Вашето клабинг минато

  • Креатор на темата Паган-др
  • Време на започнување
П

Паган-др

Гостин
Ајде клабери и клаберки, јавете се. :фкш:

Споделете ги вашите клабинг искуства, најдобра, најлоша журка, зошто е тоа така, првата журка (искуства), последната журка, колку журки сте изживеале итн. итн. Едноставно сите импресии од вашето клабинг минато напишете ги овде. Едноставно вратете се со времето назад за неколку години.



Еве јас да го скршам мразот. Прва журка со оглед на годините што гордо ги носам со мене ми беше лани, Bob Sinclair во Охрид, 31.7.2009. Одлично прво искуство, одлична журка од ДЏ и артист кој го почитувам. После тоа следеа Скази во Хала 3 на Саем, првата "потешка" журка, за да завршам со Астрал пред неполн месец. :)
 
Член од
27 март 2007
Мислења
584
Поени од реакции
37
Долго клабинг минато:) Колку години имаш??

Шознам.. Прва журка не памтам али беше днб знам само незнам каде.. После следеше период од година дена на помрачната страна од трансот, и од пред 6-7 месеци сум чисто на полесна денс музика од типот на progressive, deep, tech house а поретко и minimal.. Најдобра журка шознам.. Неам некој предрасуди сите ми се исто добри на сите сум хепи ова она али имало некој утки на журки посебно со трансерскиве..
 
O

Orion.

Гостин
Ајде клабери и клаберки, јавете се. :фкш:

Споделете ги вашите клабинг искуства, најдобра, најлоша журка, зошто е тоа така, првата журка (искуства), последната журка, колку журки сте изживеале итн. итн. Едноставно сите импресии од вашето клабинг минато напишете ги овде. Едноставно вратете се со времето назад за неколку години.



Еве јас да го скршам мразот. Прва журка со оглед на годините што гордо ги носам со мене ми беше лани, Bob Sinclair во Охрид, 31.7.2009. Одлично прво искуство, одлична журка од ДЏ и артист кој го почитувам. После тоа следеа Скази во Хала 3 на Саем, првата "потешка" журка, за да завршам со Астрал пред неполн месец. :)
На Боб Синклар во Охрид беше лудница! Сум се скинал од денсање:vozbud: Иако не сум клабер, туку претпочитам рап, сепак сакам и добра журка
 

Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
Еи првата журка,Те-Рок фестивал во Тетово 2001 год.Свиреа Санаториум,Мозаик,македонски и албански групи од Тетово и др.Потоа следеја Ноу Бордерс на кеј на Вардар,Таксират 4 и некои други журкици.Потоа следеше пауза еден период и од 2007ма навака повеќе сум на електро и транс журките како Stay Connected на лизгалиште ’07,Роџер Санчез у Колосеум ’07.Dave Mother Sole во Струга ’07,Greatest Hits 3,Forest Gathering с.Добри Дол,од Плеј ТВ журките на Градиште,Зелен Подиум,Урбан Денс б-деј,Скази,Сан Проџект,Азакс Синдром,Култур Шок,Таксират и мн. други помали журки.За најдобра журка неможам да издвојам,секоја си има свој филм :helou:
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.805
Поени од реакции
11.419
Активно не одам веќе по журки одреден период, освен некои по малецки така, private open air, Пабло журки, чат пат нешто пошемаџиско (на саем за нг ама ми се слоши од неквалитетот = главна причина и зошто не одам).
Не сум од оние извитоперенине тренсеришта на кои им смета новата публика и што ти ја знам, начинот на кој се изразуваат живеат и слично, сметам дека е индивидуална работа, а глупаво е да плукаш по младината што доаѓа, како и да е, они ќе ја продолжат традицијата на некој начин.
Едвај се сеќавам на првите журки, добро и на останатите :icon_lol:...ама нема да ги заборавам првите две....
Џон Аквавива пред едно 9-10 години сигурно, на Саем (едвај копиљ бев ама ме влечкаше братучедка ми) ми се плачеше од што беше гласно и што музиката беше страшна :pos: , арно ама Дино Псарас(МНТ) и Тсујоши Сузуки(МКЦ) 2002ра е моментот...кичми!
Па едно време баталив журки, одев по свирки...и во периодот 2004/05/06/07 пак се вратив на старим патекама :icon_lol:
Најубав период за мене беа журките во Белви (Menog, Rastaliens, Trold...), 2 реки(ICFS журките), Хамзи пашини конаци (Goa Gil, Trold, Filteria...), МНТ (Aphid Moon, Absolum, Protoculture, GMS, ...), МКЦ(Braincell, Astral Projection, Electric Universe...) Стенковец (Talamasca, Azax Syndrom), Хангарите во Атина (Infected Mushroom, Eskimo), Градиште маафака имаше добри журки, ми текнува пред 3-4 години како ме има отворено Nomad на изгрејсонце (горе качен на карпа џускам и гледам накај езеро,а овој од доле ме пука со мрсни мелодии, убавини невидени, да рикаш...)...Sound Wave беше топ фестивал, штета што и вториот не го одржаа во Охрид, туку овде во Скопјево, а езеро си бараше фестот, небитно пројде топ...Симон Посфорд (Шпонгл, Халуциноген) го видов конечно и се отворив ко дневник на родителска...не памтам, има уште многу за зборење...мозоков старее, јбг.
Од аспект на не толку џаначко-трипашки и тренс журки, посетував редовно и по лабави партис, од кои се памтат Карл Кокс колосеум 2005та мислам (мамата у сламата!) Катанео 2006та на Саем ВАУУ крш!
Нилс Ноа во колосеум исто, летото 2005/06 не се сеќавам добро...Тон(м)и Томас 2006та во колосеум Партали...итн...да не го потам...
Гледам дека се множат нови клаберици/ри, па им посакувам добри журкања и памет во глава...
Додека пак , од овдешниве клабери ги признавам само тие со диплома ко susaro, zemzela, vodka, tonchie, deno, sanja baby girl (ваљда така беше, сори сум забораил)...може уште некој плус минус...другите имате време уште за досие и профил :icon_lol: позз...and keep the clubbing spirit alive!
 
П

Паган-др

Гостин
mans, тебе те чекав да се распишеш :)


Да се дополнам, покрај електронската сцена, последно што бев беше Демо Фест, а пред тоа на рап журки во Кастро, морална поддршка за другари. Концерти на рок/поп артисти/бендови не се важат. :)
 
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.085
Поени од реакции
156
моја прва журка беше Skazi @ MetropolisArena '08

од таму па навака - голем број на добри журки но како најдобри би ги издвоил
Infected Mushroom @saem , vibe tribe @mkc , Greatest hits 1@saem
azah syndrom@saem и etnica @coloseum

и сите други биле добри но на мене не ми оставиле посебен впечаток
:smir:
 
A

Alexander Nevsky

Гостин
Мојата прва журка еххх добар помин хехе беше на Тиесто 3 пат во Колосеум кога беше,со уште 15 години што ќе прокоментираат пола форум малолетник во права смисла патував два сати и чекав пред врата да ги отворат уште сат време али јбг ме привлекуваше електронската музика. Втората журка одма наредно лето мислам Армин Ван Бурен и тогаш бев не бев полнолетен али јбг исто како првиот пат така и сега али овој вториот буквално развали шо му правеше на крај на миксетата аиаиаи. Трета журка ми беше на Карл Кох последниот пат кога беше на саем и тој исто развали и тоа јако оуу јеа коме он Скопје викаше нигата:tv:, трета журка Инфектед во Колосеум убав помин јесте не сум голем псајходелик фан али момците се феноменални. Петата журка ми беше Армин втор пат во Колосеум јесте не беше исто како првиот дупло повеќе гужва од првиот пат али тоа е стана славен Армин. 6 журка ми беше на Фонетика прв пат го слушав Кирилчо наш и супер си поминав ем друштвото таа вечер беше фантастично. 7 Журка ми беше сега пред неполн месец на Фанкермен исто така добар помин и да ќе го заборавев Ерик Прајдз ,Прајда :vozbud: Летото Градиште ја целиот капнат дека дента се вратив од Црна Гора директно Охрид на продолжен одмор а и на журче а и нема да се жалам зошто вредеше.... Толку новајлија сум сега за сега криво ми е што пропуштив прошлото лето Скопје многу добри журки со Џером Исма Ае и Маркус Шулз али ќе ги слушнеме пак ваљда.
 

vmx

Член од
25 април 2005
Мислења
5.633
Поени од реакции
201
Ја со клаберство се занимавам више месец дена и можам да кажам дека ги знам сите фори у клабингот... :pos:

Уф па прва журка далечната 2002-ра, Astral на саем, ја копиљ 15-16 години, а на 14 почнав да слушам псај/гоа со Astral, а електрашка музика од 12. :)

Тогаш значи не идев нешо многу по журкици, чат пат коа имаше журче ќе идев, де саем де мкц.

