girl_girl
пловам на асфалт
- Член од
- 13 јуни 2010
- Мислења
- 913
- Поени од реакции
- 132
Јас бев во една од нашите банки, меѓутоа, имав можност да појдам во експозитура што ми помогна одблиску да ги научам работите кои ги работат банките во секојдневните трансакции со клиентите. Не се жалам, имав почит од страна на сите вработени, ме третираа како да сум дел од нив. За еден месец имав шанса да се запознаам со програмот со кој работеа во банката, да куцам налози, да внесувам апликации за регистрирање на клиент, да отварам и затварам трансакциски сметки, да издавам платежни и кредитни картички, да правам проверка на состојба на трс на клиент, да ги научам програмите и условите за штедење, при крајот имав шанса да научам нешто и за кредитите, на пример лимит во зависност од вработувањето, кредитно рационирани граѓани, типови на кредити и слично. Иако мислам дека тоа не е којзнае какво достигнување, како за прва година ми беше таман, имав потполна слобода и доверба од страна на сите вработени, бидејќи работев одговорни работи и трансакции позади кои стои одговорност од страна на вработениот. Да не испадне совршено исто научив како се пие кафе во средина на работно време, како се префрла работата на инфериорниот од страна на тебе, што и не е чудно кај нас, ама се на се убаво поминат месец на пракса