Зборот што си сакал да го кажеш не е љубомора, туку завист. Наместо да го вложиш тој мал напор што ти е потребен за да изгуглаш тоа што ТЕБЕ ти треба, ти одлучи да ми реплицираш мене за нешто што сум во право, а ти не си. Само за да ми кажеш дека мене ме јаде љубомора, во надеж дека така ми го расипеш денот.
Многу мрзливо и суетно од твоја страна, а истовремено и на твоја штета и контра твојот личен прогрес во животот - Ќе те однеси баш нигде. А ако навистина ти се сменал статусот, еве ќе претпоставам дека сакаш да кажеш дека си добил потпис, тогаш не ти завидувам, туку ти честитам. Не сум од тие што страдаат кога на некој му се случило нешто добро, макар бил и (потенцијален) шупак.