Ваши освоени врвови

  • Креатор на темата Креатор на темата choker
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
24 ноември 2013
Мислења
216
Поени од реакции
269
Колку планинарите? Кои врвови или природни убавини сте ги посетиле до сега? Еве ќе почнам од мене:
Солунска глава 2540м. на Јакупица x2
Магаро 2255м. на Галичица
Пелистер 2601м. на Баба
Руен 2252м. на Осогово
Титов врв 2748м. на Шара
Китка 1588м. на Китка
Салакови езера 2178м. на Караџица
Големо и мало езеро на Баба
 
Not much.

Церипашина и Љуботен (овие во зимски услови)

Титов Врв
Красна и Водно


све ова пред едно 30+ години
 
Пред 2години
Голем Кораб - 2764 метри

Сакам барем уште неколку ама секогаш кога има тури јас не сум тука или полагам -_-
 
Титов врв-3 пати
Боговињско езеро
Љуботен
Доброшки врв (матер му ебем)
И ако се рачунаат уште ги иам посетено Беловишки водопади и месноста Три Воде.
 
Јас почнав да пишувам и ми здосади. Само на Шара на колку откачени места сум бил...
Сум бил на планинарење и во соседниве земји, од технички врвови до прошетки низ природа....а тек колку имам пропуштено и ми стојат во bucket list.
На почеток и јас вака ги "броев", па после ми станаа поинтересни други работи: ќе видиш нешто што не си ни замислувал, ќе искусиш нешто незгодно, некогаш ќе запознаеш некои супер луѓе па ќе памтиш дека сте се смееле, зезале, ќе напраиш некоја супер фотографија....и така...
Веројатно на Љуботен сум бил 10-тина пати, на пример....а знам луѓе што биле и најмалку пет пати повеќе од мене, па не се ни замараат со тоа.
Планинарењето е начин на живот, еден вид култура, у која вакви статистики (не е дека ги нема ама) не се суштински. Имаме тема за планинарење на форумов, можеш таму да пишуваш за вакви работи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom