Ван Хален

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.063
Поени од реакции
57.314


Жанр - Хард рок, хеви метал
Активен период - 1972-денес
Продуцентска куќа - Warner Bros, Yessup Recording
Сегашни членови - Еди Ван Хален, Алекс Ван Хален, Дејвид Ли Рот, Волфганг Ван Хален
Поранешни членови - Марк Стоун, Мајкл Ентони, Семи Хагар, Гери Черон

Ван Хален е Американски хард рок бенд, основан во Пасадена (Калифорнија) во 1972 година.
Популарноста ја стекнаа со издавањето на нивниот прв албум во 1978 година, а насловот го доби според името на бендот, Ван Хален.

Бендот е основан од браќата Алекс и Еди Ван Хален. Во почетокот и двајцата учеле да свират пијано, но подоцна Алекс се ориентира на тапани, а Еди на гитара.

Во 1974 основаат бенд кој се нарекува Мамот (Mammoth), и со него свираат по домашни забави. Озвучувањето го изнајмувале за 50$ од Дејвид Ли Рот (кој тогаш пеел во групата "RedBall Jets"), а подоцна и тој ќе стане дел од Ван Хален.
На нив им се придружува и басистот Мајкл Ентони, кој воедно е и пратечки вокал во бендот.
Бидејќи веќе постоел бенд со име Мамот (кое било и заштитено), името го менуваат во Ван Хален, со тогашен состав: Еди Ван Хален (гитара), Алекс Ван Хален (тапани), Дејвид Ли Рот (вокал) и Мајкл Ентони (бас гитара)

Во 1977 година на еден настап, басистот на групата KISS, Ген Симонс им предлага на свој трошок да ги одведе во Њу Јорк каде ќе снимаат демо. Нивната соработка не траела долго, но Симос ги спојува со Тед Темплмен, кој подоцна ќе постане нивни продуцент. Кога ги слушнал Тед, се воодушевил и им понудил договор и снимање албум.

Уште по излегувањето на првиот нивни албум, Ван Хален стануваат многу популарни и поставуваат нови стандарди на тогашната хард-рок сцена. Статус на супер ѕвезди добиваат во 1984 година со издавањето на албумот "1984" (насловот е добиен според годината која е издаден албумот). Албумот бележи најмногу комерцијални успеси до тогаш и брз раст на топ листите.

Помеѓу Еди и Рот цело време постојат несогласувања, и после нивниот најголем успех, доаѓа до завршување на соработката. Дејвид Ли Рот го напушта бендот, а наместо него доаѓа Семи Хагар од групата "Montrose". Оваа промена не е најдобро прифатена од фановите и публиката, но до 1998 година повторно снимаат албуми кои завземаат солидни места на топ листите, но не успеваат да постигнат огромна популарност. Повторно поради несогласувања со Еди, Хагар во 1998 година си заминува од Ван Хален. Тогаш го ангажираат поранешниот член на групата "Extreme", Гери Черон, со кого го снимаат албумот "Van Halen III", кој бил тотално промашување.

Во 2004 година, Хагар се враќа во бендот и издаваат албум кои се состои од песни од 1997-1998 година и три нови песни кои ги пее Хагар. Овој албум делумно им ја враќа старата слава и повторно завземаат одлични места на топ листата.

Најголемата сензација се случила 2007 година, кога е најавено враќањето на Дејвид Ли Рот, и турнеа низ Америка.
Таа била прво закажана за летото 2007 година, но поради непознати причини била одложена за подоцна.

Студиски албуми

Van Halen (1978)
Van Halen II (1979)
Women and Children First (1980)
Fair Warning (1981)
Diver Down (1982)
1984 (1984)
5150 (1986)
OU812 (1988)
For Unlawful Carnal Knowledge (1991)
Balance (1995)
Van Halen III (1998)
A Different Kind of Truth (2012)
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Јаки ми се.
А мож' ќе отворев и јас тема, ама убо си напрајл.
Долга е приказнава за Хеленовци. Среќа што Еди не успеал да влезе на аудицијата за гитарист на КИС, кога го одбиле за Ејс Фрили. Вака, ги добивме и овеи лудаци.

Еди Ван Хелен, за мене во топ 3 гитаристи. Засега, само ќе ја напоменам Hang them high, и ќе си ја пуштам на јутубЕ, да си ја чујам.

Поконкретни коментари, понатаму... :D
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Јаки ми се.
А мож' ќе отворев и јас тема, ама убо си напрајл.
Долга е приказнава за Хеленовци. Среќа што Еди не успеал да влезе на аудицијата за гитарист на КИС, кога го одбиле за Ејс Фрили. Вака, ги добивме и овеи лудаци.

Еди Ван Хелен, за мене во топ 3 гитаристи. Засега, само ќе ја напоменам Hang them high, и ќе си ја пуштам на јутубЕ, да си ја чујам.

Поконкретни коментари, понатаму... :D
не ни прави лиги, стави ја тука;)
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.063
Поени од реакции
57.314
Ах Малкоме Малкоме... Ништо од приказната :(
 

Kajgana Shop

На врв Bottom