Темава ја отворам бидејќи ме интересира како стојат другите членови по ова прашање. За почеток, ќе нафрлам само некои податоци, до коишто дојдов во врска со Верковиќ.
Павел Јозеф Шафарик, еден од најпознатите чешки слависти, во периодот 1819-1833 работел како професор во гимназијата во Нови Сад. Тој бил живо заинтересиран за Македонија и ја застапувал тезата дека едно од племињата кои ја населуваат Македонија и Тесалија е правнук на Кирила... околу Разлог има 13 старословенски населби каде уште се говори кирилски...(извор, LANP Praha Sign. Num. 64). Понатаму, внукот на Шафарик, Јанко Шафарик (1814-1876) ја продолжил мисијата на деда си на Балканот, заседнувајќи во Белград, кадешто се запознавал со македонските трговци таму и организира цела една дејност на собирање македонски народни старини.
Токму по негова препорака српската влада го испраќа во Македонија Стефан Верковиќ, којшто издава два тома македонски народни песни. Прво издание е збирката „Народне пјесме македонских Бугара“ (во следниот пост ќе ви дадам линк за целосната пдф верзија) којашто за нас е од најголем интерес. Во неа Верковиќ како увод пишува посвета за српската владетелка.Таму тој дава прецизни информации за Македонија и населението, само што цело време преовладува неговото мислење за бугарскиот карактер. Е сега, постои мислење (Пенушлиски) дека токму Верковиќ во средината на 19 век е еден од првите промотори на идејата за бугарскиот карактер на македонците.
Во следниот пост ќе го најдам линкот за првото издание на „Нар. пјесме македонских Бугара“ и ќе ви го постирам, а и ќе ги подвлечам работите што се клучни. Во меѓувреме чекам коментари...:smir:
Какви се тие Бугари, кога во својот фолклор никаде не спомнуваат ниту Б од нешто бугарско, ниту еден бугарски владетел или јунак? Треба да си ментално ретардиран па да не можеш да сватиш дека народот чии песни се за античките македонски и тракиски владетели, без никакви споменувања на било што бугарско, може да има бугарски корени или било какви врски со бугарите.
Стефан Верковиќ работел по директиви на Русија, која како што пишував порано се стремела пола Србија, Косово, Албанија и Македонија да ги направи дел од Бугарија, која пак ќе биде нејзина колонија.
И самиот Верковиќ на некои книги признава дека неговото дело е финансирано од Русија. Еве факсимил од насловната страна на бугарското издание ВЕДА СЛОВЕНА, каде јасно стои дека е финансирана од РУСИТЕ.
Сите руски поморски пристаништа во текот на есента и зимата биле замрзнати и вон употреба, освен Црноморието, од кое пак Русија немала слободен меѓународен излез, поради Отоманската контрола на Босфор. Таквата лоша логистика на Русија била катастрофална не само по руската економија, туку и по опстанокот на самата држава, оти не можела зиме ниту да увезе жито за да го прехрани своето население. Поради овие егзистенцијални прашања, Русија очајно се стремела да излезе на Средоземието и пристаништето Солун. Затоа и политиката на Русите, од Петар Велики до последниот Романов беше во барањето на некоја причина да се замеша во внатрешните работи на Отоманската империја, за да го оправда својот агресивен акт, за постигнување на горенаведените цели (“Раѓањето на македонската нација“, Драган Ташковски, стр. 129). Со создавање на голема Бугарија контролирана од Русија, со излез на Солун и отвореното средоземно море, Русија ќе си ги решела своите логистички проблеми. Рускиот Цар се титулираше и како САМОДРЖЕЦ БОЛГАРСКИ, а Русите проповедаа дека Бугарите биле руско словенско племе, преселено на Балканот, за да ги зајакнат врските меѓу Бугарија и Русија. Со еден збор, тврдеа дека Бугарите и Русите се еден народ во две држави, слична политика како што води и денешна Русија.
Како во тоа време во Македонија немало никакво бугарско национално чувство, русите морале некако да го афирмираат и распространат бугарското име. Затоа, почнуваа да го неметнуваат термиот бугар како етничко, а не општословенско значење, како што тоа беше пракса од крајот на 18 до средината на 19 век. Тогаш, во Македонија, според учењата на грчката школа и Фенерот, сите словени беа нарекувани “бугари“ - волгарои; така и Чесите, Словаците, Пољаците беа бугари за некои Македонци, школувани по грчки училишта.
Руските конзули на Балканот почнале многу Македонци да испраќа на бесплатно школување во Русија. На 30.08.1842 г. руската влада дава стипендии на двајца Македонци кои студирале во Атина; еден од нив е Партенија Зографски (Филип Томов, "Живот и дејност на Хаджи Партенија". Мак. Пр. Х. 1,2, стр. 35). Подоцна, Партенија Зографски како дојрански митрополит е жесток противник на бугарската егзархија и својата епархија ја става во унија со Ватикан.
Рускиот конзул во Солун, ги наговарал богатите македонски семејства Робевци (Роби, власи) и Лазаревци од Битола да се декларираат како Бугари, за нивиот пример да го следат и останатите Македонци (Офејков, Материали за б'лгарското в'зраждание в Македонија, Софија 1885 г., стр. 441). Во истото дело, Офејков пишува за рускиот конзул во Варна, Рачински, кој работел на создавање Бугари во Македонија, па во Москва обезбедил стипендии за „две македонски момчиња “, а тоа биле Константин Миладинов и Рајко Жинзифов, со цел нивна бугаризација. Пред се', тие врбувале за свои пропагандисти немакедонци, најчесто Власи од Македонија.
Шопов известува дека по притисок на рускиот конзул од Солун, само семејството Роби прифатило да се декларира како бугари. “Тие со тоа влијаеја и врз простото население, кое обично ги следеше своите првенци“ си спомнуваше Шопов (А. Шопов, “Материјали за б`лгарското в`зраждание в Македонија“, Периодическо Списание, Средец 1885 г., XVIII, 447). Но, српските дипломати за Димитре Робе во 1878/78 г. напишаа “Денеска тој веќе не сака да биде бугарин, а уште помалку грк, туку сонува за независна Македонија“ (“Збирка Јована Ристића“, кутија 18, инв. Бр. 12/581, сиг. XII-5, Историски Институт Србије).
Во 1858 г., Русија формира “
Московски доброволен словенски комитет“ за бугаризација на Македонците. По налог на овој комитет, А. Рачински и Е. Јужаков ја собираа интелегентната македонска младина, која што беше жедна за образование и ја праќаа во Русија на школување, каде што, како што наведува и самиот секретар на бугарскиот егзарх од тие времиња, А. Шопов, покрај просвета “добиваа и бугарски дух“ (А. Шопов, цит. Статија, стр. 444).
Цела Македонија ја крстосувале руски тајни агенти; толку многу биле зафатени со убедување на Македонците да се приклучат кон бугарската држава, при што се забележани и вакви сведоштва упатени кон Македонците „ако останете надвор од Бугарија, вашата земја (Македонија) ќе биде полоша од она што беше порано, но ако се приклучите кон нас и нашата кауза, ќе ги добиете сите добра кои произлегуваат силно кралство, под руска заштита (Edward B. Barker British Museum, London, Dmss Layard Papers, Vol. LXXXIX Addd. 39.019, 186-187).