So potwrda od zdruzenie od Stip
Brojce negde okolu 6860
Interwju pred 2g
Polozitelno 10m
Ne sum bil na dopolnitelno
Sega kako ode procedurata
Sho treba da prawam?
Ова е цитат од
@Brunhilda
Прво нели се закажува термин на страната на МП каде се проверува бројчето, треба да имаш скенирана прва страница од пасош и да напишеш бр од пасош, е-маил адреса, а се друго се генерира автоматски. Потоа на е-маил треба да ти стигне порака каде ќе ја потврдиш резервацијата, па порака дека е потврдена, мене двата ми стигнаа истовремено ама на едната кликнав на линкот за да потврдам и толку. Потоа го испринтав писмото затоа што треба да се покаже на врата во МП.
Од веб страната од МП ја запишав ж-сметката и цел на дознака вносна бележка за внесена државна такса за получаване на удостоверение т.е. за подигање на Указ. Зедов и две слики пасошки формат.
жиро с-ка БНБ ЦУ, BIC: BNBG BGSD, IBAN: BG09 BNBG 9661 3000 1737 01
Во Софија бев во банка да платам за Указ, 50 лева + нешто ситно, попатно си направив и копија од пасошот заедно со влез за секој случај. Во МП како што пишав си влегов порано од закажаното, отидов мислам на шалтер 4 на приземје, им ја дадов уплатницата, двете слики од кои едната потпишана со цело име и презиме и пополнав едно ливче за адреса - Столична обштина, ул. Леге бр. 6. Ме внесе во систем госпоѓата и ми го испринта Указот.
Си направив копии од Указот и отидов во општина, тука е во близина на МП. Се качуваш на прв спрат, десно има неколку шалтери, на истиот спрат се плаќа. Зедов 3 формулари, Адресна карта за настојашт адрес, Зајавление за постојанен адрес и еден Картон исто така за пополнување. Настојашт адрес пополнав Р. Македонија и име презиме нешто, Постојанен е за адресата во Бугарија т.е. Столична Обштина, ул. Леге бр. 6 итн. податоци за себе и на картонот пополнав податоци што требаше. На каса платив 30 лева и отидов да направам копии од формуларите.
Имаше таму една госпоѓа на шалтер во општината ја замолив за побрзо, почна да ми објаснува вика ако го пуштам сега може утре да ти излезе матичниот после 14 00, па потоа во полиција после 16 00, а полиција колку што знам работи до 17 30 т.е. до 17 00 касата па може и да не го добијат писмото тогаш, па да преспијам Софија, а имам обврски тука плус...Си викам ај заеби ќе отидам опуштено за 10 дена и ќе си го земам матичниот и ќе одам да се сликам за документи.
Иначе за во полиција ќе ми треба писмото од општина со ЕГН (удостоверение за постојанен адрес), копија од пасош, извод од матична книга на родени - преведен и заверен на нотар (го средив тоа), зајавление кое ќе ми го дадат таму и ќе го пополнам на лице место и плаќање на каса во полиција, ќе одам по бавна постапка која е 20-30 дена и ќе ме чини 18 лева за л.к. и 40 лв. за пасош.
И уште ова, значи под Столична општина што се полициските станици може да се сликам кај ќе ми е кејф, а не како што одат некој во Слатина упм. Си избрав една тука на 15тина минути пеш од општина Средец, ќе идам следна недела. Иначе се викаат Рајонно полицејско управление, во случајов ќе одам во Петто рајонно полицејско управление,