времиња, А. Шопов, покрај просвета “добиваа и бугарски дух“ (А. Шопов, цит. Статија, стр. 444).

Цела Македонија ја крстосувале руски тајни агенти; толку многу биле зафатени со убедување на Македонците да се приклучат кон бугарската држава, при што се забележани и вакви сведоштва упатени кон Македонците „ако останете надвор од Бугарија, вашата земја (Македонија) ќе биде полоша од она што беше порано, но ако се приклучите кон нас и нашата кауза, ќе ги добиете сите добра кои произлегуваат силно кралство, под руска заштита (Edward B. Barker British Museum, London, Dmss Layard Papers, Vol. LXXXIX Addd. 39.019, 186-187).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom