dexterce, кога бев 7-8 одделение бев во Кавадарци на републички натпревар во веб дизајн. Тогаш не се знаеше ама ништо околу веб дизајн а камоли програмиње, програми кои се користеа беа Фронтпејџ каменска верзија и Дримвејвер број еден.
И на натпреварот имаше луѓе од цела држава, и запознав многу пријатели. До ден денес одржувам контакти со нив. Еден што го запознав (и до ден денес контактирам) имаше направено игра - монопол. Е сега кога дојдоа судиите да го прегледаат материјалот кој што донесол (сите околу гледавме а тогаш немаше режење дискови како денес, сите носевме на 3 и пол инчни дискети) и батката става дискета, отвара фолдер и еден фајл тука shortcut, притиска на него и вика file not found. Кога гледаме фајлот ја бара дестинацијата C:\My Computer\Moi fajlovi\Igra\Monopol\Igra.exe или било како. Што значи, тој наместо да го префрли целиот фолдер со играта, го ставил само шорткатот што му бил на десктоп. Немаш појма кој срам беше.
Е сега ти го направи потполно истово. Темава е ваши лични програми скрипти, а ти си зел готов програм, си направил еден интерфејс и си му додал линкови кои те водат до него. Мизерија човече, дај не се брукај пред сите подобро, не ваѓај вакви работи. Шо си го подобрил, си ставил твој интерфејс и крај. Ебати подобрувањето.
Вакви работи немој во иднина, многу се срамиш. За твое добро дете.