Вашите желби за следниот Football Manager

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Тука ќе можеме да си ги пишуваме нашите желби за тоа што треба да биде додадено а што можеби и отфрлено во следниот FM.

Еве неколку мои:
- кога ќе играч ќе добие нова позиција со тренинг, да не треба да продолжи да ја тренира за да му остане позицијата
- тренинг кампови во топли краишта, каде што тренингот и пријателските натпревари ќе се адаптираат на околината во која се наоѓаш
- дечиња покрај стадионот :D , кои ќе трчаат по топката место играчот, кој знае некад и по 30 метри да шета за да стигне до топката
- стадионите кои се ептен мали, не мора да се по сите 4 страни, туку само по 1 или 2 страни.
- Staff shortlist!!!
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Vise napravena e FM2013, Miles Jacobson vcera se pofali deka si ja igral do 4 AM, taka da da se molime deka nesto ne poslusale :ROFLMAO:
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Vise napravena e FM2013, Miles Jacobson vcera se pofali deka si ja igral do 4 AM, taka da da se molime deka nesto ne poslusale :ROFLMAO:
Е ако де, и за 2014 да си бараме. Битно работи кои ги нема а мислиме дека треба да има. :D
 
Член од
24 декември 2008
Мислења
1.375
Поени од реакции
1.566
Можат да убацат некои работи од ФИФА-менаџерот, на пример да можеш да правиш нешто со парите од плата, да си купуваш куќи, коли и сл., плус како што кажаа во првиот пост, да имаш опција да одбираш места за тренинг камп.
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Да скратат малку тоа муабетиве со играчи, скаути и сличо... особено со скаутите и тренерите. Знаат да ја затупат со муабети, а доволно ми е да прочитам што имаат да си кажат. Не таму кликања еден куп. И тоа прес конференциите пред и после утакмица, знаат да ја завлечат... ќе заборавиш што си сакал следно да направиш. :)

Ова нека го имат на ум за во иднина. :D
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.018
Поени од реакции
22.923
Можат да убацат некои работи од ФИФА-менаџерот, на пример да можеш да правиш нешто со парите од плата, да си купуваш куќи, коли и сл., плус како што кажаа во првиот пост, да имаш опција да одбираш места за тренинг камп.
Па тоа е разликата меѓу ФИФА и Фудбал Менаџер. ФМ не се замара со такви слични глупости. Еј кола си купил. И што?

Него мене ептен ме нервира, кога голман ќе одбрани пенал оценката воопшто не му се зголемува, како ништо да не се случило, додека на играчот што промашил му се намалува за 1,5 сигурно.
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Да скратат малку тоа муабетиве со играчи, скаути и сличо... особено со скаутите и тренерите. Знаат да ја затупат со муабети, а доволно ми е да прочитам што имаат да си кажат. Не таму кликања еден куп. И тоа прес конференциите пред и после утакмица, знаат да ја завлечат... ќе заборавиш што си сакал следно да направиш. :)

Ова нека го имат на ум за во иднина. :D
Зар зборуваш со скаутите ? :D
Јас тоа воопшто не го правам,ако имаат предлог играчи ги разгледувам и ако некој ми фати око и има предиспозиции да напредува,а е млад го земам или го ставам во subscription.
Со играчите еднаш неделно зборувам во соблекувална,пошо навистина тапа ми е да разговарам со нив.Со некого почесто разговарам ако прави грешки на терен,му укажувам на грешките и му давам време да се среди.Ако не успее,резервен состав.
Инаку јас би посакал на следниот менаџер,ама колку е остварливо не знам...место гракањето на публиката во позадина додека трае утакмицата,да свири химната на клубот кој е домаќин.Ако свири химната на клубот со кој играме после полусезона ќе биде досадно.Интересна ствар би било ова,а ако некој клуб нема химна,што не верувам,нека свири песна поврзана со клубот на овој или оној начин.Интересна ствар би било ова.
А и ме нервира трчањето на играчот по топката,некој неартикулисани движења на играчите без врска,што реално во вистинскиот живот нема логика да се направат.
Можат да ја изгланцаат играва до перфекција,ама изгледа не се замараат со деталите,само најглавното го направиле колку што можеле и мислат тоа е тоа.
 
Член од
5 септември 2009
Мислења
3.528
Поени од реакции
619
Ова со Камповите што го споменувате според мене треба да се убаци интересна ствар е :)
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
Прво и најглавно: Downgrade Chamakh!

Споредни ствари:

- попаметни да бидат AI мeнаџерите;
- зголемена комуникација на контролираниот менаџер со другите менаџери;
- поголемо внимание да се посвети и на менталните способности на играчите, не само физичките.
- да биде подобрен односот меѓу менаџерот и управата. Многу е добар односот за преговарање со агент за играч, или кога земаш некој тренер, а глуп е напраен односот со управата. Идеш викаш: Сакам повеќе пари за трансфер. - Не може. - Ама стварно сакам. - Епа ај добро / Џабе, не може.
- земањето на играчи на позајмица. Кога доставуваш понуда до некој клуб, они си имаат милиметарски точно зацртано каква понуда сакаат и никогаш не отстапуваат од таа. Пример бараат initial fee 525k и 65% wages. Ако понудиш 500k и 60%, ама никад нема да прифатат. Треба ова да го олабават малце.

Има и уште многу шо сум ги забележувал и сум сакал да се поправат, али моментално не ми текнуваат. Кога ќе играм и ќе налетам на нешто такво ќе го пишам пак тука.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Да можеш полесно да продаваш играчи. Нема шанси, некој играч ни за 100,000 евра да не сака да го земе никој.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.018
Поени од реакции
22.923
Да можеш полесно да продаваш играчи. Нема шанси, некој играч ни за 100,000 евра да не сака да го земе никој.
Ајде кога го спомна ова, па да додадам уште нешто. Ептен ми е глупо, кога имам некој талентиран млад играч, ама не планирам да го играм одма, затоа што имам подобри играчи на таа позиција. Идам Оffer to clubs - Loan - Fee 0€ - Wages 0% и ги ставам сите оние клаузули, да игра во куп натрпевари и против својот тим, ја исклучам онаа, дека можам да го повикам кога сакам назад. И што се случува? НИЕДЕН тим не е заинтересиран за да го позајми за џабе. Значи ни плата ќе му даваат, ниту ќе платат цена за позајмциа, ништо, ама никој нејќе, а играчот е класа за пола од тимовите во лига. Значи ако немаш feeder клуб, позајмување играчи амин, освен ако сами не го побараат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom