Верзии на библијата денеска имаш колку сакаш. Секоја секта своја библија...

Член од
17 април 2007
Мислења
102
Поени од реакции
0
Ova se zborovi kazani od eden koj sto ne veruva vo bilija i koj sto misli deka biblijata e lazna...Koja biblija e vistinskata ?????????????
 
JuveFan

Џабарлак
Член од
11 мај 2006
Мислења
918
Поени од реакции
7
Библија ова она....
Колку и да бидам голем верник, нема да им верувам на парче хартија напишана од победници во некоја целост за освојување на поголемо парче од колачот наречен "земја". Морам и да признаам дека библијата е свето дело, но тоа што ја има на секој агол во нова верзија и што знам што уште не е премногу глупаво. Верувај во тоа што веруваш, на крај сепак некој ќе те сака и ќе ти прости за сите работи
 
Член од
29 април 2005
Мислења
383
Поени од реакции
35
Ova se zborovi kazani od eden koj sto ne veruva vo bilija i koj sto misli deka biblijata e lazna...Koja biblija e vistinskata ?????????????
А што тоа во библијата е лажно?
Мислам на онаа „верзија“ која ја користат православните, католичките и протестантските верници.

Библија ова она....
Колку и да бидам голем верник, нема да им верувам на парче хартија напишана од победници во некоја целост за освојување на поголемо парче од колачот наречен "земја". Морам и да признаам дека библијата е свето дело, но тоа што ја има на секој агол во нова верзија и што знам што уште не е премногу глупаво. Верувај во тоа што веруваш, на крај сепак некој ќе те сака и ќе ти прости за сите работи
За болдираното!!!:aplauz: :eek:lee:
 
Член од
17 април 2007
Мислења
102
Поени од реакции
0
A koj bi bil primer problemot sto mnogu mladi taka nareceni samo tradicionalno hristijani ne veruvaat vo biblija i zasto ja kazuvet kako lazna ili pak rasparcena na mnogu verzii?
 
Член од
29 април 2005
Мислења
383
Поени од реакции
35
liomkd напиша:
A koj bi bil primer problemot sto mnogu mladi taka nareceni samo tradicionalno hristijani ne veruvaat vo biblija i zasto ja kazuvet kako lazna ili pak rasparcena na mnogu verzii?
Ти тврдиш дека библијата е лажна!!! Јас те прашав кој дел од неа е лажна со искрена намера да ти докажам дека не си во право и дека не треба да бидеш антитеист бидејки е морално погрешно.

Имаш ли ти намера или кој било друг да специфицира делови од библијата кои се „лажни“ или нема?

Се изначитав на форумов глупости кадешто не се прави разлика помеѓу религија и вера или пак социолошкиот аспект наспрема духовниот. Каде што се инсистира на докажување на постоење на нешто што е нематеријално преку материјални докази. Каде што се создава, буквално, тепачка. Едни тепаат со библијата други тепаат со науката.

Ти отвори добра тема каде што може да се средат работите. Имам нешто повеќе слободно време па, повели, односно нека повели кој сака.

Како доказ на добра волја ке ти објаснам з`ш многумина не веруваат или велат дека не веруваат во библијата. Одговорот е едноставен.
Таа не е напишана за секој да може да ја сфати или ако сакаш, таа е напишана на начин на кој секој може да си извлечи заклучок според сопствениот светоглед. Таа не се сфаќа буквално!!! Ти Езоповите приказни ги сфаќаш буквално или ја сфаќаш поентата, наравучението?
Исто така, станува збор за мода. Денес не е модерна библијата! Денес не се модерни корените ама затоа се модерни гранките. Модерна е технологијата и се` што е поврзано со неа. Патем, постојат работи во библијата кои дури и за мене се тешко сварливи ама само на начинот на кои се кажани.
Да не ги спомнам и оние ликови кои се сметаат за нешто посебно па сметаат дека имаат обврска да им ги здробат главите на другите со цитати од библијата. Исти се и оние кои се обидуваат преку науката истото да го прават.
Таквите не бараат одговори.
Таквите бараат само конфликти!!!

Кој има пример, прашање, неразјаснетост или заклучок нека повели. Исто така поканата важи и за оние кои само бараат конфликтност.
 
јахутерминал

impressed by gay people
Член од
26 јануари 2007
Мислења
778
Поени од реакции
7
Се симнав еднаш во подрум, и гледам една книга, ја отворам, гледам пишува Библија, ја читам првата страна Господ прелетал и ја создал земјата, одма ја затворам книгата и се качувам горе. Каде ви е проклетото логичко објаснување за ова. Нека ви работи логиката малку.
 
S

Sith_Lord

Гостин
Um... нема повеќе верзии на Библијата.

Таа е една и непроменета. Различни се толкувањата.

Sith
 
Член од
29 април 2005
Мислења
383
Поени од реакции
35
јахутерминал напиша:

Еј ги ди, прво па машко, и тоа веднаш со конфликтност!!!
Ако де, продолжи да бидеш импресиониран со Доналд Трамп бидејки за мене не постои „проклета“ логика да се биде импресиониран од тајкун.
Психологијата има докажано дека човекот е склон, односно наравта му е таква, кон боготворење.
Доколку не верува во постоењето на господ тој си создава овоземни богови од лица кои се, за него, алфа мажјаци (доминантни единки) и нив ги обожува како богови. Кажаново најдобро се забележува кај примитивните племиња кои ги обожуваа животните, особено месождерите или оние животни кои во себе носат физичка сила, за одбрана или за напад. Преку таквото обожување се надевале дека ќе добијат заштита или пак ќе се стекнат со нивните особини.

Тврдам дека не си ја отворил, односно прочитал, ниедна страна од библијата бидејки доколку си прочитал, тоа што го кажуваш, ке сфатеше дека станува збор за опишување на Биг Бенг теоријата, односно за создавање на универзумот, со тоа што кажува: Бог рече нека има светлина и би светлина, БУУМ. Секоја експлозија е попратена со светлина, ако не си знаел. Најмногу што импресионира е фактот што таа книга е напишана долги години пред појавата на званичната, научната теорија на биг бенгот. Патем не пишува дека Господ прелетувал.:nenene:

Ти изгледа дека си од оние кои сеуште веруваат дека Езоповите лисицата, штркот и зајакот навистина зборуваат и се канат едни со други на гости да си одат.:vozbud:

Сори за возвратеното со иста мерка, но треба да знаеш дека не сум од најдобрите христијани. Кај мене ќе го добиеш тоа што го заслужуваш веднаш, а твое е да си одлучиш дали ќе продолжиш да се глупираш или ќе почнеш да го користиш, од Бога, дадениот ти разум (народна изрека) па цивилизирано ќе комуницираш.

За ова толку.

Следеќи!:zlo: Шегобијно кажано, се разбира.

Повелете!

Sith_Lord напиша:
Um... нема повеќе верзии на Библијата.

Таа е една и непроменета. Различни се толкувањата.

Sith

За напишаното!
:cuc: :cuc: :cuc:
 
Samaramon

¤ ξωટ ¤
Член од
17 декември 2005
Мислења
1.081
Поени од реакции
18
А кој ја напишал еве ако толку имате одговори на секое прашање?
Како настанала? Да не ја ,создал, Господ? Или му се јавил некому на сон и рекол , Напиши вака и вака,?
 
S

Sith_Lord

Гостин
You talkin' to me? You talkin' to me? You talkin' to me? Then who the hell else are you talking... you talking to me? Well I'm the only one here. Who the fuck do you think you're talking to? Oh yeah? OK.

Sith
 
Член од
29 април 2005
Мислења
383
Поени од реакции
35
Samara напиша:
А кој ја напишал еве ако толку имате одговори на секое прашање?
Како настанала? Да не ја ,создал, Господ? Или му се јавил некому на сон и рекол , Напиши вака и вака,?
Не тврдам дека имам одговори за сите прашања, но можам да им помогнам на тие кои сакаат да си ги најдат одговорите на своите прашања.

Никој со фактичка сигурност нема да ти каже како настанала книгата. Всушност има, постојат луге кои ќе ти тврдат едно или друго, но без конкретни или пак со нецелосни докази.

Дали е збир на мудрости од памтивек или е богојавување некому или пак е творба од некаков собир на некоја црква е сеедно. Особено ако најмногу ве интересира суштината, односно што е напишано, а не од кого или како.
Човековото однесување како индивидуа или како битие во општество се нема променето од памтивек до денес. Истите позитивни и негативни карактеристики го красат или го гнасат до ден денешен.

Човековата еволуција не ја следи во чекор технолошката иако некои структури сакаат да ги поистоветат.
 
јахутерминал

impressed by gay people
Член од
26 јануари 2007
Мислења
778
Поени од реакции
7
Библијата ја напишал некој што немал друга работа, па да лаже и да може да го контролира народот. Брејј, кога ќе се вразумите.
 
Член од
29 април 2005
Мислења
383
Поени од реакции
35
јахутерминал напиша:
Библијата ја напишал некој што немал друга работа, па да лаже и да може да го контролира народот. Брејј, кога ќе се вразумите.
Ајде, укажи на некоја „лага“ од библијата, еве посочи на нешто таму што е напишано каде што се користи за контрола врз народот (населението).

Не само напразно да пишуваш. Зуцни нешто конкретно.
Да се тврди дека нешто е лажно, а притоа да се нема познавања е, благоречено, нечесно.
 
јахутерминал

impressed by gay people
Член од
26 јануари 2007
Мислења
778
Поени од реакции
7
protivpropaganda напиша:
Ајде, укажи на некоја „лага“ од библијата, еве посочи на нешто таму што е напишано каде што се користи за контрола врз народот (населението).

Не само напразно да пишуваш. Зуцни нешто конкретно.
Да се тврди дека нешто е лажно, а притоа да се нема познавања е, благоречено, нечесно.
Бидејќи ја имам прочитано само првата страна, сигурен сум дека ќе го има тоа и на наредните страни. Затоа не се замарам со Библијата која е напишана од којзнае кој пропагандист, а бидејќи ти си противпропаганта чудно ми е малку што веруваш во Библијата. Нема докази за ништо што е напишано во неа колку што знам.
 
Член од
29 април 2005
Мислења
383
Поени од реакции
35
јахутерминал напиша:
Бидејќи ја имам прочитано само првата страна, сигурен сум дека ќе го има тоа и на наредните страни. Затоа не се замарам со Библијата која е напишана од којзнае кој пропагандист, а бидејќи ти си противпропаганта чудно ми е малку што веруваш во Библијата. Нема докази за ништо што е напишано во неа колку што знам.
ТОЧНО!
Нема ништо во книгата напишано околу темата за контрола врз население, а тоа што сум со ник противпропаганда е токму причината зошто решив да одговорам на прашања се` со цел да се објаснат некои работи, а не да се шиба пропаганда за сопствената кауза.
Антитеистите тврдат едно, односно пропагираат свој став. Теистите го тврдат спротивното и тие пропагираат свој став, а вистината е некаде во средината кој никој не ја спомнува или од незнаење или од нешто друго.

Како и да е, пријатно да си го поминеш празникот, а од среда почнуваме пожестоко. Особено за оние дудлачи кои се сметаат себеси за познавачи.

Секој кој ке постави прашање ќе добие одговор.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom