Велешани не ја сакаат Топилницата во своја близина?

Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
Мислењата во Велес се поделени. Оние кои години земале плата, оние кои главен приход им била топлиницата се за да се реотвори и да продолжи нормално со работа, но останатите - посебно младите родители со мали деца се за релоцирање на топлиницата.

- Каде би се релицирала?
- Каде нејзиното загадување не би пречело во нашата мала земја?
- Дали филтри можат да го решат проблемот или се тоа е мачкање на очи?
- Поважно е здравјето или парите?


Жителите на Велес го кренаа гласот против најавеното рестартирање на Топилницата. На музичкиот хепенинг „Зазелени го црното“, го искажаа револтот поради проработувањето на комбинатот на старата локација и со постојната технологија.

На импровизирани дрва, граѓаните на Велес масовно оставаа пораки преку кои сакаат да им стават на знаење на надлежните дека не го сакаат најголемиот загадувач во своја близина.

„Велес е претесен за двајца, еден мора да си оди, или велешани или Топилницата“ е мотото под кое зелените ќе ја водат кампањата за зачувување на животната средина во градот.

Сите овие протести се случуваат со причина. На 17 јуни ќе бидат отворени понудите за продажба на Топилницата и ќе се одлучува за понатамошната судбина за градот.

„Определбите на велешани засега не сакаат да ги слушнат надлежните институции во државава. Не дадоа плод ниту напорите на Зелената коалиција да ги разубеди релевантните фактори дека е потребно да се чуе гласот на народот. Затоа, ќе протестираме за да кажеме дека повеќе не ја сакаме Топилница во Велес“, вели д-р Ненад Коциќ, претставник на Зелената коалиција.

Паралелно со протестите, Советот на Општина Велес го формираше Одборот за спас на Велес од Топилницата. Во него членуваат градоначалникот, дел од советниците, стручњаци од областа на екологијата, доктори. Тие ќе треба да го следат процесот на продажба на Топилницата и да го спречат рестартирањето, со преземање санациони решенија
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45
Ги поддржувам жителите на Велес во нивната борба за почиста и поздрава околина...Доста ги труеја децата !!! Да биле филтрите решение, до сега проблемот ќе бил решен. Дислокација под итно. И да најдеме начин да ги поддржиме луѓето во нивната борба...Макар и со собирање на потписи...
 
Член од
29 ноември 2007
Мислења
1.149
Поени од реакции
38
Потполно ги поддржувам за дислокација на топилницата.Колку деца само се заболеа и изумреа?!Колку луѓе се оболеа?!Во Велес не можеш да се напиеш вода од чешма затоа што вкусот е катастофа.И се согласувам дека треба сите да помогнеме без разлика од кој град сме.
 
Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
Гледав на вести пак.

Топилницата се рестартира, велешани се бунат. Но, настанот медиумски скоро и не е покриен, освен краткиот прилог кој го дадоа на Канал 5
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45
Велешани не смеат да останат сами во оваа нивна битка !!!! Ние не смееме да ги оставиме никако, туку треба да се најде начин да добијат безрезервна поддршка.
До кога ќе се раѓаат деца со дефекти ? Има ли пара што може тоа да го покрие ? НЕ ! Дислокација на топилницата и ништо друго. Според Уставот на РМ секој граѓанин има право на чиста и здрава животна средина.:uvo:
 

lav

Член од
17 март 2005
Мислења
1.203
Поени од реакции
13
Подршка на велешани за да ја елиминираат прочуената тровачница..пардон топилница..а која во минатите 3 децении од „работа„ остави последици кои со векови ќе се одразат на се живо во Велес.
Дали треба некаде да „работи„..односно загадува..
Мојот одговор е НЕ..и НЕ и НЕ
пс
Газдата нека си ја дисперзира во некоја друга банана држава..надвор од Македонија ионака тие се јавуваат од некакви си острови..било Кајмански да се или пак Азорски..сеедно е.
:toe:
 
А

Ајсшутер

Гостин
Гледав на вести пак.

Топилницата се рестартира, велешани се бунат. Но, настанот медиумски скоро и не е покриен, освен краткиот прилог кој го дадоа на Канал 5
Премиерот даде изјава дека доколку се рестартира Топилницата таа ке биде со филтри,иначе јас сум од Велес и сум против рестартирање на Топилницата доста се труевне.
 
N

n/a

Гостин
Момците и девојките од green power ми се другарчиња...
детално ми ги имаат објаснето нивните ставови и апсолутно ги подржувам и приватно и како М.Ц.И.
Топилницата...треба да замине во историјата.
Нема пари кои што ја надоместуваат штетата која што таа ја прави.
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.807
Поени од реакции
5.470
Имаше и на Сител во Утринската програма,ама тоа не е доволно..Поддршка за велешани за борбата против рестартирањето на Топилницата...
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Нека им даат на Турците да градат трговски центар.Топилница нигде нема во центарот на градот.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Апсолутно ги поддржувам Велешани!
Не живееме во 19 век...21 сме!
 
Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
Конечно најдов нешто:

Велешани паметат како живееја со енормно високи концентрации на сулфур диоксид, со честички на оловно – кадмиумова и цинкова прашина во воздухот. Не заборавиле дека токму во времето на најголемото загадување на Велес, од Топилницата, беа направени студии за влијанието на тешките метали врз нивното здравје а резултатите не им се соопштуваа, вели д-р Атанас Василев. Гинекологот тврди дека поразителните резултати од студијата за присуството на тешките метали во плацентата на велешките родилки е само еден аргумент зошто фабриката не смее повторно да се рестартира:

- Присуството на тешките метали во плацентата на родилките значи оштетување на плодот, оштетување на секоја новородена личност, секој граѓанин на Велес. Јас затоа се залагам да не се рестартира Топилницата.

Мислењето на докторот го делат и стручњаци кои говорат за несоодветното затворање на Топилницата, што се случи пред 5 години. Велат дека нестручното сопирање на производствените постојки сега ќе предизвика ново неконтролирано загадување. Технолозите и металурзите предупредуваат дека додека фабриката работела не биле реализирани ниту проектите кои требале да обезбедат минимум еколошка заштита.

- Кога се би се направило како што треба и најдобри филтри да се стават може да има загадувања при инциденти посебно при неделните или десетдневни ремонти па и за годишните ремонти – вели Петре Стојанов, дипломиран металург инженер.

Стручњаците ги соопштија своите ставови синоќа пред Одборот за спас и пред Зелената коалиција. Тие ги договараа предлог мерките против рестартирањето на Топилницата. Собирање на граѓански потписи, истражување на јавното мислење и излегување на референдум по прашањето, му треба или не фабриката на Велес, беа дел од предлозите.
 
А

Ајсшутер

Гостин
Пред некое време имаше и кампања 'некој мора да си оди'.

Нема да се отвори Топилница 100 % ако се отвори ке стане хаос
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Кога се градела оваа топилница за време на комунизмот никој не му ја мислел изгледа. Можеби во комунизмот не мислеа дека ќе расте градот, ова она. :D Грешка е и треба да се дислоцира. Велешани не треба да попуштат (а од кога ќе тепат нека го поправат малце градот, за греота е).
 
А

Ајсшутер

Гостин
Кога се градела оваа топилница за време на комунизмот никој не му ја мислел изгледа. Можеби во комунизмот не мислеа дека ќе расте градот, ова она. :D Грешка е и треба да се дислоцира. Велешани не треба да попуштат (а од кога ќе тепат нека го поправат малце градот, за греота е).
Е шо да го попраиме шо е толку за греота :vozbud:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom