Здраво другари, деновиве си го земав указот од Софија. Ова ви го пишувам само за да ве охрабрам посебно оние што се преку родител дека прашање на време е кога ќе им биде потпишан указот.
Неколку работи кои ќе ги интересираат различни групи на членови.
Со подготвени документи бев пред МП уште во 9.00, иако терминот ми беше во 12.00 (уплатницата може да ја уплатите во БИЛО КОЈА БАНКА). Отидов на портирница и прашав дали може да си го подигнам указот порано, ме најдоа на список, видоа во колку часот ми е терминот и ми рекоа дека може порано "само 5 мин. од терминот". Прошетавме лево-десно и после 10 часот пак бев пред МП. Тој од обезбедувањето ме виде и ми рече - ти дечко за указ беше, му реков - да, и ме пушти (значи МОЖЕ и порано од терминот да се земе указот).
Отидов на шалтер 4, ги дадов документите и пополнив едно ливле со име и презиме, адреса и град (бугарски), и за една минута ми го дадоа указот.
Ја прашав службеничката во стилот мои другари чекаат потпис 5-6 месеци, дали е можно да се потпишани указите, а да не се внесени во системот. Таа ми рече "нема шанси, сите укази што се потпишани се внесени во системот, а и во последните месеци нема потпишани укази", ова се нејзини зборови.
За оние кои планираат да поднесуваат документи сега. Имаше двајца со мене кои поднесоа документи и во ИСТО ВРЕМЕ имаа интервју. Дознав дека терминот се закажува електронски, а термин ти даваат за неверојатно 4-7 дена или ако има многу кандидати до 2-3 недели. За оние што имаат закажано интервју по старо, ги препраќаа во зградата спроти МП.
Инаку за гужва пред МП што да ви кажам, ниту 5% од она што беше порано. Додека бев таму имаше две групи од молдавија, едни што зборуваа албански и 2-3-ца македонци.
Ви посакувам на сите многу среќа и трпение, и што побргу да дојдете до указ.