Бугарско државјанство (процедура и потребна документација)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување
Јас се уште немам Указ
Положително сум од 12.06.2024

Интервју во Битола Октомври 2021
 
Чекајте малце, значи со положителна 10.07 да се надеваме деновиве???

*Brave*, johnjohn - честитки дечки, да ве служи како што ќе е добро за вас и семејствата ви.

1727964254184.png
 
Чекајте малце, значи со положителна 10.07 да се надеваме деновиве???

*Brave*, johnjohn - честитки дечки, да ве служи како што ќе е добро за вас и семејствата ви.
Јас бев со положителен статус на 05.06.2024
 
Епа ајде, ако не е сега, до месец дена да се надеваме.
Не знам ни јас што толку се брзам.
Сопругот е тој што чека државјанство, не знам дали сум раскажала претходно на форумот, ама низ толку бирократија сме поминале да сме заедно и откако излезе происходот дишеме полесно, ама еднаш да го земе има да пукам шампањско.
 
Отприлика 3-3,5 години од интервју
Фала. Претходно има чекање година или две? Од давање на документите? (Ми личи дека ако веќе работиш легално во странство, ќе добиеш и постојан престој пред да излезе државјанството... Хм)
 
Здраво, дали некој знае колку време поминува од кога ќе се добие указ, на страната за проверки да се смени статусот резервирање дата за подигање на указ во вашето удостоверение е испратено во конзулска служба? Интервју е правено во Битола.
 
Здраво дечки, дали некој имал искуство досега со плаќање онлајн за услуги од Д'ржавна агенција "Архиви"?
Во банка не можам да извршам уплата бидејќи податоците што ми ги пратиле за уплата не се на латиница и ми велат може да дојде до проблем при трансакција а на мејлови не ми одговараат од Д'ржавна агенција "Архиви" кога им побарав податоци на латиница...

Инаку по втор обид после измена на законите и короната бев на интервју лани 25.07.2023 со оригинал венчаница од прадедо на бугарски и сега чекаме.
 
Може некој да ми даде контакт во приватна порака од посредник кој ќе ми помогне за во рок од 2-3 дена да го подигнам указот од Софија и да се сликам за лична карта и пасош?

Ви благодарам многу
 
Статусот на сопругот се смени пред 2 саати, не добивме известување на мејл што значи ботот дефинитивно не работи.

Одиме за указот следната недела. :)

Со среќа да им е на сите што тргнале по тој пат.

@johnjohn, не ти требаат тие харпии, подигаш удостоверението и идеш со него да си извадиш документите. Плаќаш најбрзата постапка и ќе ти ги направат. Би требало за 8 работни саати (разбирај утредента) да платиш 90лв, а пасошот би требало да е 200лв.
Сега плати си ја таксата за подигање на удостоверението како што е пишано на линкот. Идеш со печатена потврдата од мејл, мкд пасош, две слики за документи и докуметот за платена такса.
Сепак некој поминал поскоро по тој пат нека да пише, а јас можам сабајле да ти проверам во кое ОДМВР можеш да отидеш и све остало. На кого можам и со што можам ќе помогнам, само пари не се расфрлајте на гнасиве, ве молам.
Барајте, читајте, прашувајте.
 
A dali znaes EGN dali vednas ti spremaat ili treba da cekas? Jas preku ambasada imam aplicirano i ne mozam 100% tocna informacija da najdam dali ima nekoj odreden period na cekanje dodeka ti napravat EGN ili vednas ti e gotovo.
Fala odnapred.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom