Минатото не може да се врати.
ВМРО е родена од идеологија за национално ослободување, и израснала силна со материјалната и воена поддршка на Бугарија. ВМРО започнува да се распаѓа кога Бугарија, како губитник во војната, потпишува меѓународна обврска да го ликвидира македонскиот национализам, и ја извршува таа обврска со помош на Ванчо Михајлов.
Денес недостасуваат и двата битни услови за раѓање на ВМРО.
Првиот е програма за национално ослободување и борба против империјалнот ропство. Во таа насока програмата на ДПМНЕ воопшто не се разликува од програмата на СДСМ - и едните и другите идеалот го гледаат во целосна колонијална зависност и слугинска положба на Македонија под американско-албанската чизма.
Вториот услов - материјална и воена помош од сојузничка земја - исто така е практички невозможен. Бугарија денес не е истата како и пред сто години. Политиката на задушување на македонскиот национализам ја имаат изградено и усовршено стократно; политиката на борба против империјалниот господар ја имаат заменето со политика на слугување.
ВМРО не може да се роди од партија со идеологија слична на СДСМ, од партија неспособна да ги разобличи лагите на СДСМ, и од партија која не е во состојба, кога е на власт, да осуди ниту еден криминалец од СДСМ.