После 2004-2005 онаму зачестив по журкици и континуирано идев, али испуштив некои бесни журкици знам. :(

И ден денес идам по журки, секако не само на ха-це трансашко, туку и на прог. транс, техно... претежно такви. Хаус мрзам.

Дец ит.
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Прв "клабинг" евент ми беше Соулфај во далечната 2003 кога држев скоро 9 годинки и металците у маало ме шверцуваа на саем :)
Имав најдолга коса во однос на телото од цела ебана просторија :)
"Жур" шо ќе ми остане у глава, иако бледо, иако памтам само одредени делови, памтам како Перо ме носи на рамења низ саем а ја пекам одозгора :)
Што се тиче осталих журова, Скази, Таламаска, GMS, Астрал, Богомила еднаш...
Да речам, редовен сум на ДнБ епизодиве низ скопјево, али, that's about to change, ради re-tard-ирани диџеи, на кој работа им е да вртат квалитетна музика, а од квалитет немаат ни Ф.
Као интересен евент ќе ја споменам првата официјална wannabe дубстеп журка у Ла Кања, која иако сврте доста квалитетни нумери, севкупно унутра бевме 30 души, од кој Манс го бројам као 5.
Со оглед дека сум копиљ, не ги фатив убавите клабинг моменти низ скопјево, ко 1200mics, меног и остали...
Како и да е, имам желба, а иам и време, па дур не ги истребам сите жустри фаци на планетава, дур не ги штиклирам у блеклистот на Live посетени евенти, не се откажуем!
Несмеам а да не ги напоменам многуте квалитетни домашни журови како производ на равенката добра_музика + добро_грање + добри_луѓе и добро_озвучење = ултимејт_џиз_ин_мај_пентс.


Епа момци, доста скромно од мене, за година ил две, прашајте ме пак.

Поздрав, потврд, останете ми со добра мисла, и наравно hAiL aNd GloRy to Tha DarkBrotherH00d!

:медо:
 

МадерФакер

Титл по моја желба
Член од
25 ноември 2009
Мислења
678
Поени од реакции
44
Првата журка ми беше Greatest Hits 1 на саем. Отидов од к*рташак и си поминав топ. После тоа следеа Easter Burn Festival 2008, Umek 2008, GH 2&4, Above & Beyond 2009, Armin van Buuren 2009, Markus Schulz 2009, Skazi Live 2009, Star Night 2, Matthew Dekay & Tommy Boy 2009, Balkan Easter Festival 2009, One New 2010 Year Festival, Glenn Morrison 2010, Etnica & Pleadians 2010, Urban Dance b-day 2009, Зелен Подиум 2009, Talamasca 2009 (Skopje Fair) и ваљда има уште некоја која не ми текнува.
Од сите најдобро мислам дека си имам поминато на Balkan Easter Fest. Имаше перфектни артисти, музиката беше ненормално добра и немаше гужва. После таа журка не знаев кај ми е главата а кај нозете. Најлоша журка дефинитивно Easter Burn Festival 2008. Ептен тапа ДЈи и тиње музика имаше. :)
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.479
Поени од реакции
7.950
Ајт и јас да пишам ред-два-триесет за мојот клабинг историјат.

Додека учев средно имав желба за клабинг ама слабо кеш, уште послабо друштво, и мојот клабинг се сведуваше на ѕенѕање во дискотеката во Кочани на концерцијални рејвови (знаев дека рејвот е умрен, ама не ми пречеше што таму уште го пуштаа).


