Веб хостинг/Web Hosting

Член од
21 март 2010
Мислења
4
Поени од реакции
0
Zdravo do site! I na site sto ke mi pomozite vi blagodaram mnogu!

Sega za vas imam edno prasajne. Jas imam kompanija vo Amerika(tuka sum roden i ziveam) za Finansiski raboti, IT, i Real Estate(izvini nego znam zborot za toa na Makedonski).

I sega sakam da vlezam vo Makedonskiot "market". Sakam da otvoram kompanija za veb hosting.

I imam nekoku prasajne za vas, aku mojte da mi pomozite, vi blagodaram mnogu!

Eve vaka :

1. Dali ima mesto vo makedonskiot market, za uste edna veb hosting kompanija?
2. Ako ima, kazete sto sakate od host?

Vi blagodaram mnogu za pomoshot!

(Izvinite ako nemam napisano nesto pravilno na Makedonski)
 
P

Princ

Гостин
Темава ја префрлам во интернет и мрежи, мислам дека таму ќе побуди поголем интерес за дискусија.

Инаку, како сопственик на една веб хостинг фирма во Македонија, мислам дека не е во ред да дискутирам/учествувам на ваква тема.
 

sickjoce

Ненормален
Член од
30 јуни 2007
Мислења
1.231
Поени од реакции
337
Zdravo do site! I na site sto ke mi pomozite vi blagodaram mnogu!

Sega za vas imam edno prasajne. Jas imam kompanija vo Amerika(tuka sum roden i ziveam) za Finansiski raboti, IT, i Real Estate(izvini nego znam zborot za toa na Makedonski).

I sega sakam da vlezam vo Makedonskiot "market". Sakam da otvoram kompanija za veb hosting.

I imam nekoku prasajne za vas, aku mojte da mi pomozite, vi blagodaram mnogu!

Eve vaka :

1. Dali ima mesto vo makedonskiot market, za uste edna veb hosting kompanija?
2. Ako ima, kazete sto sakate od host?

Vi blagodaram mnogu za pomoshot!

(Izvinite ako nemam napisano nesto pravilno na Makedonski)
Да не ја тупам едноставно НЕ!
 

sickjoce

Ненормален
Член од
30 јуни 2007
Мислења
1.231
Поени од реакции
337
Тоа што сеуште нема некој кој фино го разработил бизнисот, не значи дека нема пазар.
Има пазар, нема побарувачка така ти иде тоа..
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Јас имам подобра идеја само не е за на форум контактирај ме преку ПП.

Поздрав.
 

Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114
Има милион хостинг компании... ако може така да ги наречам. Купуваат реселер акаунт и препродаваат хост за смешни цени. Така да според мене, не вреди да се замараш за ситни пари. Повеќе грижи и нервози ќе имаш, него пари што ќе зимаш. А за да се пробиеш со поквалитетна услуга и повисоки цени, прилично тешко е.
 

sickjoce

Ненормален
Член од
30 јуни 2007
Мислења
1.231
Поени од реакции
337
Да не ја тупам ама ајде ке ја тупам..
Како прво за веб хостинг компанијата не мора да е домашна, а во светот богами ги има многу такви кои веќе со години го работат тоа и треба да имаат ГОЛЕМ број на клиенти за да имаат профит. Исто така има и многу кој нудат бесплатен веб хостинг кој ги исполнува условите (да не претерувам ама на едно 80%) на клиентите така да невреди ако планот е за локално ниво (Македонија) и во Македонија веќе има компанија која нуди такви услуги со години..
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.442
Има пазар, нема побарувачка така ти иде тоа..
Нема пазар затоа што голем дел од потенцијалните корисници, а потенцијални корисници има многу, мислат дека нивната фирма нема никаква потреба од веб хостинг (интернет презентација/веб сајт). Значи, прво треба да им се отворат очите - па после да им се продаде воздух и прашина (затоа што хостингот за нив е само воздух кој се наплаќа, се додека фино не им се објасни неговата функција).

Кога може да се продава флаширана вода во пластични шишиња (која патем е по неквалитетна од онаа што ја пиеме од чешма, а и голем загадувач на природата), зошто не би постоел пазар за веб-хостинг и веб-дизајн, нешто без кое е незамисливо да функционира една фирма во светот? Веќе станува резил твојата фирма да ја нема на интернет. Резил е кога ќе побарам нешто за некоја фирма, а таа не постои на интернет. Да бидеме реални, модерната генерација е зависна од Google, па сосема нормално е прво да го прашаме Google за помош, а дури потоа да побараме помош од пријател.

Решението е во пакетите со услуги (дизајн решение, хостинг, e-mail услуги и тн..) и поволностите кои излегуваат од тие пакети. Треба да се иде со ниска цена, но обврзување за користење на услугите на подолг период. Капка по капка - река. За жал, кај нас или сите се лоботомирани, или никој нема муда да го изведе ова. Или шиткаат ефтини пакети и банкротираат одма, или идат на превисоки цени и живеат од глупавоста на неколку големи плаќачи.

