За тоа дека потврдите не ги признаваат 100% никогаш немам пишувано, нормално е луѓе да земат и со потврда под одредени околности ама таа бројка како што кажав е минимална. Во 2016 г. се потпишани 12 900 укази, а во 2017 г. 3380 укази што е за 4 пати помалку и највеќе добиле со родител или со потекло. Македонци што добиле државјанства се САМО 1150 ДУШИ (2016г. биле 6200)!!! Да се потсетиме дека во почетокот на 2017 г. имаше измени во закон каде стрикно се бараат документи за докажување на потекло и не треба да сме многу паметни за да сфатиме кои поминуваат, а кои ги редат на дополнителна кога знаеме дека 90% од апликантите се само со потврда од клуб. Нормално дека има секакви случаи, со оригинални ама неуредни документи, разминување на податоци, изјавил различна народност од бугарска итн. и го ставиле на дополнителна или го одбиле.
За тоа дека поминуваат преку братучеди и вујковци/стриковци е тешка глупост, тоа и во ДАБЧ многу јасно си го пишува - В'СХОДЈАШТ што значи директна линија.
А дека се шират дезинформации тоа е повеќе од јасно. Прашајте ги од ВМРО-БНД дали даваат преку братучеди, ќе ви се смеат.
Друга работа, разбрав за двајца случаи преку ист посредник, без врски и без плаќање во ДАБЧ, едниот со потврда од клуб (100% бугарско село) зема произход после 1 година, другиот со стари документи зема за 4 месеци. ДАБЧ како што кажав и порано мое мислење, ги кочи произходите кои се според статистика зошто знае дека 90+% не ги признаваат во МП и се надеваше на промени на закон кои ги нема.
Политиката е иста. Ако има промени како што кукурикаат овде, тоа ќе стане јасно после месец/два. Чисто се сомневам.
Не брзајте со заклучоци, знаеме дека многу луѓе се лакоми за пари.