Во 2003та веќе почнав да работам и добар дел од парите ги трошев на клабинг :)
Моја прва журка беше GMS на Саем во Анекс халата (лименката меѓу 2 и 3 хала). Претходно слушав Астрал и Таламаска на работа и кога дознав за журкава решив да одам. Сам... не знаев никого, но сепак бев возбуден од моето прво клабинг искуство. Огромни звучници, убави луѓе, весела атмосфера... во тоа време сеуште имаше девојчиња што играа на подиум по минич или шорц и горен дел од градник.
Сепак Најубав помин имав почетокот на 2004та во Белви, веќе ги знаев сите луѓе во мојот крај што слушаат електронска музика, башка Белви ми е блиску, и бев на повеќето журки. Најдобри од тој период ќе ги издвојам Жан Борели и Стивен од Метрополис. Ни кршеше кичмата 2 и кусур саати и почна да успорува и успорува и некаде 5 и кусур сабајле почна да си иде народот и у 5:30 скреч, пауза, и DJ Rolando - Jaguar клабинг до 6 и пол. Толку издржа моето тело-ремек-дело тогаш.

Сум бил на скоро сите електронски правци освен хаус. Дали знаете зошто џанглист не слуша хаус?
- Го фаќа клаустрофобија :pos:

Од журки што ми оставиле посебен впечаток би ги издвоил:
- првиот концерт на Бед Копи во Македонија, поточно МКЦ на позитивни вибрации 2 (од таму ми е маичката вибрирам позитивно). Тогаш цело МКЦ од вецињата во подрум до таван смрдеше на трава.
- Жан Борели во Белви... кое возењееее.....
- Стивен, Метрополис во Белви, најдолго што сум останал на жур. Здравје, на EXIT ќе го рушам :)
- DJ AHMAAD на Кале во рамките на Позитивни Вибрации 3. Избор на музика, техника на миксање, скреч, спин... За 3 саати сет човекот смикса се што може и што не може да се смикса на 2 грамофони и 2 CDJ. Цел MJM живи се јадат што не го снимија тој настап. Се надевам ќе се повтори ова искуство во блиска иднина.
- SUN Project на саем последниот пат. Беше очигледно дека беа дојдени да се забавуваат, а и ние бевме голема весела дружина.
- Томкрафт на Саем, мислам дека беше некој од Таксиратите, многу срцепарајуќа ми беше Лонлинес у тоа време, ме трогна. Инаку и остатокот од сетот беше добар :)
- Продиџи беа сепак на концерт овај нали :)
- Дино Псарас во МКЦ, единствен пат да соблечам мајца на журка, а и на концерт се има истото случено само еднач, читај тире погоре :) Али се отворив ко паштета во војнички ресторан, за на крај да заврши со тешки психоделии додека на џандарот што му висеше на врат со прст му покажуваше уште една само :)


Прв "клабинг" евент ми беше Соулфај во далечната 2003 кога држев скоро 9 годинки и металците у маало ме шверцуваа на саем :)
Хаха, на тој концерт ја добив првата модрица од шутка. Море на левото око саат време не можев да гледам :pos:

Мада мој прв концерт беше Manu Chao на Лизгалиште далечната 2002. Според многу луѓе тоа е најдобриот концерт што му се случил на Скопје воопшто. Ако почнам да раскажувам... ќе ме прескокнете, многу редови :)
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
8.785
Поени од реакции
1.555
16.07.2009 Armin van Buuren @ Colosseum
Прв жур и најјак до сеа.:back:
 
K

kaiser soze

Гостин
Темава е :icon_lol:
Одамна не сум бил на некоја посолидна журка,ако не се рачуна новогодишната,ама добро се сеќавам на првиот настан на кој сум се исфрлил.На сајмиште за први мај 02` беше,на сетот на Дерик Меј и Самоил Радински.Бев воодушевен од настапот,па оттогаш едноставно се навлеков на клабингот.Како повпечатливи журки од тоа време се сеќавам на Семјуел Л Сешн на новогодишната ноќ на саем,на Карл Крег истотака на сајмиште.За другите не можам добро да се сетам.
Потоа ми следуваше еден интензивен клабинг период,во времето кога заминав на студии во Бугарија,кадешто присуствував на еден куп одлични забави.Пред се би можел да ги издвојам настапите на Фред Евритинг,Силикон Соул,Мази,Хипи енд Хело,Филтерхедс....
Од забавите одржани во Колосеум,единствено Канзијани и Марко Карола ме импресионираа малку повеќе.Можеби затоа што во тоа време бугарската клабинг сцена беше неколку скалила над нашата.
Се сеќавам и на солидниот евент во Кале со Дејв Симан,страшен настан беше и саунд вејвот во Љубаниште,особено моментите со Дарен Емерсон на сцена...Следната година фестивалот беше тиња невидена.Друго ништо не ми останало во посебно сеќавање,макар што сум бил дел од многу други клабинг настани.
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.062
Поени од реакции
24.972
Бооо. Ова ќе потрае. Негде 96-та беше оваа беше хит