SixteenRays, така стојат работите. Пазар има (не е ни 5% заситен), но нема реална побарувачка. Ако планираш да бидеш успешен на ова поле, треба добра кампања, целосен тим (дизајн, хостинг, поддршка) и малку трпение. Секако, Македонците веќе не паѓаат на оние reseller финти, па треба и инвестиција за опрема/сервери.
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
За почеток ти треба добра анализа на пазарот. Ако се одлучиш да делуваш само во Македонија тогаш треба да го усмериш таргетот повеќе кон деловни корисници, односно кон фирмите. Исто имај во предвид дека Македонија е во криза и ретко кој се одлучува да инвестира во таа свера.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Има милион хостинг компании... ако може така да ги наречам. Купуваат реселер акаунт и препродаваат хост за смешни цени. Така да според мене, не вреди да се замараш за ситни пари. Повеќе грижи и нервози ќе имаш, него пари што ќе зимаш. А за да се пробиеш со поквалитетна услуга и повисоки цени, прилично тешко е.
Апсолутно си во право.
Јас успех во веб хостинг/дизајн гледам само ако се работи на големи проекти и за големи фирми каде се работи на цели проекти кои не зависат од еден (значи зборуваме и за голема фирма која нуди веб решенија) и компании каде секој не може да се пробие и со тоа би се одвоил од другите. Да се направи веб страна денес треба да знаеш да кликаш со маус. И заработките се ниски бидејќи денес нормално никој не е спремен да плати големи пари иако се работи за технологија бидејќи пред се има премногу што работат за ниски цени односно голема конкуренција. Со тоа многумина лесно се пробиваат бидејќи доколку не се работи за голем проект едноставни решенија се изведуваат релативно брзо.
Хостингот и тој не е проблем за тој што се разбира и локално да го изведе и/или ќе најде за евтина цена хостинг со сите придружни функционалности што му се потребни за работа на компанија, пример маилови и сл.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.442
За почеток ти треба добра анализа на пазарот.
Како ќе анализираш пазар за веб-хостинг кој е толку неразвиен и конфузен што речиси и не постои? За многу фирми во Македонија веб сајтот/хостингот претставува толкав „пејн ин ди ес“ што полесно им е да го немаат, отколку да го имаат. Несериозни реселери, многу нејаснотии околу тоа што корисниците купуваат и добиваат, околу одговорноста за одржување на содржината на сајтот и тн...

Моментално најголеми играчи се интернет провајдерите, кои на фирмите заедно со интернет услугите им нудат гратис хостинг пакети. На никој не му треба, секој може да го има, но ретко кој знае да го искористи.

Во Македонија моментално има 15.771 регистрирани (.mk) домени, од кои околу 11.000 се активни (имаат правилно поставени днс сервери), а моја претпоставка е дека помалку од една третина од нив (околу 4.000) имаат никаква содржина поставено на своите страници. Навистина сиромашна бројка.

Споредбено: Колкав е бројот на фирмишта, фирми, фирмички и домашни корисници во Македонија на кои би можело да им се продадат домен/дизајн/хостинг/e-mail услуги? Сигурно поголем од искористените колачиња подолу... :)




Исто имај во предвид дека Македонија е во криза и ретко кој се одлучува да инвестира во таа свера.
Епа ај тогаш, ќе ја брендираме штипската пастрамајлија ако не... :))) Се гледа дека сме нација талентирана за бизнис.
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Да се направи веб страна денес треба да знаеш да кликаш со маус.
Токму ради таквите препродавачи на темплејти (далеку од програмери) тој што сака да инвестира во оваа свера гледа толку несигурно. Се додека не заигра законот и не почнат де се делат ригорозни казни на такви јас би ги нарекол крадачи на авторски права ќе го јадат стапот тие што навистина се квалитетни.
Кога на некој ќе му кажам цена за изработа на веб страна се фаќа заглава и ми вели абе внукми за безпари ќе ми ја направи само незнае дека повеќе ќе си направи антиреклама со таа веб страна одколку себе промоција. Па после кукаат.
Него тоа во друга тема...

@Acid
0.7% од населението во МК имаат регистрирано .мк домејн и речиси уште толку имаат .com/org/net. Што и не е лоша бројка ако се земе и процентот на население што има компјутер дома.

Треба да се направи добра стратегија и да им се објасни што купуваат и што добиваат од вложените пари. Треба да се развие електронската трговија, онлајн конференциите (намалување на патни трошоци), веб пограми кои се поврзани со интерните (достапни насекаде преку веб пребарувач, пратење на состојаба во фирмата кога се на пат итн). За се тоа терба веб хостинг, лошо е што луѓето кога ќе се спомне хостинг замислуваатна него да стои веб страни со информации за фирмата и толку.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom