Вера vs. Религија

Член од
25 јуни 2008
Мислења
451
Поени од реакции
5
Многу луѓе кога ќе се спомнат зборовите вера и религија најчесто мислат дека тие означуваат едно исто нешто, но баш тука се јавува проблемот зошто мнозина никогаш не знаат што значи навистина да се верува во Бог. Овие два збора означуваат две сосема спротивни нешта, два сосема различни патишта, две сосема различни дестинации.
Често пати додека Исус му зборуваше на народот Тој посебно им обрнуваше внимание на тоа да не бидат религиозни, затоа што нивната религија не ги приближува до Бог, туку напротив ги оддалечува од Него и не само тоа, туку нивната религија ги држи во состојба да тие имаат очи, а не гледаат, имаат уши, а не слушаат, имаат срце, но не примаат. Религијата не е ништо повеќе од збир на човечки морални и етички правила и норми споени со традиции и ритуали се со цел да човекот му се приближи на Бог т.е. да го пронајде Бог. Иако некои од религиозните традиции можеби изгледаат навистина побожно и самопожртвувано тоа не значи дека на тој начин се стигнува до Бог. Еве што Исус рече за ова: Овој народ се приближува до Мене со устата своја и со усните Ме почитува, а срцето негово стои далеку од Мене; но напразно ме почитува, оти проповеда човечки повелби. (Ев. според Матеј 15:8-9) Од ова можеме да заклучиме дека Бог од нас бара нешто многу подлабоко од обични традиции и празно исповедање, знаејќи просто од фактот дека Исус ова го зборува на луѓе кои биле далеку попосветени на својата религија од сите нас денес. Уште едно нешто кое е целосно погрешно во врска со религијата е фактот дека човекот ја користи религијата како начин да го пронајде Бог. Можеби ќе прашате што има погрешно во тоа? Она што е погрешно е тоа дека Бог не се изгубил па сега ние треба да го пронајдеме, туку, сосем спротивно, човекот е тој што е изгубен во својот грев и Бог е Тој што Го бара човекот. Во религијата ние треба да платиме и да дадеме нешто од себе за да бидеме со Бог, но сето тоа е залудно! Додека верата зборува дека не треба да се искачиш на небото да го доведеш Христос, ниту треба да се симнеш во подземјето да го вратиш од мртвите, туку Тој е близу до тебе, до твојата уста и до твоето срце! И што е најважно, ништо не треба да платиш, се е бесплатно, бидејќи Исус плати наместо нас! Не треба да плаќаш за Бог да те чуе, не треба да платиш за да бидеш спасен или да бидеш блиску до Бог! Се што треба да направиш е да поверуваш во Исус, Кој ја плати цената за нашите гревови на крстот Голготски! Во религијата, ти плаќаш. Во верата, Бог плаќа! Кога Исус беше на крстот со Својата жртва на крстот му зборуваше на Бог Таткото за нас велејќи: Ако мене ме сметаш за близок, прими го како мене! И ако ти направил некаква штета или ти должи нешто, стави го тоа на моја сметка. Јас ... ќе платам! (Посл. до Филемон 1:17-19) Затоа секој што денес доаѓа кај Исус, кај Неговиот крст, повикувајќи се на Неговото дело и жртва а не своите дела, Исус му простува го чисти од секој грев и го праќа кај Бог Таткото велејќи: Ти го праќам назад, него, срцето мое. (Посл. до Филемон 1:12) Каква вистина! Каква љубов! Каков Спасител!
Затоа секој еден кој сака да дојде до Бог мора да дојде кај Исус! Нема друг пат кој води до Бог освен Исус Христос, Синот Божји Кој дојде на овој свет, умре за нашите гревови и воскресна на третиот ден! Само Исус ги потврди Своите зборови дека се вистина и живот со тоа што Тој воскресна од мртвите! Христос воскресна, навистина воскресна!
Кога Исус беше на крстот се молеше вака: Татко прости им бидејќи не знаат што прават! ( Ев. според Лука 23:34) Овде Исус се молеше и за оние луѓе кои денес сакаат да му се приближат на Бог преку свои сопствени напори и патишта со тоа презирајќи го она што Бог го направи за нив кога Го даде Својот Син да умре на крстот! Денес имаш избор: вера или религија, простување или осуда, смрт или живот! Што ќе избереш? Кој ќе биде твојот пат? Која ќе биде твојата дестинација?
Во Светото Писмо јасно стои запишано : Зашто по благодат сте спасени, преку вера, и тоа не е од вас самите – тоа е божји дар! Не е од делата... ( Посл. до Ефесјаните 2:8-9) и повторно стои запишано: Зашто заслуженото за гревот е смрт, но бесплатниот дар од Бога е вечен живот во Христос Исус , нашиот Господ. ( Посл. до Римјаните 6:23)
Денес имаш покана да се помириш со Бог и Тој да ти даде радост и сигурност што религијата не би можела да ти ја даде ни за милион години! Ако ти е доста од празни ритуали и човечки традиции повикај го Исус да биде твој Спасител и ќе бидеш сигурен во своето спасение, ќе имаш мир со Бог и радост во твоето срце! Еве, сега е погодното време! Еве сега е денот на спасението! (2 Коринт. 6:2) Исус рече: Јас Сум Патот, Вистината и Животот! Никој не доаѓа кај Таткото освен преку мене! (Ев. според Јован 14:6) Зашто, ако со твојата уста исповедаш дека Исус е Господ и во твоето срце поверуваш дека Бог Го воскреснал од мртвите, ќе бидеш спасен. Зашто со срцето се верува за праведност, а со устата се исповеда за спасение! ( Посл. до Римјаните 10:9-10)
Денес е твојот избор: вера или религија?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
1. Вера-знаење без премногу испитување (Св. Јован Дамаскин). Верата е лична, приватан духовна категорија.
2. Религија-релација со Бога. Религијата е колективна категорија, како институционално организирано и систематизирано учење и движење во едно општество.
 
