Честитки за указот. Ставено во перспектива, процедурата ти траела 2 години и 9 месеци според датумите кои се наведени, што е многу брзо во однос на повеќето тука кои чекаат и по 4+ години. Затоа и луѓето се зачудени.
Напиша дека си извадил произход во рок од еден месец, што е и легално пропишаниот рок за издавање на тој документ во ДАБЧ, но за кој типично апликантите чекаат во просек по 10-12 месеци последниве години во Софија, преку амбасада и повеќе од година. Секако, поупатените знаат дека да се стигнеше до произход во тој пропишан рок тоа припаѓа во пакетот премиум произход
, ама на кој се крати скоро цела година во чекање.
Исто така се чекаше и повеќе месеци од денот кога се поднесуваа документите во Министерството за правда до денот на интервјуто, откако конечно во 2019 тие два чекори ги комбинираа за тоа да се прави во ист ден.
Дека процедурата така значајно се забрзала е нешто што нема да го видиме уште долго време, освен доколку навистина не почне да се работи според роковите кои се веќе разумно пропишани, но кои не се почитуваат (доколку не сте спремни да додадете екстра мотив каде што е можно или сте личност со повисок општествен статус). Напротив, се одолговлекува се повеќе и повеќе благодарение на се поголем број апликанти, додека бројот на вработени кој ги обработува предметите е ист. Законски и Министерството за правда е должно предметите да ги решава во рок од 12 месеци, ама тоа како што гледаме, не е баш така.