Постојат две сценарија:
1. Тоа што ти го кажал адвокатот воопшто не си го разбрал.
2. Тој адвокат поим нема од животот.
Најверојатно не си разбрал добро. Но, како и да е во твојот случај посредникот ти зезнал работа заради дополнителните документи и таквите посредници овде треба да ги објавувате со име и град (или име, град, телефон) за да некој во иднина не го наеби.
Исто треба и да им искршете заби, али тоа не секој е спремен да го направи. Има луѓе кои се мирни и повлечени па можам да ги разберам.
Дополнителните документи беа обврзувачки и тоа требаше да се однесат оригинали, затоа и се вадеа нели повторно крштениче, умреници и слично по крвна линија.
Проблемот е што нашите матрапази правеа фалц документи (како кршеници и венчаници од БГ егзархија и слично) и заради тоа и ред други причини пукна скандалот со ДАБАЧ и со плаќања таму, слични срања.
Токму тоа сакаат да го избегнат со новата комисија или како и да го нарекуваат тоа тело, а ако барем малку се скрати чекањето од година дена (колку што требаше за присход од ДАБАЧ) тогаш толку подобро. Не дека нема да се истегне процедурата некаде во некој друг дел, но сепак една институција помалку за трчкарање + колку што сфатив носиш еднаш документи и ЗБОГУМ, толку.
Останува сето тоа да профункционира и да видиме како ќе се одвиваат со временска рамка работите.
Логично е да ја префрлат целата документација. Тоа тело, колку што разбирам, се' уште не е формирано и ставено во функција така да засега си останува работата како што е и процедурата треба да си тече.
Може да прашате во министерство за правосудие, испратете им маил мада мислам дека е рано и тие нема нешто поконкретно да ви одговорат бидејќи ми нема логика зошто не би ги превзеле досиеата на сите апликанти (тоа е во нивни интерес).