a kaj procita deka e od velesi deka se vika ilco stojanov.......
vamu nikade ne pisuva.......ne vidov...
иницијалите И.С. од Велес се Илчо Стојанов ... Кажаа на Вестите ...
он бил организатор ... еве од А1
Полицаец од посебната единица за обезбедување амбасади бил главен макро на две малолетни пробиштипјанки, киднапирани пред 6 дена.
Групата на
полицаецот Илче Стојанов броела шест луѓе, имале добро организирана шема за продавање на двете малолетнички, кои ги грабнале од Лозово на 22 месецов. Девојките таксист ги донел во Скопје му ги предал на полицаецот.
„Требало под вербални и физички закани да бидат принудени и присилени да даваат сексуални услуги за одреден паричен надомест“, изјави Иво Котевски.
Девојките прво давале сексуални услуги во Гостивар, потоа и во Маврово. Телата им ги продавале за сума од две до осум илјади денари. Заработените пари ги земал полицаецот и ги делел со преостанатите од групата.
Четири дена траела голготата на малолетничките, едната била 16, другата 17 години, последниот клиент кого требало да го услужат се исплашил кога слушнал колку години имаат, па на едната од нив и дал телефон да се јави дома.
Но грабнувачите од телефонот му упатиле закани на таткото на девојчето дека ќе ја убијат ако не им даде 20 илјади евра. Полицијата ги лоцирала грабнувачите по сигналот на мобилниот телефон. Само еден од групата успеал да побегне, останатите се во притвор.
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=122584