Одскочна даска за решавање на проблемот ќе биде кога Регулаторната комисија ќе формира цени на Електричната енергија независно од владините интереси за увоз на скапа струја преку што се пеерат лесно сработени пари од буџетот.ЕВН како фирма кога навистина ќе инвестира во модернизација на својата мрежа и нема да чека “со сув гас риби да фати“.Па тие знаеа што купуваат предвреме за толку ефтини пари,како што свесни беа дека треба да превземат одредени инвестициони ризици со модернизација на мрежата,смена на броилата и трафостаниците,а не да се затрчаат по фирма на која граѓаните и се должни повеќе пари одколку што ја купуваат.Верувај дека и 11% толерантни загуби се премногу,како што е премногу и цена на струјата која насекаде е 40 евра да ја платат 70 или 80.
Од друга страна многумина од нас се свесни дека струјата ја плаќаме и по 120 евра/1000 кw како крајни потрошувачи,и тука ЕВН апсолутно нема никакво влијание,туку главна улога игра владава и нејзините потреби за пари како од корисниците,така и од дистрибуцијата која мора да ги наплати долговите за потрошена струја.ЕСМ предходно беше дувло за решавање на партијските потреби да се згрижат главните лепачи на плакати пред избори кој и најдобро ги познаваа трансформаторите како предизборни работни места,е сега кога ЕВН побара да види колку има вистински познавачи на занаетот,практично се соочи со плакатолепачи наместо монтери или електроинжинери и се разбира дека нема да може да спроведе реформи во сигурноста на електричната мрежа.Вработениот кадар најчесто е со купени дипломи па не знае да смени ни еден осигурувач како што треба,ама тоа е дел од ризикот кога практично се купува фирма која се нуди 10 пати поефтино одколку нејзината вистинска вредност.Друг е проблемот што плакатолепачите нема да можат да станат толку едноставно експерти во струката,со краток курс и обука кога не знаат ни да прочитаат дека има “висок напон“.
Odlicno napisano no mislam deka tokmu tuka lezi sustinata na problemot odnosno odnosot vlada i evn :" Суштината на кавгата е во тоа колку ЕВН ќе и' плати на државата за надоместување на загубите на струја во мрежата, како технички, така и комерцијални: од кражби на струја, диви приклучоци и застарена опрема.
Од септември наваму, откога стапи во сила новиот Закон за енергетиката, ЕВН има обврска загубите во мрежата над 11 отсто да ги плаќа по пазарни цени, кои се повеќе од двојно повисоки од дотогашните. Иако никој не кажува колкави се загубите, јавна тајна е дека не се работи за мала сума. Владата сака преку државните електрокомпании да и' продава струја по пазарни цени на ЕВН.
Ниту Владата сака да се откаже од овие пари, кои ќе се слеат во буџетот, ниту Австријците ќе се согласат да имаат толку повисоки трошоци. Особено ако се знае дека се очекува уште едно покачување на цената на струјата.Според една колумна во „Дневник“ на вицепремиерот Зоран Ставрески, со која го оправдуваше донесувањето на новиот Закон за енергетиката, годишните загуби на струја се повеќе од 50 милиони евра. Тие пари се доволни за набавка на околу 600 гигават-часови струја по пазарни цени. Тоа е приближно третина од вкупниот годишен увоз на струја. Оттаму, може да се заклучи дека секој трет потрошувач е диво приклучен или краде струја. Ставрески неколкупати повторуваше дека овие пари се потребни за инвестиции во енергетиката и за одржување на рентабилноста на државните компании МЕПСО и ЕЛЕМ".
A najverojatno seto ova e samo pricina da se bara odzemanje na licencata na EVN pari pari i samo pari.A poradi ova vladata saka da im ja odzeme licencata na EVN :" Меѓутоа Австријците со неколку потези, кои им ги дозволува истиот Закон за енергетиката, успеаја овие пари, што Владата по се' изгледа си ги испланирала, прво да ги намалат, а потоа и да ги пренасочат надвор од земјава. Така, уште од почетокот на 2008 година преку организирана акција почнаа да ги исклучуваат сите поголеми должници. Потонаа во мрак цели села и населби, болници и јавни претпријатија, поради што неколку града останаа без вода за пиење среде лето и без струја во зима. Се разбира дека голем дел од милионските долгови беа платени и тоа од страна на Владата, како оној за Милениумскиот крст, хемиската фабрика во државна сопственост ОХИС и Македонската радиодифузија. Потоа, ЕВН организираше акција за легализација на дивите приклучоци, за која тврдат дека даде резултати. На крајот, повикувајќи се на предвидената либерализација на енергетскиот пазар со новиот Закон за енергетиката, најавија дека загубите од 11 отсто нема да ги набавуваат од државниот ЕЛЕМ, туку преку увоз.
Овој потег изгледа страшно многу ја вознемири Владата, па презема серија противчекори. Кулминацијата на војната можеше да се насети уште со тендерот за набавка на 207 гигават-часови на „Електрани на Македонија“ за првите четири месеци од годината, наменети за покривање на техничките и комерцијални загуби на „ЕВН Македонија“, иако таа не го побара тоа. МЕПСО го спречи ЕВН да увезува струја и побара регулаторот да му ја одземе лиценцата за увоз, тврдејќи дека ја нарушува стабилноста на системот. Со ова Владата ги принудува Австријците загубите да ги надоместат со државна струја.ЕВН најави дека ќе ја извести централата во Виена, а Владата преку соопштение ги обвини за незаконско работење, злоупотреба на монополот и за медиумски притисок. Во ЕВН вчера одговорија дека целосно го почитуваат купопродажбениот договор и ги исполнуваа обврските што произлегуваат од него. Австријците посочуваат дека досега во подобрување на мрежата и на услугите инвестирале над 85 милиони евра, што резултирало со намалување на дефектите за 26 отсто".
I za kraj samo podatok za EVN kolkav godisen prihod ostvaruva od nejzinoto rabotenje odnosno podatok deka se raboti za dosta seriozna kompanija : " Според финансискиот извештај на австрискиот холдинг ЕВН за финансиската година 2007/08, вкупните приходи изнесуваат 2,4 милијарди евра и се за 7 отсто повисоки отколку во претходната година. Најголем дел од приходите се од секторот енергија - 2,1 милијарди евра и се зголемени за 13 отсто. За разлика од нив, приходите од секторот животна средина и стратегиски инвестиции опаѓаат. Приходот од регионот на Југоисточна Европа изнесува 754 милиони евра, а зголемени се и трошоците за намалување на загубите во мрежата во овој регион ".
Na kraj da nema zabuna site ovie podatoci se prezemeni od "Dnevnik".Po se izgleda ovie se pricinite za kavgata pomedju vladata i EVN.