Ваучери за компјутери за апсолвентите (2012/13)

Член од
10 јули 2011
Мислења
12
Поени од реакции
11
За ова се говореше уште пред неколку месеци. Бев во министерството да прашам, а колку што паметам на 06.06 беше и јавно на тв кажано дека ќе се даваат овие ваучери во вредност од 250 евра. Во министерството, никој не знаеше (по дефолт во Македонија никој ништо не знае) или пак не сакаа да ми кажат, а најверојатно ги мрзеше да си го нарушуваат удобството и да објаснуваат. И работата така остана, демек ќе било објавено во јавен оглас. Оттогаш никој ништо нема спомнато, па не знам што се случува, дали ќе ги исполнат ветувањата или ова е уште една лага. Некаде слушнав гласини дека конкурсот ќе траел од 1ви до 10ти септември. Засега молк.

Да не знаете нешто во врска со овие ваучери?
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.725
Поени од реакции
27.702
Абе све по список, баш годината кога бев апсолвент престанаа да даваат :mad:
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.447
Поени од реакции
6.728
Оди на fakulteti.mk ќе ти објават кога ќе има конкурс. Законот пред скоро време го изгласаа(или па уште не е изгласан), неможе преку ноќ да ти никне компјутер на бирото оти некој туку така рекол. Кога ќе има конкурси за давање нешто, нема портал шо нема да ја објави веста.
 
Член од
9 јуни 2008
Мислења
1.380
Поени од реакции
804
Собранието го донесе новиот Закон предложен од Министерството за информатичко општество за издавање на вредносни ваучери за компјутери од 15.500 денари. Проектот би требало да стартува од 1 февруари 2013 година.
Но, за разлика од претходните вакви проекти кога се делеа компјутери на сите апсолвенти, сега ваучерите ќе се делат на „редовните студенти од социјално загрозените семејства кои за прв пат се запишани во завршната година на студии, на универзитети, како и за студентите кои се евидентирани како лица со посебни потреби“.
„Законот се засновува врз следните цели и начела: поттикнување и помагање на научниот и технолошкиот развој на студентите кои потекнуваат од социјално загрозените семејства; помагање на студенти евидентирани како лица со посебни потреби; директна стимулација (помош) на компаниите кои се дел од ИТ секторот.”, се вели во Законот.
Покрај студентите со посебни потреби, другите студенти кои ќе добијат вваучери ќе бидат тие од социјално загрозени семејства. Тоа подразбира семејства кои добиваат социјална помош или семејства кои немаат поголем месечни приходи од 12.000 денари. На студентите ќе им бидат потребни потврда од социјалните служби и уверение од Управата за јавни приходи за двајцата родители за да докажат дека доаѓаат од социјално загрозено семејство.
МИОА ќе потроши 46.500.000 денари на овој проект кој ќе ги опфати студентите од учебната 2012/2013 година. Парите ќе се обезбедат од Буџетот на Министерството за информатичко општество и администрација. Од претходните проекти со издавање на ваучери за компјутери во 2007-ма и 2008-ма година, МИОА за 22.476 поделени ваучери потроши 309.267.600 денари.
„Очекуваните резултати што ќе произлезат од овој предлог-закон се: приближување на ИКТ технологиите до граѓаните, изградба на информатичко општество, зголемување на бројот на компјутери во употреба меѓу граѓаните на Република Македонија и помагање на студентите лица со посебни потребни и студентите кои живеат во социјално загрозени семејства.“



http://it.com.mk/povtorno-k-e-se-delat-vaucheri-za-kompjuteri-za-studentite/
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.051
Поени од реакции
15.026
Знам баш сестра ми ко требаше да земи, престанаа да ги даваат... Бандитска држава, секогаш крати таму каде што не треба. Додуша, им требаа нови компјутери на секретарките, нови столици. Па тие се луѓе со посебни потреби.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.171
Поени од реакции
18.094
Да дека вие немате компјутери па тешко ви дое ваучери што не ви дадоа.Бегај бе не се за нас вака идиотски организирани проекти..Купуваа компјутери со ваучерите и ги препродаваа..убаво си е направен сеа законот тој што нема пари да добие ваучер не сите па бизниси да праат.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
За ова се говореше уште пред неколку месеци. Бев во министерството да прашам, а колку што паметам на 06.06 беше и јавно на тв кажано дека ќе се даваат овие ваучери во вредност од 250 евра. Во министерството, никој не знаеше (по дефолт во Македонија никој ништо не знае) или пак не сакаа да ми кажат, а најверојатно ги мрзеше да си го нарушуваат удобството и да објаснуваат. И работата така остана, демек ќе било објавено во јавен оглас. Оттогаш никој ништо нема спомнато, па не знам што се случува, дали ќе ги исполнат ветувањата или ова е уште една лага. Некаде слушнав гласини дека конкурсот ќе траел од 1ви до 10ти септември. Засега молк.

Да не знаете нешто во врска со овие ваучери?
Кај си слушнал ова ? А законот собраниски е донесен.
 
Член од
10 јули 2011
Мислења
12
Поени од реакции
11
Кај си слушнал ова ? А законот собраниски е донесен.
Искрено, не паметам од кај слушнав, или пак нешто на интернет прочитав, веројатно така беше. Ама имаше илјадници шпекулации, само не конкретни и попрецизни информации. Како прво бев изненаден од вработените во министерството кои немаа појма што се случува, тогаш не знам кој ги носи одлуките и каква е нивната функција во тоа министерство кога сите еден на друг си ги префрлуваат обврските па на 1000 врати ме прошетаа низ нивното многу организирано министерство со најпаметен одговор: ‘‘Не знам, оди прашај го колегата, е он знае‘‘ , а колегата пак и он кутриот не знае и ме тера да го прашам третиот колега. Намерно го одложив дипломирањето за да земам ваучер, за да искористам нешто оти во овие 4 години студирање сите џебови ми ги испразнија за глупави трошоци, а и онака за работа е претешко, бидејќи нашиот паметен премиер направи 99,9% од средношколците да се запишат на факултет. Не ни ја бива државата. Извини на долгата реплика, ама кога споредувам како функционираат други земји а како тука, ми се креваат влакната по телото. Во Македонија не се исплаќа да студираш дури и да е бесплатно, бидејќи и онака другите трошоци се преголеми а условите за вработување никакви, само поединци имаат среќа, и тоа се е до среќа, квалитетот не се гледа толку, освен во ретки исклучоци.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.147
Поени од реакции
18.173
Знам баш сестра ми ко требаше да земи, престанаа да ги даваат... Бандитска држава, секогаш крати таму каде што не треба. Додуша, им требаа нови компјутери на секретарките, нови столици. Па тие се луѓе со посебни потреби.
Е така кажи му.Јас дипломирав уште немам земено, тие преку ред запнале :pos:

За ова се говореше уште пред неколку месеци. Бев во министерството да прашам, а колку што паметам на 06.06 беше и јавно на тв кажано дека ќе се даваат овие ваучери во вредност од 250 евра. Во министерството, никој не знаеше (по дефолт во Македонија никој ништо не знае) или пак не сакаа да ми кажат, а најверојатно ги мрзеше да си го нарушуваат удобството и да објаснуваат. И работата така остана, демек ќе било објавено во јавен оглас. Оттогаш никој ништо нема спомнато, па не знам што се случува, дали ќе ги исполнат ветувањата или ова е уште една лага. Некаде слушнав гласини дека конкурсот ќе траел од 1ви до 10ти септември. Засега молк.

Да не знаете нешто во врска со овие ваучери?
Очекувај на почеток на следниот семестар, значи Февруари 2013 најкасно почеток на Март.
И уште нешто : Оваа држава гледај ја како банка.Тешко добиваш пари, а лесно даваш.Дури и кога добиваш (кредит), пак си заебан ;)
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
С О О П Ш Т Е Н И Е

Им се соопштува на студентите дека Владата на Република Македонија донесе Закон за издавање на вредносни бонови-ваучери во номинална вредност од 15.500 денари, за набавување на компјутери за редовните студенти државјани на Република Македонија во учебната 2012/2013 година.

Право на вредносните бонови-ваучери имаат:

1. Редовни студенти кои живеат во социјално загрозени семејства и кои за прв пат се запишани во завршната година на студии во учебната 2012/2013 година до 15 октомври 2012 година

2. Студенти кои се евидентирани како лица со посебни потреби и се запишани во учебната 2012/2013 година

а) Социјално загрозени семејства се сметаат: семејства корисници на социјална парична помош, постојана парична помош и право на парична помош на лице кое до 18 години возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа или семејства во кои вкупните месечни приходи не се поголеми од 12.000 денари.

За остварување на правото потребни документи:

- потврда издадена од Центарот за социјални работи или Уверение од Управата за јавни приходи (за остварени приходи по разни основи од претходната година) за двајцата родители или старатели или за самиот студент.

При подигањето на вредносниот бон-ваучер студентот е должен да пополни формулар со изјава за прием на вредносниот бон-ваучер во кој го наведува своето име и презиме, бројот на личната карта или патна исправа, бројот на индексот и серискиот број на вредносниот бон-ваучерот кој го добил.

Вредносниот бон-ваучер се користи како учество за купување компјутери: лаптоп, десктоп или таблет од трговски субјекти регистрирани за трговија за компјутери. При реализација на вредносниот бон-ваучер трговските субјекти треба да издадат гарантен лист со сериски број на компјутерот.

Исплатата на средствата на трговските субјекти ќе се врши врз основа на доставените искористени бонови-ваучери, копија од фискална сметка и копија од купопродажен договор.

Вредносните бонови-ваучери важат до 15 декември 2012 година.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.848
Поени од реакции
72.511
Да им ебам матер требаше за лани да важи а не од оваа година, пу да ти ебам среќата :mad:
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.051
Поени од реакции
15.026
А зашто не даваат на апсолвентите кои завршија 2010та?
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.382
Поени од реакции
16.590
Е брао.
Арно висока граница за месечни приходи.
 
Член од
27 јануари 2008
Мислења
2
Поени од реакции
0
А зашто не даваат на апсолвентите кои завршија 2010та?
Не се заебавај кога не си инфориран.

Прво, одлуката на МОН е донесена на крајот на Мај, што во недостаток на инфорамации тогаш, нормално е да претпоставиш дека ќе се однесува на студентите што се апсолвенти во таа, тековната академска година.

Второ, на 06.06. имаше прес каде се официјализира одлуката и покрај министерот седеа и двајца студенти кои наводно ги исполнуваа условите. Беше кажано дека тие се првите добитници на ваучери. Кога новинар ги праша што направија за да добијат, кои услови, документација, не знаеа што да одговорат, ЌУТЕА! Во прилог на Алфа ТВ одеше тоа, ако успеам да го најдам ќе го постирам насекаде. И нормално, сироти деца, ги зеле на прес и им кажале "вие седете тука, вие сте као првите добитници". Се одбива ли министер??

Е сега видовме дека ќе важело за оваа академска година. Ок нека, ама тие двајца, се социјално ранливи за цел живот или знаеле однапред дека во Октомври ќе имаат приходи помали од 12000? Или сигурни беа дека ќе запишат семестар во Октомври? Испаѓа дека добиле ваучер на жими мајка. Е браво бе министре!
 
Член од
10 јануари 2011
Мислења
1.658
Поени од реакции
3.322
Порано кога даваа ја мојот си го продадов. Ако има сега некој што ќе продава сега нека ми пише ќе му го купам?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom