Ваша поезија!

Lil Lamb

Сакам да се родам одново.
Член од
7 април 2014
Мислења
258
Поени од реакции
282
Славината капе и ме буди,
до утре да стане езеро нема да ме чуди.
Бидејќи нема гумичка, тепихот ќе страда,
и за друг татко ми ќе плаќа.
Може да го затне додека е на работа, тато стави гумичка,
не чекај сабота. :sneaky::unsure:
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Eдна љубовна

светот ми мириса на тебе
на топлите кроасани наутро
кафето, малку препечено,
со еден круг лажиче измешано
на креденецот со долапи
во кои се кријат локуми, ореви
ружина вода и стари весници
светот ми мириса на тебе
на резанки сон и бротчиња круша
на препечена ракија и сонлива душа
светот ми мириса на тебе
на постела во чии ќебиња дланки свиваме
часовникот го трескаме, па навиваме,
на перено, на гушкано, на пижами
на ноќни револуции и зрна страст на оригами,
светот ми мириса на тебе
а ти немаш поим, само врвиш, низ него
како император кој носи зачини од Елдорадо
ме дишеш, а јас зачнувам кокосови колачи и чоколадо

а носов мој

затнат
настинката трет ден ме освојува,
една љубовна, велам ќе напишам
светот, ми мириса на нас и опстојува.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.780
Поени од реакции
8.235
О п'вог'вама,
о 'вефо'вми,
о двот'ветинско мнозинство.

О уста пуста невнимателна,
о тајни м'вачни, т'вао'вни.
O мага'ве, клето, шугаво,
о мага'ве очајно,
o ст'ванска служба потајно,
о бомба неслучајно.
О, П'вага, имот, фала богу,
Сител, Ку'ви'в - несигу'вно
мага'ве обjaви, тајни многу?
'вефо'вмато'в во Бохемија - неминовно!
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Тесла

Надоаѓаат зборови, ти можеш да ги разбереш,
и во нив да најдеш сила и молитва
ти си електрицитетот на пуловерот
додека се топлам во колибата
на мојот ум
на заедничкото огниште
Ти си патот нацртан
со кривулеста линија
стапалки од црни мачки
што носат среќа
- те сонувам во костум, а знам дека си ослободен

Надоаѓаат зборови, како ехо
од внатрешноста
крвта ми се менува
наизменично сино и црвено
мирно стојам и гледам
како небото не’ преплавува.
Ми ги чуваш солзите,
како гулаби во мали шешири.
На крајот
Ги ослободувам
и замирам во тивка песна

Тесла.
 
Член од
31 мај 2012
Мислења
228
Поени од реакции
145
Записите за Џозефина (31)

Свежо утро.
Џозефина се разбуди пред изгрејсонце.
Свежина во нејзините очи,
во кои можеше да ѝ се прочита среќата.
Се плашеше дека нема многу да потрае.
Мирисот на првото утринско кафе
се протегаше низ целата соба,
а таа како по навика уживаше
во секоја голтка која ѝ предизвикуваше задоволство.
Кога сме веќе кај мирисите,
најомилен мирис ѝ беше оној
кога после цел ден изминат со тој
мирисаше како него.
Енергична и ова утро.
Правејќи ги утринските вежби
следена од длабока мотивација
секое делче од нејзиното тело
се затегнуваше и добиваше облик
онаков, каков што требаше да биде.
Кога после тоа влезе под тушот,
кое патем ѝ беше најомилено место
за релаксација и уживање,
со секоја капка вода пролеана
на нејзините колкови и гради
беше поблиску до рајот,
затоа што миењето со чиста вода
за неа беше терапија за душа
исто како читањето поезија на омиленот поет
или слушањето на некоја мелодија
која ѝ беше мелем за уши.
Ги заврши утринските ритуали
и му се насмевна на денот.
Со длабок поглед во далечините
посигурна од било кога,
порешителна од никогаш претходно,
посмела во сите постапки,
посреќна и позадоволна од себе од секогаш!
Беше подготвена за успешен ден,
затоа што само храбрите ги прати среќа.
 
D

deli

Гостин
Паднатиот Лав

Тој падна,падна на земјата
тресокот беше како грмотевица
писна од болка која сам си ја нанесе
но никој не знаеше како е можно...
Премногу рани,премногу болки и тага
тој никогаш повеке нема да лови
со солзи во очите тој знае
тој никогаш повеке нема да лови.
Проба за последен пат
да лови и убива пак
но болката го надмина за жал
тој згасна со писоци в мрак
и така лавот
киниса кон патот
тетеравејки се со страшни болки
заврши во адот.
 
Член од
4 март 2013
Мислења
39
Поени од реакции
3
Здраво, дечки :) Пишувам веќе долго време и направив блог конечно и исто така и фб страна за блогот. Ќе бидам пресреќна ако одвоите малку време да ги погледнете :) Ако сакате секако и лајкнете.
https://www.facebook.com/introvertsworld1997
Во дескрипшн имате и линк до блогот.
П.С: Ако сакате да објавам некое ваше дело ( со ваши иницијали, име презиме, линк од фб, по ваш избор :) ) контактирајте ме во инбокс на фб страната. За возврат барам само да ми го споделите блогот со вашите пријатели :)
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Во немирот


Ме спопаднал немир, не ми дава да спијам насон
ме остава само да читам и да скитам, со главава да си праам театар
гледам неважно
Колку е часот?

не можам, а сакам, и ми се може
во мене расте дрво
а во него со џебно ноже

/////// <3 \\\\\\\

издлабена една љубов
што се крие, од светот
ох, си велам, што е
кога ми го запираш летот
а јас, птица и лулка
од врба изделкана
имам крилја, немам небо
во земност сум прпелкана

Ме спопаднал немир, не ми дава да летам
си купив кафез, го даваа џабе
на пазарот на Слободата
во него има лулка
и птица
и дрво што расте

(заспивам)

Имам своја планина
на која соспи снег снежат
ги топам
во Немирот
им давам да тежат

Еден ден, се’ ќе биде раат.
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
11
Поени од реакции
3
Пред некој ден добивме задача на часот по Македонски јазик да напишеме песна/есеј на темата “Еве ја таа земја од заморено дишење и молк,еве ја таа проста земја од грч и од чекање“. Еве што никна од мене во рок од 20тина минути. :)


Еве ја таа земја од заморено дишење и молк,
еве ја таа проста земја од грч и од чекање






Векови ропство и мачење,

векови крвава пот и плачење.

Векови надеж и незаморна борба

премногу храброст за во една творба.

Таму е мојата земја.


Каде почвата е снежно бела,

а под неа грст херојски тела.

Таму сонцето облева со сјај

таму душата моја осеќа рај.


Каде срцето храбро бие,

каде крвта за слобода врие.

Таму закон со разум се коси,

таму богато дете проси.


Каде простиот го ценат,

а убавите цвеќиња венат.

Каде свој на свој нож вади

тогаш ноќта денот го кради.


Еве ја таа проста земја од заморено дишење и молк

со години плен на секој волк.

Еве ја таа проста земја од грч и од чекање,

историја испишана со крв и лелекање.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Ѕвезди на бис

Родени сме
за да блеснеме
па и на меко тло
да треснеме
остри ни се рабовите
но меки табовите
кога отвараме страници
меѓу нас и другите
галаксии и ветерници
котларници за нови Месечини,
Млечни патишта
и пасишта
без колци и меѓници

настапуваме
со аура во боја на минт и ванила
закачени сме на весников принт од свила
пишуваме
а аплаузот никогаш не стивнува
На бис!
На бис!
На бис!

Ѕвезди сме
и трепкаме низ ходниците на небото
не’ гасне само жедта
за постоење.
 
Член од
21 март 2015
Мислења
3
Поени од реакции
3
Далечина

Ах, таа далечина...
не спои, бевме среќни
но еден ден не раздели
додека со лажна надеж
си играше со нас
ние уживавме, но потоа
наеднаш таа далечина,
да, таа гневна далечина,
не уништи.....

Ги уништи нашите срца
ги скрши како вазна што стои на полица,
а потоа паднала, се уништила..
Ги разурна нашите погледи
ги избриша како гума што брише на хартија...


Ах,таа далечина
не однесе далеку, толку далеку каде што нема
ни малку надеж за живот...
Не раздели, ни го оттргна секој миг што го поминавме
заедно,секое место на кое бевме заедно
остана пусто, пусто и осамено...