Каков транс каков манс немаше такво нешто тогаш, беа само техно и рејв. Знам дека таа година сакав да одам Т-фестивал Продиџи само што беа почнале да се пробиваат со Music for the jilted generation и настапуваа заедно на тој фестивал во Скопје со Dog eat dog. Не ме пуштија од дома оти тоа било наркоманска сеанса и ќе ми ставеле дрога во сокот. За инат почнав да излегуван на џуниор забави и од музик шоп Инфлуенс Лептокарија си ја купив маичкава (850 ден а во тоа време просечна плата беше 6000 ден.)



Беше бесценет момент да се гледаат наставниците носители на пртизанска споменица како ме гледаат со маичкава и со косата во боцки. И така почна се. Две струи паралелни електроника и рок ен рол. Ја сакав и едната и другата секоја на свој начин. Во средно еден другар ме зарази со кафанско па удрив и таму. Дефинитивно нескромно се чувствувам како клаберски космополит. Колекцијата моја од постени концерти и журки вика вака

Дип Парпл
Ролинг Стоунс
Бладхаунд Генг
Вајтснејк
Апокалиптика
Ајрон Мејден х 2 (2007,2009)
Пол Окенфолд
Пол Ван Дајк
Армин ван Буренх2
Џејмс Забиела
Метју Декејх милион пута 10 на девета
Пластикмен
Марко Настич
Урош Умек
Валентино Канцијани
Дарен Емерсон
Дејвид Моралес
Дерек Меј
Карл Кокс
ЛТ Бјукем
Ли Скреч Пери
ЛЕГЕНДАТА ББ КИНГ
Марко Настич
Џиџи Дагостино
Ред Хот Чили Пеперс
Фет бој Слим
Пет шоп Бојс
Леб и Сол
Архангел 4 пати
Мизар
Стринг Форсис
Фолтин
Чарли Хејден
Орнет Колмен
Ван Гог
Лајбах
Јанг Гадс
Дистракшн
Гуано Ејпс
Дип Диш
Скопје Гори
Ноу Бордерс
Плагијат
5-6 Таксирати
МАСИВ АТАК
Саша Матич
Аца Лукас
Шако Полумента
Дип Диш
ЗЗ Топ
Сантана
Рибља Чорба и тоа во ноќен клуб Панда село Лисиче
САФ
Мал милион свирки и журки во МКЦ, Мусандра, Ле Гараж, Булевар, Лејди Блу кец и 2, Хавана старата и новата, Ле Гараж, Ла Фабрик, Колосеум, Маракана, Џез ин, Сачмо, Мејк Ап, Менс, Мусандра, бившото МНТ, Процес, Елемент, Сектор, Мамас, Сабвеј, Чивас, Корнер, Акватро, Дипломат, Класик, Кавали, Манда Роса, кафана Стар В'к, Феријално, Бони и Ани, Кастро, Лидо
Ондак журки во Прага (Радост, Миш маш, Луцерна, Дуплекс...), Будимпешта (Кастела, Хали Гали,), Лорет де Мар (Колосос, Тропикс и др.), Солун (Каза ла Фам, Олимпијон, Скај Бар, Сачи, ), Кастра после Лептокарија, низ чаршии и пабови на Истанбул, лајт кафулиња низ Белград и Загреб, ноќниот живот во Зрче на Паг (каде што рипав и банџи), фолк манијата во Будва, Меднес и Лазур во Несебар, Болеро на Тасос во близина на Лименарија.
И толку почнав да се губам веќе. И уште не ми е доста. Затоа што таму припаѓам. Како што маестрално ќе речат Фејтлес

 

Kajgana Shop

На врв Bottom