Ево бе, ги ископав од блогот мој стар:
Божица
Ми дојде сама...
Облечена во сино,
усните и беа
црвени ко вино...
Ме погледна ко срна...
се насмеа милно,
ме повлече кон себе
и љубеше силно...
Кожата и беше
мека како свила...
мирисаше целата
на цимет и ванила...
Легнавме под дрвото
на гревот прв...
со пркос кон бога,
се љубевме до крв...
Ѕвездите ги постелав
на небесата в неа,
од нашата љубов
нов свет се слеа.
И уше една(погодете од кого е оваа инспирисана):
Офчетина
Секој ден исти курац
ко отворам весници
офците у трлото
уште си блеат.
Вуна на претек...
Ги шиша кој ќе стигне
брадоњи, каубојци
туѓинци и својци
телеком фиксни
оператори мобилни
певаљки обилни
во пределот на срцето...
Со ножици ил брич
на мокро или суво
триста оки руво...
Ајде сите заедно
ко офцички да мекаме:
Мееее, мееее, мекете, мееееее...
Мееее, мееее, мекете, мееееее...
Ајде сите заедно
во трлото да скокаме:
Оп, оп, опапа, оп!
Оп, оп, опапа, оп!
Ајде сите заедно
натртени да офкаме:
Оф, оф, офафа, оф!
Оф, оф, офафа, оф!