- Член од
- 7 септември 2016
- Мислења
- 21.637
- Поени од реакции
- 37.598
РИНГИШПИЛ
Секогаш што е слатко и симпатично, кратко трае,
највероватно тоа е дражта на кружната брзина,
дали тоа ме фаќа вртоглавица од љубовта твоја !
Секогаш кога губам правец, убави работи ми се случуваат,
највероватно тоа е дражта на дезориентираноста,
дали тоа ме вртиш околу оската твоја!
Секогаш забранетото посакувам да се случи,
највероватно тоа е убавината на спротиставеноста,
дали тоа ме гураш напред со дланката твоја !
Секогаш кога ќе ги стиснам забите,
највероватно тогаш добивам храброст,
дали тоа е поради силината твоја!
Тогаш се прашувам, зошто не го поднесувам рингишпилот ?