Ваква наредба дал врвот на партијата и таа веќе се спроведува, велат високи партиски извори.
целта е да не се случи за овие избори партијата да освои помалку гласови од минатите избори, за што постоело одредено стравување во изборниот штаб.
Општинската организација на СДСМ во Битола веќе обвини дека за само еден месец во Битола имало околу 300 партиски вработувања. Според Менде Диневски, претседател на ОО на СДСМ во Битола, 27 од вработувањата биле во Центарот за социјални работи, 19 лица во ЕЛЕМ, 24 лица во РЕК „Битола“, а двајца во хотелот „Молика“. Диневски обвини дека на околу 1.200 работници им бил раскинат договорот и дека на нивно место се примаат партиски војници кои исто така имаат обврска да донесат по 20 лица што би гласале за партијата.
Во ВМРО-ДПМНЕ официјално негираат дека ги тераат вработените во администрацијата да прават списоци со потенцијални гласачи. Сепак, партиски извори велат дека истата шема се применуваше и на минатите избори, ико списокот не е никаква гаранција дека запишаните ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ.
Сличен проект за будење на гласачите имаше и СДСМ. Со проектот наречен „десет“ секој член на СДСМ беше задолжен да комуницира со десет неопределени гласачи, да им ја објаснува партиската програма, да ги претставува кандидатите и да ги кани граѓаните на трибини. Целта беше кревање на рејтингот на СДСМ и враќање на довербата во оваа партија.
Извор:
http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=326&ArticleID=18898