Вело-туризам

Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.596
Поени од реакции
686
Повеќето Македонци кои посештатват Бугарија или одат на скијање во зима, или Црно Море во текот на летото. Има, меѓутоа, еден друг вид туризам, за кој има прекрасни услови - вело-туризмот.

Она што треба да се знае дека едно од најдобрите места за таков вид туризам се Родопите и Странџа. И двете планини се доволно ниски и има доволно места кои да се видат. Станува збор за било каков вид на вело-туризам, вклучувајќи и на шатори.

Еве некои корисни информации:
* За разлика од многу други држави, во Бугарија може да се распне шатор не само во кампови или означени места.
* Во Родопите има доста чешми и летниковци (буг: беседки) и ако се спие на шатор е добро да сте на такво место
* Кога ќе одлучите да спиете на шатор, само прашајте локалните луѓе каде има соодветно место.
* Добра опција е да се спие и во шумските стопанства, каде што само може да прашате "шумскиот" каде е погодно.
* Принципиелно оган е забрането да се пали на необозначени места, но во 99% од случаите нема да имате проблем да запалите оган, на место на кое претходно имало таков.
* Ноќевањата во регионот како и во другите краишта на Бугарија - од 5 евра во некои мали места, 6-8 евра во мали куќи за гости и семејни хотели, 10-15 евра во поголеми хотели. Се разбира има и повисоки цени во зависност од квалитетот и услугите на хотелите.
* Ако патувате со автомобил, може да погледнете железничката структурата на Бугарија, да го оставите вашиот автомобил на едно место, да се прошетате неколку дена со велосипед и потоа од друга железничка станица да се вратите за да си земете колата и со неа да земете велосипедите и луѓето од втората станица. Тоа секако важи ако сте барем 2 човека.
* Ако ќе патувате со воз, мора да купите билет и за велосипед, кој чини 2 лева (1 евро) - ако сам го товарите и истоварвате. Може да стои на последната платформа на последниот вагон на возот, а ако има колетен/товарен вагон е најдобро да е таму. Велосипед може да се прати и како пратка (ако на пример имате 4-5 лица во автомобилот а немате простор за 4-5 велосипеда) и се наплаќа како багаж до 20 килограми (ориентационо), како надоместокот зависи од растојанието.
* Локалните луѓе не секогаш имаат добра идеја за километри и време, за кое се стига до одредено место, па ако ќе одите по разни шумски патеки, добро е да имате GPS.
* Во Родопите и Странџа на повисоките места и во помали населени места нема добар обвхват на GSM-ите, за тоа прашувајте локалните точно каде има таков.
* Локалното население во Родпите продава вистинско убаво сирење (не на секаде во Бугарија има такво), свежо млеко и слатко од шумски плодови.
* За Родопите најдобро место што сум го видел за започнување на вело-патување е станица Аврамово, највисоката станица на Балканот. Може да го оставите вашиот автомобил таму и потоа да се вратите со возот. Од станица Септември до Аврамово патува "Лесна железница", единствената останата во Бугарија.

Патување со велосипед е најдобар начин да се запознаете Родопите и Странџа, а тие се волшебни :)

PS
* Во Бугарија е забрането да се вози велосипед по автопат. Еве информации за автопатите (со зелено):
 

Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.596
Поени од реакции
686
Нешто мапа ова она со рути...
Во принцип ние избираме рута на база туриситически карти. За Родопите се 2 - за Западни и за Источни.
Има и за другите планини, како и нормални патни карти за цела Бугарија.

Еве тука можеш да видиш различни маршрути, но тие се главно во познатите патишта (зависи каков точно вело-туризам сакаш):
http://www.bikemap.net/bg/regional/Bulgaria/

Во Родопите одиме од години, па за таму ако имаш конкретни прашања можам да ти одговорам.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.397
Поени од реакции
33.508
Еве тука можеш да видиш различни маршрути, но тие се главно во познатите патишта (зависи каков точно вело-туризам сакаш):
http://www.bikemap.net/bg/regional/Bulgaria/
Пријателе, можеш ли да препорачаш некои хоризонтални оф-роуд патеки. Нешто без (многу) вертикални разлики, погодно како за луѓе без многу кондиција (девојки, итн)... :)
 

Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.596
Поени од реакции
686
Пријателе, можеш ли да препорачаш некои хоризонтални оф-роуд патеки. Нешто без (многу) вертикални разлики, погодно како за луѓе без многу кондиција (девојки, итн)... :)
На овој сајт кој дадов има графика со вертикалната разлика.

Оние каде што не можат да возат, со автомобилот некаде на високо и од таму ги испраќате надолу. :) Тешко ќе најдеш подолг офроуд пат кој да е рамен, особено ако сакаш да возиш неколку дена. Бугарија не е Холандија. Дури и "Рамна Добруџа" не е толку рамна.

Офроуд патиштата се опишани најдобро во планинарските картички, а надвор планината најдобро да се користи GPS, таму на линиите може да се процени раликата.
 

Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.596
Поени од реакции
686
Овој мост сосема паднал. Бев таму пред 6 години - помеѓу Говрен и Мугла, пат кој од најмалку од 20 години не е поддржан.

580 евра за 8 дена? Јас за 9 дена одам и ми излегува не повеќе од 100 евра.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom