Вашата најубава вечер...

Член од
12 октомври 2007
Мислења
78
Поени од реакции
0
Хммм вечер што ќе ви остане во сеќавање со најдрагата личност...:smir:Седевме сами на мостот на заљубените,гушнати,ја слушавме I don't want to miss a thing..Езерото се брануваше,ветрот вееше..Се гледавме в очи без да кажиме збор..Подоцна ми го подари најубавиот бакнеж и со мил глас ми рече :„И да умрам сега,ќе умрам среќно“ Би сакала да се врати оваа вечер и никогаш да не заврши...Не сум романтичар али за оваа вечер би го потрошила цел живот...:back:
 

ThugProphet

I'ma die a hustla!
Член од
14 јули 2007
Мислења
468
Поени од реакции
8
Кај еден од членовите на форумов дома, во дневна соба, со (тогаш другарка што и ден денешен си ја сакам како сестра) (сега) девојка, навечер, после 11 саат беше, точно не знам колку, lights down, прв пат тогаш се смувавме со бебето мое :D:D:D, онака испозапалени двајцата, имаше млеко со чоколаден прелив, чоколадо, и многу чувствааааа, ама не се случи ништо посебно освен мување.. Сепак нема никогаш да ја заборавам таа ноќ. Така си немам поминато до сеа!!!
 
N

NeMiRnA

Гостин
Пред една година,со една мила личност неможевме да најдеме ни едно слободно место по кафичиве во нашево Скопје и скитавме по студот и за чудо не ми студеше,во друг случај тоа би било мојата налоша вечер,но заради посебноста на таа личност испадна мојата најубава вечер во животот...Многу работи си изнакажавме и се осеќав исполнето,а не стануваше збор за никаква љубов и слично да не дојде до недоразбирање.
Верувам дека имало и други,ама не ми текнува во моментов.
 

SCORPIO__20

Your sex is on fire
Член од
1 февруари 2007
Мислења
4.380
Поени од реакции
71
Летово, во парк со една мила особа, ми остана као една од поубавите вечери, беше во бело фустанче и блузиче, и требаше да јадеме чоколадо, а она шмизла , некам некам :) си правевме муабет, беше убаво ама моравме и брзо да се оделиме,:smir:
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.677
Поени од реакции
13.286
Пред една година,со една мила личност неможевме да најдеме ни едно слободно место по кафичиве во нашево Скопје и скитавме по студот и за чудо не ми студеше,во друг случај тоа би било мојата налоша вечер,но заради посебноста на таа личност испадна мојата најубава вечер во животот...Многу работи си изнакажавме и се осеќав исполнето,а не стануваше збор за никаква љубов и слично да не дојде до недоразбирање.
Верувам дека имало и други,ама не ми текнува во моментов.
Ептен слична ситуација... Се договорив со една другарка во кафуле да седнеме и иди ваму, иди онаму, све тутма а баш не сакавме по гужви да се мотаме. И ми предложи по кеј да продолжиме до кај не држат нозете. Се зазборевме со муабети, филозофии се заборавивме дури до Влае зацепавме од тоа колку убаво ни беше. Мислам така си немав поминато многу одамна. Ова беше пред 7-8 месеци.
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
*17. 11. 2006 година ... не го ни почувствував огромниот студ на клупите кај Мајка Тереза :wub1:

*21. 04. 2006 година ... прекрасна ноќ што никогаш нема да ја заборавам.:pipi:

Има повеќе, но бидејќи е ова подфорум “Љубов и секс“ би задржала само на овие.:angel:
 

mUv@ ThE DoGg

oLd ScHoOl PerSoN
Член од
29 септември 2005
Мислења
363
Поени од реакции
5
хммммммммм нема шанси да одвојам една вечер...... но сепак.... многу ми е остана во сеќавање последната ноќ пред да се одделиме со моето сонценце, јас и таа никој друг никој, глува тишина, гушнати си муабетевме си седевме на балкун со поглед на градот си се смеевме и седевме така до 5 сатот сабајле..........аххххххх се би дал сега да можи да се врати тоа време ама се надевам ќе биде за брзо.... никогаш нема да заборавам никоја вечер со мојата најдрага личност на цел свет а посебно не оваа, затоа што имаше некоја посебна енергија.... двајцата бевме некако уплашени дека се разделуваме но сепак насмеани и храбри
 

Mind In Motion

Smirking Revenge
Член од
29 мај 2007
Мислења
816
Поени од реакции
46
14.12.2007 Со најсензуалната и најмилата девојка, врнеше снегче, не го осеќав студот...:letam:...Сум мислел дека се повеќе вечери што се најубави, али тогаш посакав сите вечери да ги трампам за миг од таа...
 
С

Сатори

Гостин
~*~

Хммм вечер што ќе ви остане во сеќавање со најдрагата личност...:smir:Седевме сами на мостот на заљубените,гушнати,ја слушавме I don't want to miss a thing..Езерото се брануваше,ветрот вееше..Се гледавме в очи без да кажиме збор..Подоцна ми го подари најубавиот бакнеж и со мил глас ми рече :„И да умрам сега,ќе умрам среќно“ Би сакала да се врати оваа вечер и никогаш да не заврши...Не сум романтичар али за оваа вечер би го потрошила цел живот...:back:
Многу убави/прекрасни вечери сум имала во животов, но пред 2 дена, излезени јас и дечко ми, ме чекаше после драма, и се шетаме на студот, на снегот ... романтично и преладно ... и заминавме накај темниците во Гимназија и седиме на клупата.
И љубовта ми вика ... ти си таа!
Тоа беше емоција која не може да се опише со зборови, просто фактот дека се будиш и заспиваш во нечии очи.
Студот веќе не е ни битен, имаш некој кој го љубиш и те љуби крај себе ... аххх.
:lele:
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Најубава вечер... Нова година 2006/07. Глупо беше кај што требаше да одиме, па со женската дојдовме дома. Закон. Цела вечер се гушкавме, преубо ми беше (изземајки што ми беше малку криво дека така испадна со друштвото).
 

--**ЕмА**--

take me as i am
Член од
14 ноември 2007
Мислења
380
Поени од реакции
11
беше пред после летото, и бевме кај мене дома за прв пат така опуштено и за прв пат го имав :) и ми беше најпрекрасното нешто на свет што ми се случи... онака страствено бакнежи допири...ахх д гуд олд дејс
 

Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
151
Не би одвоил посебна вечер,секогаш ми е убаво со луѓето што ги сакаш нели до тебе...можеби некоја летна вечер зашто ова зимиштево абе неможеш да се опуштиш од студов
 
Член од
23 декември 2007
Мислења
4
Поени од реакции
0
28.06.2007...Definitvno najubavata vecer vo mojot zivot...nekolkuminuten preeeekrasen ognomet sto go osvetluvase celoto nebo...ezerceto mirno...kaneo prekrasno...i jas i covekot koj go sakav so celovo srce...za zal se ostana na muvanje :(
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
01.11.2006
"Таа вечер беше премногу ладно,целата бев смрзната но не прекинував да чекорам покрај тебе.Те голтав со поглед,сакав да те имам што поблиску до себе,но не се осудував да те гушнам.Не прекинував да зборувам,како прв пат да те гледам сакав да ти кажам Се,сакав да те насмеам.Се сеќавам не бев јадена ништо цел ден,цревата ми протестираа,но не осеќав глад за храна,бев гладна за тебе.Во еден момент се одлучив да те бакнам.Беше најкраткиот бакнеж во мојот живот,но никогаш нема да го заборавам,беше посебен.Ме гледаше збунето,се насмеа.Целата поцрвенев,почуствував срам,ја наведнав главата.Собрав храброст,те гушнав до мене и повторно те бакнав.Во тој момент заборавив Се,постоевме само ние.
Никогаш нема да ја заборавам таа ноќ.

До моето мило"
 

Kajgana Shop

На врв Bottom