A

ateist

Гостин
Многу луѓе кога ќе се спомнат зборовите вера и религија најчесто мислат дека тие означуваат едно исто нешто, но баш тука се јавува проблемот зошто мнозина никогаш не знаат што значи навистина да се верува во Бог. Овие два збора означуваат две сосема спротивни нешта, два сосема различни патишта, две сосема различни дестинации.
Често пати додека Исус му зборуваше на народот Тој посебно им обрнуваше внимание на тоа да не бидат религиозни,
станува збор за сосема ЛАЖНА ДИЛЕМА

точно е дека Исус ја Укинал Мојсеевата Реллигија а причината е детално објаснета во стари нов завет и се вика суета...суетен Смртоносен Закон
но со тоа и секој друг Суетен Закон
ЗНАЧИ ги укинал Сите Религии Засекогаш оти целото ветување им е ова :

Ефешаните 6
2 ”Почитувај ги својот татко и мајка - тоа е првата заповед со ветување -

3 за да ти биде добро и за да живееш долго на земјата!”-- НЕМАТ ВЕТУВАЊЕ ЗА ВЕЧЕН ЖИВОТ ЏАБЕ ГИ ЛАЖАТ ЛУЃЕТО КОГА ДУРИ И КНИГАТА НА КОЈА СЕ ПОВИКУВААТ КАЖУВА ДЕКА ЛАЖАТ .

Излез: 20:12 Почитувај ги твојот татко и твојата мајка, за да ти се продолжат дните на земјата, која ти ја дава Господ, твојот Бог. ( ОВА ЗА МУСЛИМАНИТЕ ДА НЕ РЕЧАТ ДЕКА ПАВЛЕ ИЗМИСЛИЛ ТУКУ ЕВЕ ИМ ДЕКА ПРЕПИШАЛ ОД СТАРИОТ ЗАВЕТ ).
.
.
НО !

Протестантите тука Подметнуваат дека наводно Исус ја укинал само Религијата а дека не ја укинал и Верата -- тоа што тие го поимаат под " вера "

А тоа што протестантите го поимаат под вера е дека не се потребни трошоци за религиозни ритуали церемонии ( што е точно ) туку дека се што треба да се направи е да се медитира
Значи под верник поимаат лице кое си изградило некаков свој внатрешен замислен свет на фантазии илузии накаков идеален фантастичен "духовен - идеален "
свет кој им овозможува бегство од суровата реалност која не можат да ја поднесат Па така со некаков изграден нереален свет во кој "верникот " ќе живее полесно ќе може да ја поднесе реалноста на живеењето сега и тука без притоа да помисли дека самиот треба да земе некакво лично учество во менувањето на таа реалност кон подобро туку дека ете така што и да му се случи или се случува со другите луѓе е божја волја . ( ПОЗНАТАТА ФИНТА ДЕКА БОГ ИМАЛ ПЛАН ЗА СЕКОЈ ЧОВЕК ОДДЕЛНО ПА СЕ ШТОСЕ СЛУЧУВА КОЛКУ И ДА Е ЛЕСНО ДА СЕ СМЕНИ СО ОБИЧНА ЧОВЕЧКА АКЦИЈА ЗАЛАГАЊЕ И ДЕЈСТВУВАЊЕ ТУКА СО ОВАА ПСИХО-ФИНТА СЕ ОНЕВОЗМОЖУВА )

Инаку верата се сведува на медитации нешто слично како кај каратистите со тие нивни Кати- борба со замислен противник само што кај каратистите има многу покорисна и практична причина и примена .

Е го нагласуваат тоа дека религиите нема потреба да постојат оти имаат непотребни трошоци за нивни членови - што е точно Но затоа нагласуваат дека па тие треба да постојат што е сосема погрешно оти станува збор за поефтини варијанти на религиите а не дека има некакв Битна Суштинска Разлика како што сакаат да се претстават пред луѓето идни потенцијални жртви на нивните лаги и подметнувања .

Постојат како "верски , граѓански ,здружанија , асоцијации , движења , вистински изворни , оригинални цркви " итн Но Доктрината ИМ Е ПОТПОЛНО ИСТА СО СИТЕ ДРУГИ РЕЛИГИИ .
Значи на свој членови им нудат еден садо - мазо перверзно крајно изопачен поглед на светот дека ете тие може да се јават и во улога на садисти да се изживуваат врз другите луѓе но може и да бидат мазохисти значи треба да уживаат во болките и страдањата нанесени од нивните браќа и сестри по верско убедување .Значи потполно истата работа што ја нудат и самите религии само тука демек немало потребда се фрлаат ситни парички врз сликички иконки , свеќички ..драпешници .

Се подразбира дека и тие како и религиите на својте учења им даваат некаков мистичен шмек као ете они ги знаеле Витинските зборови , Вистинското Име на бог господ па наводно кога ќе го спомнеле прегланетото куче звано бог или господ одма дотрчувало оти му нуделе коска ( дај шта даш какви сме такви сме само нас не имаш е работава )

Обично забегувањата одат до таму па да се тврди дека едиси некој бил пред 2000 години па со картонски кутии , куфери , најлонски вреќи ( замисли само ) им ги собрал гревовите на луѓето па се што требало луѓето на направат е да умишљаат како се тушираат во крвта додека го колеле на тој едиси некој таму пред 2000 години и така со таквото умишљање се чистеле гревовите .(но цомент човјече...свашта ) Па ете така на тој начин на нивните членови - верници им е овозможено да прават што сакаат денес на овој свет и ..(замисли само ) ...се е тоа Оправдано уште пред 2000 години .( Треба да се провери дали кога некој ученик ќе избега од час или работник не отиде на работа онака оти не му се сака ...па за оправдание се земе дека едиси некој тоа за нив го платил уште пред 2000 години )

Значи работата е не по врат туку по шија
Ете тоа е "разликата" меѓу вера и религија .
" Избор " не ти е гајле ...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom