Ваше мислење за уредување на стан

  • Креатор на темата Креатор на темата dastan
  • Време на започнување Време на започнување
Всушност, целата поента ми беше дека мораш да ја преградиш кујната со некој шанк па дури и покрај тоа што е мал просторот. Ако не го преградиш ќе ти изгледа се пренатрупано, ако го преградиш пак ќе изгледаат како две посебни соби.

Имаш опција да шанкот истовремено од едната страна ти биде и клупа (трпезариска маса) во Г, не знам дали ме сфаќаш на што поточно мислам ама од вчера барам слика да ти покажам и не можам да најдам. Нешто слично на ова:

sc010212ad.jpg


или ова:

sc004beac1.jpg


А за детската соба јас би ставила вакви кревети:

66eaa24d-9c42-4b8f-9d8c-a72cc68ed902.jpg
предлозиве ти се интересни но назнам дали се употребливи во мојот случај, ќе се обидам да направам некоја скица на просторот од кујната со овие твои предлози но незнам зошто уште во старт сум скептик дека не е применливо посебно заради тоа што треба и да имам оставено простор кој ќе ми дава пристап до терасата.
за предлогот во детската веќе ми се допаѓа доста и можам да размислам повеќе околу тоа да се смисли нешто во тој стил.[DOUBLEPOST=1402400303][/DOUBLEPOST]
Колку ќе бев задоволен да немав прозори во спална. Кога спиеш дневната светлина смета а ноќе уличните светилки сметаат. Ролетните ми се спуштени цело време.
така е за спиење светлина не ти треба ама проветрување мора да правиш и тоа секој ден најмалку два пати сабајле вечер во зимо и повеќе пати во лето.[DOUBLEPOST=1402400823][/DOUBLEPOST]
@dastan Не сум архитект, ама пред неколку години бев во многу слична ситуација на твојата, па неколку совети од практично искуство.
Спалната е безпотребно преголема. Имаш празен простор кој никојпат за ништо нема да биде искористен. Верувај, за спална не ти треба ништо повеќе од кревет и плакар. Наспроти тоа дневната со кујната се премали. Погоре има добри предлози да ја преградиш или комплетно да ги замениш спалната со дневната. Лично мене ми се допаѓа предлогот на Ryan Giggs. Размисли ја добро таа варијантата за спална без прозори. Светлината не е проблем. Ако ти е прозорот кон исток и сонце ќе те осветли во пет сабајле и онака ќе спушташ ролетна на прозорот. А со стаклен ѕид и убаво амбиентално светло нема ни да приметиш дека нема прозори, евентуално проветрувањето да не биде проблем?

Размисли и спалната да ја направиш детска, а детската спална, со тоа што ќе ја намалиш и ќе отвориш простор за да се зголеми дневната.

Кое и какво решение ќе одбереш, сепак многу зависи и од вашите навики како семејство. Доколку готвите секојдневно, ќе ви треба голема и комотна кујна и остава (шпајз), оваа вака ќе е претесна за било што. Доколку сте пушачи, ќе ви треба излез на тераса. Дали истата сакате да ја користите за кафе и оброци или ќе се користи како остава? Во тој случај размисли за заградување.
така е предлогот горе на @Ryan Giggs многу ми се допадна и мене и најадекватно решение ми изгледа за во иднина кога ќе се има пари за да се прават такви интервенции од типот на куткање на ѕидови и преградување на простори.
понатаму со замена само на спалната и детската соба мислам дека ништо спектакуларно нема да се добие поради тоа што собите се скоро идентични по големина единствено вратата е на различно место.
Инаку да се готви скоро секој ден или 4-5 од 7 дена во неделата, пушач во семејството немаме но излез за на тераса дефинитивно ќе има потреба како за сушење на алишта па и за да те фати воздух 5-10 мин. на ден и не би сакал да ја заградам освен ако се мора што во овој случај не е така.[DOUBLEPOST=1402418100][/DOUBLEPOST]
тапа џонс, дневно-кујната ти е нефункционална, спалната предимензионирана .... ти треба мала кујна со трепезариска маса за 4 лица и посебна дневна соба ( истата прегради ја со провидни полици од под до плафон за да добиеш визуелно преграда помеѓу две простории но и визуелно ќе остане ефектот на поголема просторија ). . Повлечи ја вратата за спалната пред вратата за вц-то за да добиеш простор за отварање врата која нема да се лупа во кревет, а спалната намали ја т.е. прегради за пола да ја користиш како трепезарија со мала кујна а другиот дел како спална соба ..... е сега во зависност каде се наоѓа станот дали е нова градба гипс картон цигла или полна цигла 38 цм ѕид и.т.н .. еве ти една брза скица.

5umejq.png
еве најдов малку време да поработам на ’’случајов’’ и изработив една скица според твојот цртеж (значи струка си е струка, плус ако се има и пракса добитна комбинација )
http://prntscr.com/3rhit3
плус ставени се димензиите колку простор останува откако ќе се вметнат елементите, но не е целосно завршено за дневниот простор кој сега го добив како чист простор (и искрено сум многу пријатно изненаден :cuc:) наместо како што беше претходно немав конкретна идеја и време да го сработам па останува за прва наредна прилика кога ќе се може.
Ако имате забелешки или предлози може да се коментира.
 
Последно уредено:
Многу подобро од првиот пат. Јас само би ставил забелешка за распоредот на елементите во кујната. Најлево фрижидерот и/или орманот со намирници, чешмата под прозорот, па работен дел и скроз десно шпоретот.
 
по прифаќањето на дел од предлозите еве како би изгледало http://prntscr.com/3s380p само ме буни како ќе се реши делот со висечките елементи во делот кај прозорот од кујната бидејќи ако се поставам таму еме ќе се блокира дел од светлината ем нема да може да се отвараат прозорите ваше мислење за ’’новонастанатиов проблем’’?, плус може и мислења за сегашниот распоред на дневниот простор.
 
по прифаќањето на дел од предлозите еве како би изгледало http://prntscr.com/3s380p ...
Вака, ако мене ме прашуваш...

Спална - не ми се допаѓа распоредот, просторот измеѓу креветот и плакаритее мал, а со самото тоа се пригушува собата.... попаметно би било регалот да стои од десната страна на креветот, а на местото на плакарот можеш да ставиш некое огледало.
Детската соба - распоредот на креветите ќе им даде чувство на оние кои спијат во собата како да во војска или пак на одмор во некоја лоша хотелска соба. Подобро би било кеветите да се на поголема оддалеченост, а на местото од креветите да се постави бирото и регалот, со што ќе се добие и поголем простор за движење.
Друготo се е Ок.


Вака би изгледало... :)


Распоред на стан.png
 
Вака, ако мене ме прашуваш...

Спална - не ми се допаѓа распоредот, просторот измеѓу креветот и плакаритее мал, а со самото тоа се пригушува собата.... попаметно би било регалот да стои од десната страна на креветот, а на местото на плакарот можеш да ставиш некое огледало.
Детската соба - распоредот на креветите ќе им даде чувство на оние кои спијат во собата како да во војска или пак на одмор во некоја лоша хотелска соба. Подобро би било кеветите да се на поголема оддалеченост, а на местото од креветите да се постави бирото и регалот, со што ќе се добие и поголем простор за движење.
Друготo се е Ок.


Вака би изгледало... :)


Прегледај го приврзокот 95130
Ова изгледа супер.

Само ме интересира дали таа спална е толку неопходна?
Со еден кревет на расклопување дневната соба може да се претвора во спална. Во тој случај кујната ќе остане на местото како на планов на Сунгерот Боб и местото кај што е сега креветот од спалната да се претвори во трпезарија. Нема да има потреба од никаква преграда така што дневната светлина ќе си влегува од кујната. Дневната соба од кујната може да се одели со шанк на кој ќе се стават две или три високи столици и таму ќе може да се појадува.
 
деновиве се подновивме со едно скромно станче :icon_lol: од 50-сетина м2. Подоле има слики од распоредот и димезиите за секоја од собите на станот и тоа како јас сум замислил да ги уредам, но многу би ми значело ако дадете и Вие Ваше мислење (празно, пренатрупано, несоодветно за четиричлена фамилија со две деца и родители...) за тоа што сум го замислиј .
Бидејќи неколку месеци нема да се вселиме во станот има време и нама потреба од брзање за уредувањето и добредојдени се и ваши предлози и замисли за истиот простор.

http://prntscr.com/3qi95h

http://prntscr.com/3qi9g0

;)
Еве ѕирни го ова мало станче можеби ќе ти испадне некоја идеја

http://www.lifesubstance.mk/post/81779129824/malo-i-ednostavno
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom