Да не бидам кретен, еве благодарам за времето и трудот да одговориш, ама истовремено извини, но по малку оф топик е токму твојот одговор.
Еве ќе се потрудам да звучам поинтелигентно:
Значи бугарскиот пасош и неговото првично користење не е оф топик прашање, туку напротив - составен дел од „бугарско државјанство“. Никој не започнува процедура за да стигне до удостоверение и да си се врати со него во МК и да си седи. Целата поента е да се извадат бугарски лична карта и пасош.
Прашањето е: Поседуваш само МК пасош и одиш во БГ да си го земеш бугарскиот, по првпат, да. И сега додека си во Бугарија во раце држиш два пасоши, македонски и бугарски. И треба да си доаѓаш дома во МК и да преминеш две граници, бугарска и македонска. Кој поединечно или заедно од двата пасоши ги даваш на која граница? Тоа е прашањето.
А потпрашањето е поврзано со исходот од она погоре: Земајќи во предвид со кој пасош и каде си поминал, кога си сега веќе вратен во МК и сакаш да идеш за Германија, за работа и преселба, не за до 3 месеци, повторно, кој од двата пасоши на која граница го користиш.
Од се претходно, зависат и техничките детали за: купување на билет при заминување од МК, пошто се бара точно да се наведат податоци како од пасош. Значи, можеби може да се користи МК пасош да се купи билет и да се излезе од МК, а при влез во Германија да се користи бугарскиот. Незнам, затоа прашувам.
И молам да одговори некој кој знае и има искуство, а не некој што си мисли нешто.
Инаку одговорот на прашањево/ата не се одразува само на една личност туку веројатно на секој кој тргнал да вади БГ државјанство/пасош, пошто кога ќе го извади, ќе се соочи токму со оваа проблематика.
БЛАГОДАРАМ!