Здраво на сите.
Сигурен сум дека милијарда пати е поминувано моево следно прашање и дека им е преку глава на редовни ликови тука, ама ако има некој јунак со барем малку доблест би бил стварно благодарен.
Работава е следна - сакам да извадам происход, ги имам сите потребни документи вклучувајќи и бугарска воена книшка од директен предок. Бев мината недела во Софија, ме издрибла посредникот да дојдам, се поднесувало без електронски термин, чекав 2 дена по 6 саата на ред што не се движеше, се измалтретирав како задни смртник со никакви права и ми е преку глава од се. Решавам да ја земам работата во мои раце зошто посредниците и бугарките административки што работат за нив се безчуствителни суштества шо ги интересираат само стотиците евра на сиромашен народ.
Проблемот го имам со онлајн закажувањето на веб страната на ДАБЧ. Едноставно нема слободен термин којзнае колку време. Дали некој има било каква информација за тоа дали може некако да се закаже термин?
Дополнително, барам човек што може приватно и детално да ми објасни во целина се до добивање на државјанство, во моментов информиран сум за процедурата за вадење на происход, од таму па натаму табула раса т.е. ништо не знам. Спремен сум и да платам за информација, се надевам дека ќе биде помалку од 700те евра што ги бара посредникот.
Би било фино да се држиме заедно во вакви хоштаплерски времиња. Благодарам однапред!