Писмо
Еј, мангупе се сеќаваш ли на времето што го поминувавме заедно, на нашите прегратки и на шлаканицата што ја доби кога сакаше да ме бакнеш!? Да, сигурно се сеќаваш зашто е премногу убаво за да биде заборавено. Се сеќаваш, кога еден ден дојдов да те бакнам, ти ме прегрна и ми рече: "Малечка, не те сакам повеќе, сакам една друга и мислам дека нема смисла да продолжиме да се гледаме". Тогаш почувствував како студени морници ми поминуваат низ телото. Тивко ти го свртев грбот и почнав да чекорам. Не знаев што да правам и каде да одам. Застанав, скинав еден лист и почнав да го гризам. Мислев, ќе го отстранам оној горчлив вкус од устата и дека ќе ја проголтам онаа грутка што ми го стегаше грлото. Тогаш ја почувствував твојата рака на моето рамо кога ми рече: "Малечка, мислиш дека можам да засакам некоја друга покрај тебе!?" По неколку дека пак се сретнавме, а ти беше нешто нерасположен. Се приближив до тебе и ги видов твоите вцрвенати очи кога со плач и тивок глас ми рече: "Малечка, денес заминувам Америка. Можеби повеќе нема да се видиме, а најдобро ќе биде да се заборавиме."
Последен пат ги видов твоите очи. На почетокот се допишувавме, но сфатив дека нашата врска не може да се одржи преку писма. Писмата присигнуваа редовно, но ги оставав неотворени во својата фиока. Еден ден кога се вратив од училиште си помислив дека можеби е дојдено твоето писмо. Да, на масата навистина имаше писмо адресирано со твој ракопис. Го зедов да го ставам кај другите, но некое длабоко чувство ме натера да го отворам. Го сторив тоа и со треперливи раце почнав да читам: "Малечка, на 12-ти пристигнувам засекогаш. На 13-ти ќе ти се јавам. Кога ќе ѕвони телефонот ако се сеќаваш се` уште на мене и ако ме сакаш, јави се, а ако ме имаш заборавено присети се на мене. Сега ќе го завршам писмово, а ти чекај го телефонскиот повик".
Ова писмо е најдено до едно девојче со исечени вени. До нејзиниот труп е најден весник во кој на една крвава страница пишуваше: " Авионот што требаше вчера да пристигне од Њујорк се сруши". Сите се мртви, а на страницата со крвави букви пишуваше:
"ДА ЉУБИШ Е ИСТО КАКО ПЕСНА ДА ПЕЕШ, НО НЕМА ПЕСНА БЕЗ КРАЈ".