Ах,таа далечина...
сите патеки што водат
до тебе, до тебе и до мене се, се избриша
не натера да заборавиме
да оставиме се, да заминеме
далеку таму во таа далечина.
Tи замина, замина ме остави
и никогаш не се врати...

Ах, таа далечина...[DOUBLEPOST=1426979296][/DOUBLEPOST]Бездомник

Таа ноќ, ноќ врнежлива
тивко полека од небото
паѓаат капки дожд
како магија од бајките
покрај улица темна,
темна и страшна,
покрај куќа,
куќа разурната,
како срце скршено
како крило на птица рането....

Тој седеше, да тој
бездомник кој тивко плачеше
тивок плач, внаре тивко во срцето
како урнатина разурната
како море без брнови
како чекори во кал кои оставаат траг зад себе...

Таму некаде, во таа улица
темна улица, која беше
полна со спомени
спомени облеани во болка
болка во која тој бездомник
го оставаат без радост во душата...
 
Последно уредено:

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Ми мириса на некој нов Париз

тие малечки пасажи полни радост,
мирис на ѓумбир и топла мароканска супа
се само време стиснато меѓу два залака
додека плачевме прегрнати
во паркот седнати на клупа
живуркаше, светот
додека планиравме да сме засекогаш
зачувани и запишани
како печати во пасош

но, не

Ми мириса на некој нов Париз
што ќе го откријам
сама,
небаре со сите љубовници облаци
ко дама
со шапка крената гордо нагоре
додека статуите од Лувр
бегаат
на слобода

Бегав и јас
од Љубов во Љубов
за да пораснам
Дома
на слобода.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Секој ден нешто завршува


Денес беа твоите ветувања,
утре ќе заврши омилената серија
ќе снема од оние убавите чоколади
што се продаваа во ограничена серија
веќе немаш парфем
но затоа имаш искористени картички од автобус
завршен оброк на крајот од ноќта
измрсени усни и заруменета мисла
ти завршува месечниот циклус
и времето поминато на картичката од библиотека
заврши кутијата цигари
подот е валкан од испотените чекори
(журките се прекратки споеви
за да се заљуби човек)
секој ден нешто завршува
особено добрата книга
сончевата ракија
бакнежите што со алчност ги чуваме
во рамките без фотографија
Завршува денот, во залезот ги гледаме
сите наши надежи
како се топат, ко сладолед
а асфалтот чека
ново патување
И тоа, ќе заврши.

Се прашувам, само
со стрела, кон ѕвездите
ќе има ли некој
да не’ отпочне, одново
да раскажува
како, некогаш сме завршиле
како отпад
на оваа мала театарска сцена
полна очекувања.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Дали

Дали ќе си простиме, не знам
знам само дека не сме прости
патуваме, со раширени куфери
ништо не собираме по пат
немаме каде
срцата се преполни со празнина
и татнееме
возот е само чекор напред
кон времепловот
полн небо и иднина
или небиднина.

Дали ќе се простиме, не знам
знам само дека не сме прости
се ракуваме, со раширени раце
за прегратки
а немаме каде
ни ти сам
ни јас, ваква.
 
Член од
24 октомври 2011
Мислења
385
Поени од реакции
139
Пред некој ден добивме задача на часот по Македонски јазик да напишеме песна/есеј на темата “Еве ја таа земја од заморено дишење и молк,еве ја таа проста земја од грч и од чекање“. Еве што никна од мене во рок од 20тина минути. :)

Еве ја таа земја од заморено дишење и молк,
еве ја таа проста земја од грч и од чекање






Векови ропство и мачење,

векови крвава пот и плачење.

Векови надеж и незаморна борба

премногу храброст за во една творба.

Таму е мојата земја.


Каде почвата е снежно бела,

а под неа грст херојски тела.

Таму сонцето облева со сјај

таму душата моја осеќа рај.


Каде срцето храбро бие,

каде крвта за слобода врие.

Таму закон со разум се коси,

таму богато дете проси.


Каде простиот го ценат,

а убавите цвеќиња венат.

Каде свој на свој нож вади

тогаш ноќта денот го кради.


Еве ја таа проста земја од заморено дишење и молк

со години плен на секој волк.

Еве ја таа проста земја од грч и од чекање,

историја испишана со крв и лелекање.
mnogu mi se dopaga
 

Kajgana Shop

На врв Bottom